Редовна војска повторно?

  • Креатор на темата Креатор на темата SmokeTooMuch
  • Време на започнување Време на започнување
абе брачата одат војска да научат нешто,нашите да се втерат в кантина или на излез/бегство да се вдадат.....сеа види ти......
бате кој како ке се постави , точно имаше наши ги пракаат да работат ,мене не ми се деси тоа се поставив многу озбилно и пред старешини која беа брајча и пред брајча војници и не ми можеа ништо
 
Темава е основана пред да дојде Таљат миистер за одбрана. Како тоа сеа зовре кафето и претекло штом дошол Таљат, а пред тоа имаше турканици во касарниве за кој попрв да се пријави за отслужување? :eek:
 
Темава е основана пред да дојде Таљат миистер за одбрана. Како тоа сеа зовре кафето и претекло штом дошол Таљат, а пред тоа имаше турканици во касарниве за кој попрв да се пријави за отслужување? :eek:
Ama idejata e na Fatmir Besimi ;)

Da se bara izgovor.
 
Мислам дека веднаш после војната овој таљат беше заменик министер во истово ова министерство.
 
Мислам дека веднаш после војната овој таљат беше заменик министер во истово ова министерство.
Da. Sepak, Batali Talat.

Temata e za Smilkovci. Talat e politicka tema. A kajgana nema politika na forum, ne od toj direkten tip politika.


Tuku, ke se plati crkvata od cii pari? Ima ktitor koj ke ja plati celosnata suma, selanite ke sobiraat pari? Prasuvam deka me interesira dali ako trebaat pari od selanite, mozeme i nie da organizirame nekoja akcija za sobiranje sredstva, kolku, tolku da se dadat barem za edna kambana. Ima learnici i kaj nas. Ili za nesto?


Vechna im slava i pomen na decata i ribarot (koj gledam go podzaboravija vo napisite nasive "novinari").

Nase ostanuva sekako da pomogneme, da ne zaboravime i da pametime.

Oti, ne me sfakjajte gresno, koj za mec se fakja od mec ke zagine.
 
Биди војник за да ако треба да ја браниш државата,па да умреш поштено и на крај да ти се помочаат на гробот?Не фала.Ќе бидам терориста,за да ме назначат Министер.

Ајде, биди терорист и заслужи го своето министерско место. Иди и фрли 2-3 бомби низ собрание и влада, дигни ги у воздух.
 
Имав желба да идам да видам како е во војска, со уште двајца другари, чисто онака на дружба. Ама кога дојде терористава на чело. ми се одмили све
 
Имав желба да идам да видам како е во војска, со уште двајца другари, чисто онака на дружба. Ама кога дојде терористава на чело. ми се одмили све
Иди за себе да научиш нешто, нека не те боли к!р зса терористите ,највеќе за себе идеш во војска
 
Имав желба да идам да видам како е во војска, со уште двајца другари, чисто онака на дружба. Ама кога дојде терористава на чело. ми се одмили све
A Besimi ne bese UCK?
 
Неостварена желба ми е да служев војска и да пробам до каде ќе постигнам во една од единиците но за жал не успеав поради здравствени проблеми,ех да беше за време на Југославија се ќе собираа.
 
Luge temava ne sum ja razgledal dolgo vreme i ne znam koi se novite informacii okolu toa dali ke ima ili ke nema povtorno regrutna ARMIJA ako ima nekoj tocni i konkretni informacii neka pise:mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad:
 
Ministerot nema nikakva uloga vo vojna koa pretsedatelot e vrhoven komandant. Vo mirnovremeni uslovi ministerot e menadzer I ne e del od komandnata linija vo ARM. Glaven na ARM e NGS I toj see grizi za odrzuvanje na borbenata gotovnost na ARM. Edino sto moze da koci ministerot e da nedava pari za odredeni proekti..
 
Генералите бараат регрутите да се вратат во армијата

Пополнувањето со регрути на АРМ би се вршело со враќање на воената обврска и со тоа 15 отсто од активниот состав би бил составен од војници-регрути. Статистиките на државните институции покажале дека Македонија на годишно ниво има приближно 17.000 младинци, машки и женски, што полнат 18 години. Воениот рок би траел три месеци

20gARM-banskoliev-%28526%29.jpg


transparent.gif

ПО СЕДУМГОДИШЕН МОРАТОРИУМ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВОЕНА ОБВРСКА
Генералскиот врв на АРМ наскоро планира со подготвена студија да испорача документирана иницијатива до надлежните органи за откочување на законот за задолжителен воен рок, кој со мораториум од 2006 година е замрзнат. Врвот на македонската војска планира да ги убеди институциите по седумгодишна пауза да го активираат законот и да ги вратат регрутите, велат високи воени извори.

Генералите на АРМ, како што нѐ информираат нашите соговорници, за оваа идеја во најголем дел се поддржани од стручната и од научната јавност, како и од државните институции.

Барањето за одмрзнување на воената обврска потекна од пензионираните началници на Генералштабот и на Генералскиот клуб на Македонија, а му се спротивставија министерот за одбрана и некои експерти, оценувајќи го како промена на постојниот концепт на одбраната.

Македонија во 2006 година ја укина обврската граѓаните задолжително да служат воен рок, но остави можност за доброволно служење. Од тие регрути се пополнува редот на професионалните војници во АРМ, но воени извори велат дека тоа не е доволно. Во 1990-тите во просек годишно АРМ имаше по 13.000 регрути за кои се издвојуваа приближно 45 милиони евра. Откако се отфрли системот на регрутација, 13-те илјади регрути беа заменети со 4.700 професионални војници, 1.900 подофицери, 919 офицери и 364 цивилни лица што работат за потребите на армијата.

Безбедносни експерти сметаат дека е исклучително битно во државата да постои воената резерва, а таа во полна ефикасност се добива единствено со враќање на воената обврска за служење на воениот рок. Доколку се случи тоа, се прогнозира оти тоа би било корисно за АРМ и за државата.

Прво, дел професионални војници, наместо да си ја работат работата за која се обучени и платени, сега се армиски курири и чуваат стража на објекти, а активните војници (регрути) може многу полесно да ги преземат овие обврски. Ако би се вратила, задолжителната воена обврска би била полезна и за државата и за младите. Регрутите би научиле да ракуваат со оружје и да се одбранат, со што би се одржал рентабилен бројот на воени резервисти, а младите би развиле чувство за дружење, ред, дисциплина и за морал.

ВОЕН РОК ОД ТРИ МЕСЕЦИ ЗА СИТЕ

Пополнувањето со регрути, според размислувањето на оние што ја иницираат идејата, би се вршело со враќање на воената обврска и со тоа 15 отсто од активниот состав би бил составен од војници-регрути. Статистиките на државните институции покажале дека Македонија на годишно ниво има приближно 17.000 младинци, машки и женски, што полнат 18 години. Воениот рок би траел три месеци, а жените би служеле доброволно. Тоа значи дека за една година низ единиците на АРМ би поминале неколку илјади војници.
Во текот на годината би служеле три генерации или три контингенти по три месеци. Помеѓу секоја генерација би постоела пауза од еден месец за подготовки.

Регрутите би минале низ основна војничка обука, а потоа би се распоредувале во гарнизоните според потребите, но најголемиот дел редовни војници би се распоредувале во пешадиските и логистичките единици, како дополнување на единиците со професионален состав, и би биле дел од вкупната бројка на активниот состав. Додека се на отслужување на воениот рок, регрутите не би можеле да учествуваат во мировните операции, но таа можност ќе ја имаат кога ќе бидат дел од активната резерва.

Меѓудругото задача на војниците би била да вршат логистичко обезбедување за активностите.

ЌЕ СЕ НАМАЛАТ И ТРОШОциТЕ

Досегашните анализи на Генералштабот на АРМ покажале дека со ангажирањето на војниците за отслужување воен рок на овие задачи би се постигнала најголема економска исплатливост.

Регрутите се поевтини стражари, а со ангажирање на овие војници на отслужување воен рок, „цената“ на стражата би била многу пониска. За еден професионален војник, кој е ангажиран на стража, се плаќа за храна, униформа, редовна плата, дневници и слободен ден. „Обичниот“ војник, пак, ја чини армијата трошоци за храна, униформа и редовна војничка плата, која е симболична.

Упатените тврдат дека овој чекор ќе помогне да се намалат трошоците што сега ги имаме за обезбедување на објектите и издатоците што би се направиле со вработување дополнителен број професионални војници за потребите за логистиката. Од досегашните анализи што ги има направено армијата, трошоците на годишно ниво за еден редовен војник изнесуваат 157.000 денари наспроти 367.000 денари за професионален војник.
Колку чини еден војник годишно
  • Регрут-доброволец - 157.000 денари
  • Професионалец- 367.000 денари
(утре: Армијата ќе ги зближи регрутите Македонци и Албанци) (жими ку.от)

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3211383653&id=9&prilog=0&setIzdanie=22835
 
Мислам дека одговорот би гласел и овој пат:
"За иницијативата за враќање на регрутниот состав во Македонија, министерот Фатмир Бесими Талат Џафери дециден дека за каква било промена во таа насока мора да се направи длабока анализа и политичка проценка, како и претходни консултации со НАТО.":icon_lol:
 



АРМ ќе ги зближи регрутите од различни етнички заедници



Стручната јавност е едногласна дека, доколку за една година низ единиците на АРМ „поминат“ неколку илјади млади регрути, тие во своите единици ќе научат да се дружат, да ги надминат меѓуетничките разлики, но и да го развијат чувството за лојалност кон татковината, дисциплина, ред и поредок

arm-vojnici-D-Andonovski-%281[1].jpg


transparent.gif

Има опција и за цивилно служење војска за граѓаните, кои од верски или други причини не сакаат да служат редовно во армијата
Што носи враќањето на воената обврска
Служењето во војската може да ги зближи младите од сите етнички заедници во државата, да го зголеми патриотизмот, да го издигне моралот во општеството, но и да се развие чувството за лојалност, дисциплина и ред меѓу регрутите. Ова е размислувањето на експерти по прашањето што ќе донесе за државата иницијативата на челниците на АРМ за враќање на задолжителното служење на воениот рок, практика што беше прекината во 2006 година.

Регрутирањето лица во војската, според оние што ја иницираат идејата, би се вршело со враќање на воената обврска. Оттука, 15 отсто од активниот состав би бил составен од војници-регрути. Воениот рок би траел три месеци, а жените би служеле доброволно.
Регрутите би минале низ основна обука за војници, а потоа би се распоредувале во гарнизоните според потребите. Најголемиот дел редовни војници би се распоредувале во пешадиските и во логистичките единици, како дополнување на единиците со професионален состав, и би биле дел од вкупната бројка на активниот состав. Меѓу другото, има опција и за цивилно служење војска за граѓаните, кои од верски или други причини не сакаат да служат редовно во армијата.

АРМ го негува духот на соработка

Универзитетскиот професор, социологот Ѓорѓи Тоновски, посочува дека, ако навистина би се вратила задолжителната воена обврска, таа на неколку начини би била корисна и за државата и за младината.

- Служејќи заедно во една институција како што е армијата, младите од различни етнички заедници, сакале или не, ќе се научат да се дружат и меѓусебно да се почитуваат - вели професорот.

Тој објаснува дека АРМ важи за институција со најголема социолошка и политичка тежина во Македонија, а војската во својата основа има вредности што го негуваат токму духот на заедништвото, соработката и компромисот.

- Верувам дека со овој чекор сите оние младинци што ќе облечат униформа во иднина ќе влезат во една нова фаза на животот, која природно доаѓа по завршувањето на средното образование. Регрутите со самото приклучување во армијата, автоматски би се идентификувале полесно меѓу себе и би се зближиле со преостанатите врсници, кои се од различни етнички групи. Овие млади во касарните со сигурност ќе мораат да научат како да соработуваат меѓу себе. Токму поради тоа јас сум убеден во овој мој позитивен став кон оваа иницијатива. За ова судам според моето лично искуство и какви спомени носам од времето кога го служев својот воен рок - резимира Тоновски.

По примерот на Израел

На иста линија со професорот Тоновски е и психотерапевтот Мирјана Стојановска- Јовановска. Таа истакнува дека воената обврска треба еднакво да важи и за младината и од двата пола, бидејќи кај нив армијата со сигурност ќе даде чувството за лојалност кон својата татковината, чувството за дисциплина, ред и поредок.

- Досега неколкупати имав можност да го посетам Израел и да престојувам подолго или пократко во оваа земја. Од она што го видов таму морам да кажам дека армијата можеби е и главниот линк меѓу актерите во општеството, кој ги тера граѓаните да ги надминат своите меѓусебни недоразбирања и да научат да си ја сакаат својата држава - вели Стојановска-Јовановска.

Таа смета дека младите луѓе, без разлика на полот и припадноста, доколку станат дел од армијата, тие би изградиле во себе обврска за бранење на татковината и култ кон патриотизмот.

- Ако бранењето на државата го доживуваш лично преку армијата, ти потоа во себе, додека си жив, ќе сакаш да си ја чуваш својата земја - вели психотерапевтот.

Стојановска-Јовановска е децидна дека војничкиот живот кај секој наш млад граѓанин може да изгради извонредни карактерни вредности, како издржливост, упорност и истрајност.

- Се сеќавам дека токму ваквите вредности беа добро вреднувани во војниците во поранешна Југославија и тоа беше правено многу успешно од тогашните власти. Па, токму поради овие вредности самите регрути беа многу почитувани од сограѓаните, бидејќи секој војник поединечно за сите нас ги претставуваше токму овие позитивни вредности - вели Стојановска-Јовановска.

Таа истакнува дека овие особини, ако успешно се втемелат во умот на една млада личност, ние како држава сме успеале да ги избришеме недовербата, меѓуетничката омраза и нетрпеливоста во Македонија.

- За време на армиските воени вежби меѓу војниците по дефиниција се формираат тесни меѓусебни врски - заклучува таа.

(утре: Регрутниот систем во Македонија и светот)


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32213859269&id=9&prilog=0&setIzdanie=22836

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom