Задолжително гласање: За или Против?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Задолжително гласање?


  • Вкупно гласачи
    180
Како бе застарени муабети? Е па нека стават забрана за студирање воопшто, забрана за гласање, забрана за излагање во сабота навечер, па да видиш дали ќе ти делуваат “застарени“ муабетите. Слобода на избор било застарен муабет. Да има временска машина, па да те вратиме во времето на Сталин и Хитлер, па да видиш колку ќе ти изгледаат застарени муабетите.
Па има избори кои не се мои, ама изборот дали ќе гласам или не - треба да биде мој. Дали ќе излезам и ќе одберам политичка опција/поништам ливчето или ќе останам дома е право на избор. Ако ти сакаш да одиш и да поништуваш ливчиња или да гласаш за некој, не значи дека сите тоа го сакаат.
Да. Баш да. Дури и кога многумина пробуваа да ме разубедат, јас си го истерав моето и си го запишав факултетот што го сакав.


Дај да бидеме реални, правото на избор постои, и се однесува на одлуки кои го засегаат нашиот ситен живот. „Мое право е да излезам да гласам“ - твое е, да. А, после не чини власта, не чини опозицијата, во каква глупа држава живееме, а ние всушност и ништо не сме направиле бидејќи не сме ни излегле на гласање бидејќи изборот бил наш да излеземе. Епа, тие што излегле си ја одбрале партијата на власт, нив можеби им одговара. Те сфаќам, изборот е наш дали ќе излеземе или не, ама со тоа го губиме и правото да се буниме ако не ни одговара постизборната ситуација.
За изборот на факултет, браво за тебе. Камо среќа да можеа истото да го речат останатите 90% од студентите, ама ова е веќе секако вон темата.
 
Не е битно зошто излегле, битно излегле и си го кажале своето. Поништување на ливче е исто така избор.
Некои не излегле зошто не сакале или не можеле.
Како и да е, секој си направил свој избор во врска со тоа.
Па значи цела македонија излегла на гласање...
20% (што се многу повеќе) не биле во можност да излезат на гласање бидејќи се на печалба надвор од Македонија.
10% да земем дека имале некаква обврска.
10% се разочарани,седат дома и мислат дека со незлегување на гласање ќе го искажат својот ревлот.

МОЕ МОСЛЕЊЕ е дека 60% е нереален процент,процентот е многу помал.Вакви бројки се дадени бидејќи ЕУ го бара тоа.
 
Не ми е јасно зошто 90% се против? Кој нормален човек би гласал против за задолжително гласање? Многу ме интересира вашата логика, вашата филозофија за овој проблем.. Што ке постигнете ако не гласате? Искажување на револт? Против сегашните политичари. Па тој револт не се постигнува со не гласање, тој револт се искажува на улица.
Дали вие знаете дека неискористените ливчиња лесно се манипулираат? Дали знаете во нашава банана држава дека 50 % од неискористените ливчиња одат за нечии кандидати во играта за власт?
Никој вас нема да ве повреди и нема да ве казни со глоба ако излезете да гласате, 5 минути работа. Излезете, па ако сте толку револтирани од нашите политички играчи ставете си нов кандидат на пример Чак Норис, или шкртајте или било што. Никој нема да ви одземе никакво право.

Прочитав некое мислење дека додека не рекол некој дека нема да лаже и краде тогаш ќе гласал.. Озбилно? Крајно не ја сфаќам вашата логика..
--- надополнето: 20 март 2013 во 16:48 ---
Ако сум принудена да гласам, тогаш каде е правото на слобода, онака основното право во демократијата?
Што ако воопшто не се согласувам со политичкиот систем и со ниту една од идеологиите на партиите? Што ако сум комунист, а таква партија не постои?

Ќе излезеш на гласање. Ке го поништиш ливчето. Има некои креативни изборни ливчиња од претходните избори или од други држави кои може да ти побудат фантазија ама ме мрзи да ги барам. Лавината од неважечки ливчиња ќе предизвика медиумска реакција, светска реакција. Така ќе го искажеш своето барање и револт. Со избегнување на гласањето нема да постигнеш АПСОЛУТНО ништо.
 
Гласање ДА , ама у држава со нормални партии кои целта им е развивање на опшетсвото и подобрување на животот на граѓаните.

За овие гомна шо се нудат сеа ни непомислувам боја од пенкало да трошам ...
 
Веројатно не е лошо да се воведе и систем како во Америка. Тие што имаат намера да гласаат да се пријавуваат унапред дека сакаат да излезат на избори и да го искористат правото на глас. На тој начин бројот на лифчињата и луѓето на список ќе биде поограничен па ќе се намали можноста за фасификат.
 
Гласање ДА , ама у држава со нормални партии кои целта им е развивање на опшетсвото и подобрување на животот на граѓаните.

За овие гомна шо се нудат сеа ни непомислувам боја од пенкало да трошам ...

Покажи им што знаеш! Не гласај! Ќе видат тие!

Е ова:
Што ке постигнете ако не гласате? Искажување на револт? Против сегашните политичари. Па тој револт не се постигнува со не гласање...
Дали вие знаете дека неискористените ливчиња лесно се манипулираат? Дали знаете во нашава банана држава дека 50 % од неискористените ливчиња одат за нечии кандидати во играта за власт?
 
Треба да биде задолжително гласањето во Македонија, од 2 причини:

1. За да се спречи изборен фалсификат;

и

2. За да го искористат Македонците правото на глас, факт е тоа дека изборите се одржуваат во недела кога секој има испланирано што ќе прави, а гласачкиот процес ќе им одземе само неколку минути од денот, а истиот тој гласачки процес се случува еднаш на секои 4 години при редовни локални избори и при редовни парламентарни избори, како и еднаш на секои 5 години при редовни претседателски избори, додека викендот се случува во 6-от и во 7-от ден од секоја недела од годината, а не еднаш на секои 4 или 5 години.
 
Аман бре со ова изборите, едвај чекам да дојде 24 и да прекинат ова изборите. Вклучи телевизија и веднаш го даваат Груевски како ветува 10.112 нови проекти од кој ниту 12 нема да бидат направени. Ми се скурчи веќе, не ме интересира ниту кој ќе победи, а ниту кој ќе изгуби.

Да не бидам офтопик со мислењево да напишам нешто и во врска со темава. Против задолжителното гласање, секој си има свој живот, свое право и ако сака гласа сака не никој не смее да му наредува.
 
Треба да биде задолжително гласањето во Македонија, од 2 причини:

1. За да се спречи изборен фалсификат;

и

2. За да го искористат Македонците правото на глас, факт е тоа дека изборите се одржуваат во недела кога секој има испланирано што ќе прави, а гласачкиот процес ќе им одземе само неколку минути од денот, а истиот тој гласачки процес се случува еднаш на секои 4 години при редовни локални избори и при редовни парламентарни избори, како и еднаш на секои 5 години при редовни претседателски избори, додека викендот се случува во 6-от и во 7-от ден од секоја недела од годината, а не еднаш на секои 4 или 5 години.
1. Треба луѓе за "Бугарскиот воз".
2. Мое право е како јас ќе си го искористам моето време.Макар била и една секунда од мојот живот.
 
Покажи им што знаеш! Не гласај! Ќе видат тие!

Е ова:

А кој рекол дкеа нема да излезма да гласам :)
Ја ќе излезма , ама на ливчето нема да заокружам никој , ќе си гласам за Лук Скајвокер
 
Уште чекам факти кои ке ме побијат.. еден тон гласови а мал број на мислења.

Образложете ги вашите мислења. Твое е правото што ќе правиш, да, ама која е твојата ЦЕЛ? Ќе ги заебеш, ќе им наштетиш ако не гласаш?

Да знаете, дека ако му одговараше на некој ПОЛИТИЧАР да го усвои овој закон, досега ќе беше веќе изгласан и ќе мораше сите да гласаат. Нив им одговара ваква своеглава маса на луѓе кои мислат дека ќе го променат системот со избегнување на гласање. Размислете малце.
 
А кој рекол дкеа нема да излезма да гласам :)
Ја ќе излезма , ама на ливчето нема да заокружам никој , ќе си гласам за Лук Скајвокер
Види, ако немаш интерес некој за да гласаш и твојот глас да значи нешто, не излегувај. Можно е да се случи да пропаднат изборите и да се создаде ситуација во која би можел да имаш интерес. Вака дали ќе гласиш за Лук или за Чак , сеедно е. Ти гласаш за опицјата која има мнозинство гласови.Чисто онака хипотетички.;)

Образложете ги вашите мислења. Твое е правото што ќе правиш, да, ама која е твојата ЦЕЛ? Ќе ги заебеш, ќе им наштетиш ако не гласаш?

Ова погоре бато.
 
Сталкерот напиша:
Ова погоре бато.

Тоа бато, би функционирало ако сме во нормална држава. Во историјата на Македонија јас не памтам да се поништат избори заради мањак на излезеност. И да има мал број на излезеност, ќе профункционира фалсификувањето и крај.
 
Види, ако немаш интерес некој за да гласаш и твојот глас да значи нешто, не излегувај. Можно е да се случи да пропаднат изборите и да се создаде ситуација во која би можел да имаш интерес. Вака дали ќе гласиш за Лук или за Чак , сеедно е. Ти гласаш за опицјата која има мнозинство гласови.Чисто онака хипотетички.;)

Се наоѓаме во Македонија. Каде во името на твојот глас гласа некој друг.
Чисто онака хипотетички.
 
Мене малку ми е спорно што со тие луѓе кои неможат да излезат на гласање заради разни оправдани причини а и со луѓево што живеат и работат по странство. Ќе треба доказни материјали да се носат за да нема казни на пример потврда од матичар дека дека у недалата си правел свадба и дека си бил оневозможен да гласаш или дека си бил болен со потпис од три специјалисти, потврда од фирма дека си бил на службен пат итн. Ама закон е закон и мора да се почитува доколку не е против уставен, и даноци плаќаме за да функционира државава што нас не ни одговара ама мора, така и со овој закон доколку се најде државата во ситуација да неможе да обезбеди цензус ќе си донесе ваков закон и ние сакале нејќеле ќе си го почитуваме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom