патување во времето, стопирање на времето..
Еве моја теорија и замисла, која мислам дека е реална но е невозможна да се изведе. Целиот универзум е составен од материја, енергија, разни лестички, антиматериии и што ли уште не. Сите тие нон стоп вршат некое дејство. Пример честичките се во постојано движење, на земјата на пример органските супстаниции без престан се реактанти и вршат реакции. Се се движи, дури и да мирува нешто, па друго нешто не мирува. Не знам дали ме сваќате до овде што сакам да кажа. Мислам со секое поместување на честичка, предавање или претварање на енергија нешто се менува и така тече времето. Време то според мене не е четврта димензија туку е само резултат на работењето на универзумот и неговите атоми. Е сега за сопирање на времето мислам дека би било можно само еден начин. Да се сопре секое дејство во целиот универзум односно да настане тотален СТОП на се. Тоа е невозможно да се изведе и направи според мене но размислете доколку ништо не се случува и не се променува односно останува исто времето нема да тече.
За враќање е истата работа само да се вратат истите едјства по истите патеки и истите случувања да се врат назат со тоа што се ќе се врати исто како што било. Еве пример. Некое цвеќе нели зема вода и минерали од земјата и собира сончева енергија, со тоа расте се развива и старее. Замислете да може да се направи цвеќе кое тоа го вршело 2 недели да се поврати односно водата и минералите да се вратат во земјата по редоследот по кој дошле, реакцииите што се случувале со растењето и развивањето на цвеќето да се повртат, да ја врати сончевата енергија што ја примало, да се врати ветерот што го дувал и честичките во воздухот што дејствувале на него. Ако сето тоа успее да се врати по точно истиот редослед по кој се случило според мојата теорија мислам дека цвеќето ќе се подмлади и ќе биде како што било точно како пред две недели.
Сето ова е според моите знаења од физиката и хемијата, а дека е некоја друга димензија или со некои телепорти да се вратиме во времето ми е некако премногу сајнс фикшн.
Ако сака некој да продискутираме за мојата теорија, дали некаде грешам итн.