- Член од
- 19 август 2010
- Мислења
- 975
- Поени од реакции
- 1.890
Како бе застарени муабети? Е па нека стават забрана за студирање воопшто, забрана за гласање, забрана за излагање во сабота навечер, па да видиш дали ќе ти делуваат “застарени“ муабетите. Слобода на избор било застарен муабет. Да има временска машина, па да те вратиме во времето на Сталин и Хитлер, па да видиш колку ќе ти изгледаат застарени муабетите.
Па има избори кои не се мои, ама изборот дали ќе гласам или не - треба да биде мој. Дали ќе излезам и ќе одберам политичка опција/поништам ливчето или ќе останам дома е право на избор. Ако ти сакаш да одиш и да поништуваш ливчиња или да гласаш за некој, не значи дека сите тоа го сакаат.
Да. Баш да. Дури и кога многумина пробуваа да ме разубедат, јас си го истерав моето и си го запишав факултетот што го сакав.
Дај да бидеме реални, правото на избор постои, и се однесува на одлуки кои го засегаат нашиот ситен живот. „Мое право е да излезам да гласам“ - твое е, да. А, после не чини власта, не чини опозицијата, во каква глупа држава живееме, а ние всушност и ништо не сме направиле бидејќи не сме ни излегле на гласање бидејќи изборот бил наш да излеземе. Епа, тие што излегле си ја одбрале партијата на власт, нив можеби им одговара. Те сфаќам, изборот е наш дали ќе излеземе или не, ама со тоа го губиме и правото да се буниме ако не ни одговара постизборната ситуација.
За изборот на факултет, браво за тебе. Камо среќа да можеа истото да го речат останатите 90% од студентите, ама ова е веќе секако вон темата.