Теза, анти-теза па синтеза....‘воа од Хегела беше, така?
Е, ама во Црквата, не поминуе...
--- надополнето: 18 март 2013 во 15:08 ---
Црквата е Тело Христово,. а Христос Е глава на Црквата: Христос и Црквата се непосредно врзани.
И сеа, што везе има што сме раздвоени 20, 50 или 1380 години?
--- надополнето: 18 март 2013 во 15:16 ---
Болтуваната реченица е дел од Симболот од верата, познат и како никео-цариградски Симбол.
Што се случува по смртта со човекот, не е едноставно да се објасни, оти тоа пред се‘ зависи од праведноста или неправедноста која душата ја стекнала во овој живот., живеејќи Богоугодно или порочно.
Накратко: по смртта, душата 2 дена престојува на Земјава, посетувајќи одредени места; на 3-от ден, душата му се поклонува на Христа Бога; до деветиот ден, душата ги посетува рајските предели; на 9-от ден, душата по втор пат Му се поклонува на Христа; до 40-от ден, душата ги поминува т.н. митарства, на кои душата, со помош од ангелот-пазител, треба да даде отчет за она кое го чинела во својот живот а за што душата ќе биде клеветена од демоните; на 40-от ден, душата по 3 пат Му се поклонува на Христа и од Него добива привремена одредба: Рај или пекол, зависно од Христовата одлука и од делата кои душата ги чинела, и таа привремена одредба трае се‘ до Страшниот Христов Суд, на Неговото второ доаѓање.
miki1 малце повеќе ми образложи за тоа што ме интересираше,но од каде ти се овие информации.зошто во библијата не пишува за ова.Според учењето на Светото Писмо, кога Христос ќе се врати, Тој ќе ги воскресне мртвите (сите починати, и покајаните и непокајаните). Потоа ќе следи „Судниот Ден“ што ќе биде проследен со серија судови. Еден суд ќе одлучи кој ќе наследи живот вечен. Оние кои се покајале и Го прифатиле Христос за свој Спасител и Господ се поштедени од овој суд (затоа што Христос на крстот ја плати казната за нивните гревови) и директно идат на вториот суд каде што ќе се оценуваат делата и неделата на луѓето и ќе бидат давани признанија, награди, каде што ќе бидат поништувани некое сумјиви дела или дела направени со лоши мотиви, каде што многумина први ќе бидат последни, а последни - први.
Христијаните го чекаат овој момент, затоа што тогаш ќе биде задоволена правдата, тогаш ќе им биде ставено крај на смртта, злото, страдањето, болестите итн., ќе добијат вечни нераспадливи тела.
Околу тоа што се случува во периодот по смртта на човекот до воскресението на телото не е баш најјасно опишано во Светото Писмо, а и не ме интересирало многу за да проучувам. Католиците ќе ти кажуваат дека има некакви чистилишта, православните ќе ти кажуваат дека има одредени митарства каде што душата ги подмитува демоните и други слични бабини деветини. Можам само да ти кажам дека тоа нема допирни точки со учењето на Светото Писмо.
Едноставно мртвите не се мртви по нивната смрт така и не чекаат крајот на светот,туку веднаш им се суди?
Сепак фала на одговорите Мики1 и Чорбаџија.