Прашање за Христијанството III

Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Теза, анти-теза па синтеза....‘воа од Хегела беше, така?
Е, ама во Црквата, не поминуе...
--- надополнето: 18 март 2013 во 15:08 ---

Црквата е Тело Христово,. а Христос Е глава на Црквата: Христос и Црквата се непосредно врзани.
И сеа, што везе има што сме раздвоени 20, 50 или 1380 години?
--- надополнето: 18 март 2013 во 15:16 ---

Болтуваната реченица е дел од Симболот од верата, познат и како никео-цариградски Симбол.

Што се случува по смртта со човекот, не е едноставно да се објасни, оти тоа пред се‘ зависи од праведноста или неправедноста која душата ја стекнала во овој живот., живеејќи Богоугодно или порочно.

Накратко: по смртта, душата 2 дена престојува на Земјава, посетувајќи одредени места; на 3-от ден, душата му се поклонува на Христа Бога; до деветиот ден, душата ги посетува рајските предели; на 9-от ден, душата по втор пат Му се поклонува на Христа; до 40-от ден, душата ги поминува т.н. митарства, на кои душата, со помош од ангелот-пазител, треба да даде отчет за она кое го чинела во својот живот а за што душата ќе биде клеветена од демоните; на 40-от ден, душата по 3 пат Му се поклонува на Христа и од Него добива привремена одредба: Рај или пекол, зависно од Христовата одлука и од делата кои душата ги чинела, и таа привремена одредба трае се‘ до Страшниот Христов Суд, на Неговото второ доаѓање.
Според учењето на Светото Писмо, кога Христос ќе се врати, Тој ќе ги воскресне мртвите (сите починати, и покајаните и непокајаните). Потоа ќе следи „Судниот Ден“ што ќе биде проследен со серија судови. Еден суд ќе одлучи кој ќе наследи живот вечен. Оние кои се покајале и Го прифатиле Христос за свој Спасител и Господ се поштедени од овој суд (затоа што Христос на крстот ја плати казната за нивните гревови) и директно идат на вториот суд каде што ќе се оценуваат делата и неделата на луѓето и ќе бидат давани признанија, награди, каде што ќе бидат поништувани некое сумјиви дела или дела направени со лоши мотиви, каде што многумина први ќе бидат последни, а последни - први.

Христијаните го чекаат овој момент, затоа што тогаш ќе биде задоволена правдата, тогаш ќе им биде ставено крај на смртта, злото, страдањето, болестите итн., ќе добијат вечни нераспадливи тела.

Околу тоа што се случува во периодот по смртта на човекот до воскресението на телото не е баш најјасно опишано во Светото Писмо, а и не ме интересирало многу за да проучувам. Католиците ќе ти кажуваат дека има некакви чистилишта, православните ќе ти кажуваат дека има одредени митарства каде што душата ги подмитува демоните и други слични бабини деветини. Можам само да ти кажам дека тоа нема допирни точки со учењето на Светото Писмо.
miki1 малце повеќе ми образложи за тоа што ме интересираше,но од каде ти се овие информации.зошто во библијата не пишува за ова.
Едноставно мртвите не се мртви по нивната смрт така и не чекаат крајот на светот,туку веднаш им се суди?
Сепак фала на одговорите Мики1 и Чорбаџија.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Едноставно мртвите не се мртви по нивната смрт така и не чекаат крајот на светот,туку веднаш им се суди?
Да, мртвите не се мртви во следна смисла: душата се одвојува од телото, кое е распадливо и смртно, а душата, бидејќи е (условно) бесмртна, бидува земена од ангелот-пресретнувач и од ангелот-пазител, кој му се одредува на секој кој е крстен и така, душата која е водена од ангелите, ги минува наведените места.

По привременото одредиште за душата: Рај или пекол, душата го исчекува второто Христово доаѓање, оти на првото/поединечното судење, Христос и‘ суди само на душата, а на Страшниот Суд, Христос ќе му суди и на телото (кое ќе воскресне) заедно со душата, која ќе се врати во воскреснатото тело.
--- надополнето: 18 март 2013 во 15:59 ---
miki1 малце повеќе ми образложи за тоа што ме интересираше,но од каде ти се овие информации.зошто во библијата не пишува за ова.
.
Најдетални описи за состојбата од човековата душа по смртта, можеш да најдеш во книгата „Душата по смртта„ од американскиот монах, блажениот Серафим, и во книгата „Голем е Бог„ од романскиот мохан Клеопа, , преведени и на македонски јазик.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Еден висок црковен достојник, кој се вика(ше) отец Александар Мењ, русин, на кого не му е дадена никаква достојност од Црквата, кој е убиен 1990-тата, велеше дека еволуцијата постои, дека римо-католичката Црква не е отпадната и дека „над природните„ способности, кои ги имаат одредени поединци, биле плод од благадатта од „светиот дух„ ( :confused:).

И сеа, ако се поведам по Твојава логика, со повикување на мненија од поединци, кои не се прифатени па и спротивни на учењето од Црквата, ја‘ батка, сега ќе пишував пофални постој за еволуцијата, за папите, за екстра-сенсите, за био-енерегетичарите, за видовитите, за астролозите и за сите оние кои се под силно демонско влијание....

Така, можеш до смрт да си прајш бајрам со умо‘ и да се повикуваш на ставови од поединци, кои Црквата/заедницата не ги прифаќа за свои.
Добро Мики, еве ти си во право, писмото е тоа од бога дадено Исус ни го донесе законот нов ни даде напаствија како и што да правиме и што да очекуваме, црквата е тука да го чува и следи тој пат (твојата е оригиналната), се расправаме овде со теории ај малце пракса

Мики дај ми 500 евра

30 Дај му на секој, кој бара од тебе. И не барај го назад твоето од оној, кој зема од тебе.
Лука 6
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Добро Мики, еве ти си во право, писмото е тоа од бога дадено Исус ни го донесе законот нов ни даде напаствија како и што да правиме и што да очекуваме, црквата е тука да го чува и следи тој пат (твојата е оригиналната), се расправаме овде со теории ај малце пракса

Мики дај ми 500 евра

30 Дај му на секој, кој бара од тебе. И не барај го назад твоето од оној, кој зема од тебе.
Лука 6
Let,

Ти си надвор од Црквата, што значи и последен лик на кого би му дал 500 Евра. Плус, заем му се дава на оној кој навистина нема за гол живот, а не на оној кој аздисува за имање и кој купува дигитални фото-апарати за најмалку 500 Евра...:icon_lol:

За мојата дарежливост пак, без никакви услови и без враќање, постојат живи сведоци.
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
За мојата дарежливост пак, без никакви услови и без враќање, постојат живи сведоци.
Ova ne me bendisuva. Spored Islamot seta taa darezlivost po voda ti otide,ako za darezlivosta svedoci beris po tebe i vaka kazuvas....ne vredi ni kolku edna urma da e planina so zlato.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Let,

Ти си надвор од Црквата, што значи и последен лик на кого би му дал 500 Евра. Плус, заем му се дава на оној кој навистина нема за гол живот, а не на оној кој аздисува за имање и кој купува дигитални фото-апарати за најмалку 500 Евра...:icon_lol:

За мојата дарежливост пак, без никакви услови и без враќање, постојат живи сведоци.
Еве јас сум сведок дека не даваш, башка не пиши во писмото “дај му на православен“ ниту пиши “дај му на тој што нема“ вели дај му на СЕКОЈ кој бара од тебе , ете ми требаат итно 500 евра - не планирам да ги враќам ете за здравствени потреби ми требаат - ќе ми даиш Мики ?
Или обожавањето на парите ти е појако од обожавање на Исуса?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ova ne me bendisuva. Spored Islamot seta taa darezlivost po voda ti otide,ako za darezlivosta svedoci beris po tebe i vaka kazuvas....ne vredi ni kolku edna urma da e planina so zlato.
Се согласувам со Тебе (невероватно,а?...:icon_lol:): дарежливоста не е тема со која верникот треба да се фали па мојата намера не беше самопофална, туку беше одговор на цитатот кој Let3 го постави во неговиот последен пост.

Точно: самопофалбата ги урива сите веќе сторени добри дела.
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Се согласувам со Тебе (невероватно,а?...:icon_lol:): дарежливоста не е тема со која верникот треба да се фали па мојата намера не беше самопофална, туку беше одговор на цитатот кој Let3 го постави во неговиот последен пост.

Точно: самопофалбата ги урива сите веќе сторени добри дела.
MIKI koga bi razgovarale jas i ti za nasite bliski raboti,ke vidis deka ova e naj malku neverovatno. Tuka zboruvame za ona sto ne se slozuvame a poveke se raboti za koi se slozuvame.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Еве јас сум сведок дека не даваш, башка не пиши во писмото “дај му на православен“ ниту пиши “дај му на тој што нема“ вели дај му на СЕКОЈ кој бара од тебе , ете ми требаат итно 500 евра - не планирам да ги враќам ете за здравствени потреби ми требаат - ќе ми даиш Мики ?
Или обожавањето на парите ти е појако од обожавање на Исуса?
Исус Е Бог и Него можам да Го обожувам.
Парите не се бог и нив не можам да ги обожувам.
Тебе лично не Те познавам па немам ни обврска да Ти да‘ам 500 Евра...

Поимот “секој„ не е безусловен...Замисли ситуација, наркос, кој може да биде „секој„, од мене бара 500 Евра за да отиде „хај„ а ја‘, верски обврзан, треба да му да‘ам пари за да може наркосот да се досамоубие...Кај е тука логиката од дарежливоста?
--- надополнето: 18 март 2013 во 16:25 ---
Tuka zboruvame za ona sto ne se slozuvame a poveke se raboti za koi se slozuvame.
Тоа, може!...(y)
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Поимот “секој„ не е безусловен...Замисли ситуација, наркос, кој може да биде „секој„, од мене бара 500 Евра за да отиде „хај„ а ја‘, верски обврзан, треба да му да‘ам пари за да може наркосот да се досамоубие...Кај е тука логиката од дарежливоста?
--- надополнето: 18 март 2013 во 16:25 ---
Tokmu toa e problem. Bezuslovno "sekoj" ne e vo vaseto tumacenje no vo citatot e bezuslovno. Pisuva na SEKOJ da mu dades.
Eve vo Islamot jasno se znae i jasno pisuva,potencirano deka na narkos ili na nekoj koj ke gi zloupotrebi ne im se dava. Zatoa velime deka Biblijata vo praksa ne e sprovedliva.
Ne veruvam ni deka bi sedel nekoj da te samara po obrazi.
Nema kaj nas: "Ako ti go zeme nekoj paltoto daj mu gi i corapite"
Kaj nas e ako nekoj ti go pobara. A ako nekoj mi dojde so sila nesto da mi zeme ili uzurpira,od mene se bara da se branam.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Исус Е Бог и Него можам да Го обожувам.
Парите не се бог и нив не можам да ги обожувам.
Тебе лично не Те познавам па немам ни обврска да Ти да‘ам 500 Евра...

Поимот “секој„ не е безусловен...Замисли ситуација, наркос, кој може да биде „секој„, од мене бара 500 Евра за да отиде „хај„ а ја‘, верски обврзан, треба да му да‘ам пари за да може наркосот да се досамоубие...Кај е тука логиката од дарежливоста?
--- надополнето: 18 март 2013 во 16:25 ---

Тоа, може!...(y)
Може мики секој да ти бара, не е поентата да се замислуваш ти секакви ситуации туку да следиш речта божја и исусова, тоа е и целта на христијанството, да го отфрлиш како безначаен и безвреден овој свет да се спремиш и заслужиш за вечниот живот на оној свет. И наркоман и алкохоличар и убиец сите ќе плаќаат своите гревови на оној свет. Тука не е битно ништо освен верба и служење на бога, овој свет за што ти служи мики? за богатење, или за припрема за животот вечен, живот вечен не е посно гравче и риба в петок, отвори библија и читај, 500 евра ти се многу за живот вечен? ќе му речеш НЕ на исусоовите зборови , си ги стуткал парите во новчаниок мики хахахахаха слатки се овоземните уживања и радости, не се откажуваш од нив ни за Христа бога :D, Мики ... многу се 500 евра бе... да намалиме на 200? вреди ли 200 евра Исусовиот збор
Ах вакви верници на “оригинална единствена сесоборна апостолска црква“
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Tokmu toa e problem. Bezuslovno "sekoj" ne e vo vaseto tumacenje no vo citatot e bezuslovno. Pisuva na SEKOJ da mu dades.
Eve vo Islamot jasno se znae i jasno pisuva,potencirano deka na narkos ili na nekoj koj ke gi zloupotrebi ne im se dava. Zatoa velime deka Biblijata vo praksa ne e sprovedliva.
Ne veruvam ni deka bi sedel nekoj da te samara po obrazi.
Nema kaj nas: "Ako ti go zeme nekoj paltoto daj mu gi i corapite"
Kaj nas e ako nekoj ti go pobara. A ako nekoj mi dojde so sila nesto da mi zeme ili uzurpira,od mene se bara da se branam.
Во мојата вера, секој е може да ми биде „секој„. Затоа и велам дека поимот „секој„ е условен, т.е. тој „секој„ може да ми биде само оној кој ми е ближен по некој основ, а не буквално секој/секого кого можам да го сретнам на улица.

Плус, дарежливоста од верните не се сведува на давање на се‘ што некому ќе му текне или ќе му притреба, оти со тоа бесконечно давање, можам и самиот да станам клошар, давајќи без мерка, и кој е крајниот резултат?...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Плус, дарежливоста од верните не се сведува на давање на се‘ што некому ќе му текне или ќе му притреба, оти со тоа бесконечно давање, можам и самиот да станам клошар, давајќи без мерка, и кој е крајниот резултат?...
Крајниот резултат Мики Бог ќе го каже, ќе си познае тој кој беше измамник, лажго а кој го слушаше неговиот збор, сети се Мики Аврам ббез збор го зеде деттето да го жртвова на еден збор божји а ти си се стаписал за 500 евра (намалено на 200)
Замисли бе Мики да беа како тебе апостолите, првите христијани па да почнеа ко тебе да изврдуваат и избегаваат “Ами ти не си мој „секој“ ти си сечиј секој... ами теббе нема да те лекувам ти не си “наш“ “скапи се парите..“
На јуда му беа подраги парите од колку Исус и виде шо му се направи. Или Ананиј и Сафира кои дел од парите не му дадоа на апостолите - како завршија? двајцатра умреа и можеш да замиуслиш каде ќе му бидат душите.
 
MIKI velam,tokmu vo toj citat zborot sekoj e BEZUSLOVEN. Oti ne pisuva na sekoj koj ti e blizok,ili na sekoj osven.....
Primer:
39:6 И така сè свое и отстапи на Јосифовата грижа, па повеќе не се грижеше за ништо, освен за лебот што го јадеше. А Јосиф беше со складна става и убав.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
MIKI velam,tokmu vo toj citat zborot sekoj e BEZUSLOVEN. Oti ne pisuva na sekoj koj ti e blizok,ili na sekoj osven.....
Primer:
39:6 И така сè свое и отстапи на Јосифовата грижа, па повеќе не се грижеше за ништо, освен за лебот што го јадеше. А Јосиф беше со складна става и убав.
Во мојата вера, за секое дејание важи принципот наречен „царски пат„, односно патот на умереноста, слично на Аристотеловата „златна средина„.

Секако, како што би рекол и самиот Христос: кој сака да биде совршен, нека раздаде се‘ што има и нека врви по Христа, а такви, бал Бог многумина во Неговата Црква, кои потекнуваат од имотни фамилии, но својот имот го раздаваат и се впуштаат во монашки подвиг.

Да, изразот „секој„ не е безусловен ни случајно.
--- надополнето: 18 март 2013 во 16:56 ---
Крајниот резултат Мики Бог ќе го каже, ќе си познае тој кој беше измамник, лажго а кој го слушаше неговиот збор, сети се Мики Аврам ббез збор го зеде деттето да го жртвова на еден збор божји а ти си се стаписал за 500 евра (намалено на 200)
Замисли бе Мики да беа како тебе апостолите, првите христијани па да почнеа ко тебе да изврдуваат и избегаваат “Ами ти не си мој „секој“ ти си сечиј секој... ами теббе нема да те лекувам ти не си “наш“ “скапи се парите..“
На јуда му беа подраги парите од колку Исус и виде шо му се направи. Или Ананиј и Сафира кои дел од парите не му дадоа на апостолите - како завршија? двајцатра умреа и можеш да замиуслиш каде ќе му бидат душите.
Море, ме натажи...:(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom