Samsung Galaxy S IV

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Во темава можеш се да видиш. Од членови со епл аватари кои себеси се нарекуваат "неутрални" преку членови кои велат дека часописи, блогови, страни, форуми, имаат релевантност нула, а истите тие членови постираат статии од истите тие извори кои ги омаловажуваат па се до членови кои имаш претчувство дека после 2-3 години планираат телефонот да го продадат за старо железо па им е битно да е метален, а во меѓувреме ќе му стават футрола па ни м од метал нема да се гледа и чувствува.
Мене лично тотално никаква улога не ми игра дали ќе биде направен од алуминиум или од поликарбонатна пластика, која патем и се докажа дека е физички поиздржлива од алуминиумот.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Во темава можеш се да видиш. Од членови со епл аватари кои себеси се нарекуваат "неутрални" преку членови кои велат дека часописи, блогови, страни, форуми, имаат релевантност нула, а истите тие членови постираат статии од истите тие извори кои ги омаловажуваат па се до членови кои имаш претчувство дека после 2-3 години планираат телефонот да го продадат за старо железо па им е битно да е метален, а во меѓувреме ќе му стават футрола па ни м од метал нема да се гледа.
Мене лично тотално никаква улога не ми игра дали ќе биде направен од алуминиум или од поликарбонатна пластика, која патем и се докажа дека е физички поиздржлива од алуминиумот.
Абе од кал да е, битно Samsung да е! :)

Или Android, сеедно. :)
 

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Абе од кал да е, битно Samsung да е! :)

Или Android, сеедно. :)
Не, не, Iphone да е, па и 3G да е. :)

Шега на страна, еве сега читам на GSM Arena дека им го "учукаа" Samsung на САД, Канада, па и Шведска. Наводно таму ќе се продавале SGS 4 со quad core процесори (Krait 300/Snapdragon 600 и Adreno 320 GPU) наместо со Octacore Cortex A15 + A7 и Power SGX 544 GPU процесори. Ај за Канада и САД е очекувано (LTE мрежи), но за Шведска ?? Тоа ти се вика фер политика. :)

Извор :
http://www.gsmarena.com/us_canada_and_sweden_getting_snapdragon_600_based_galaxy_s4_-news-5722.php
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.675
Поени од реакции
2.622
Ај крале што го хејта самсунг на секоја тема поврзена со самсунг тоа да. Али пластиката на самсунг стварно изгледа многу глупо по мене треба да поработат на дизајнот под хитно. Сум имал искуство со самсунг галакси с2/с3 во перформансите се топ не сум осетил некаков лаг незнам зошто викате на с4 се осекало лаг кога е дупло појак од овие.
И според мене xperia z и htc one се многу подобри од с4.
 

krale

iFrit
Член од
30 јули 2011
Мислења
803
Поени од реакции
254
Пазете го ова :pos: :tapp:

- iPhone има четири награди по ред од J.D. Power and Associates кои се доделуваат за задоволување на корисниците - ништо не ми значи
- Единствениот смартфон што поседува Retina екран е iPhone - демек Retina е најбоље? :rolleyes:
- iPhone има батерија со голем капацитет, без потреба од големо тело - идиоти како ќе сместите 5 инчен екран во телото на iPhone 5?
- iPhone има ултра-брза WiFi и LTE конекција - no comment
- Само iPhone и останатите уреди на Apple имаат пристап до iTunes продавницата и App Store во кој се нудат повеќе од 800.000 апликации - да де, а Andorid има Google Play, не знам што им била поентата овдека
- Само iPhone ja има Siri - изгледа не слушнале за Google Now/S Voice итн.

Не сум хејтер, али поголеми глупости од овие досега не напишале.
- не се 4, 8 награди по ред се, веројатно има причина зошто е така
- да, а за жал С4 користи Пентилe матрица за дисплејот
- коментарот ти е нелогичен - за таа батерија има најмало тело
- С4 ќе добие ЛТЕ тек кон крај на годината
- Па Гугл Плеј е катастрофа - хаос, во спореда со Апп Сторе - затоа е тоа предност
- И повторно споредуваш функции кои што се изведени врвно, со функции кои се ставени колку да ги има...
--- надополнето: 18 март 2013 во 17:56 ---
Ај крале што го хејта самсунг на секоја тема поврзена со самсунг тоа да. Али пластиката на самсунг стварно изгледа многу глупо по мене треба да поработат на дизајнот под хитно. Сум имал искуство со самсунг галакси с2/с3 во перформансите се топ не сум осетил некаков лаг незнам зошто викате на с4 се осекало лаг кога е дупло појак од овие.
И според мене xperia z и htc one се многу подобри од с4.
Лаг не осеќаат луѓе што не виделе што значи телефон без лаг. Се работи за нешто што може да го искуси само некој што сменил мноогу телефони, бидејќи после некое време лаг-от се третира како нешто нормално. Мој совет пробај на исчистена РАМ да отвориш дајлер или мессеџес па да видиш до колку ќе изброиш пред да се отвори апликацијата. Тоа се вика лаг.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
- не се 4, 8 награди по ред се, веројатно има причина зошто е така
- да, а за жал С4 користи Пентилe матрица за дисплејот
- коментарот ти е нелогичен - за таа батерија има најмало тело
- С4 ќе добие ЛТЕ тек кон крај на годината
- Па Гугл Плеј е катастрофа - хаос, во спореда со Апп Сторе - затоа е тоа предност
- И повторно споредуваш функции кои што се изведени врвно, со функции кои се ставени колку да ги има...
--- надополнето: 18 март 2013 во 17:56 ---


Лаг не осеќаат луѓе што не виделе што значи телефон без лаг. Се работи за нешто што може да го искуси само некој што сменил мноогу телефони, бидејќи после некое време лаг-от се третира како нешто нормално. Мој совет пробај на исчистена РАМ да отвориш дајлер или мессеџес па да видиш до колку ќе изброиш пред да се отвори апликацијата. Тоа се вика лаг.
ok we get it apple fanboy
 

krale

iFrit
Член од
30 јули 2011
Мислења
803
Поени од реакции
254
ok we get it apple fanboy
Добар пост, бар се надоврзува на низата обиди за лични дискредитации без аргументација. Сега треба да следи подршка од хордата, и поле спремај ги вилите и стаповите.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Добар пост, бар се надоврзува на низата обиди за лични дискредитации без аргументација. Сега треба да следи подршка од хордата, и поле спремај ги вилите и стаповите.
jas sum hordata be ba4ko :D
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.675
Поени од реакции
2.622
krale ок човек можеби до негде си во право ама претеруваш со тоа дека iphone е најдобар телефон инаку јас до сега Iphone имам работено само 3г не сум имал можност за подобар. Инаку мојот братучед моментално користи галакси с3 и ми има кажувано негов другар имал ипхоне 4с и си ги размениле талефоните така да ги испробаат и вели дека ипхонето било нешто подобар од с3 па сега... Баш сакам да имам можност така да поработам со ипхоне од поновите да видам што толку ги фалат што се толку подобри од самсунг.
 
Член од
5 октомври 2011
Мислења
155
Поени од реакции
64
Ве читам и супер имате познавања за samsung , htc , apple . И убаво што вака на повисоко ниво можи да се пишуваме за иновациите . Реално јас сум корисник на apple iphone 5 имам моментално , од дизајнот перформансите сум презадоволен . Но она што ми е најважно дека за жал она што го нуди никогаш не можиш да го користиш до максимум . Како прво немаме 4 generation на интернетот што знаеме дека и samsung i htc i apple ги подржуваат нивните уреди , потоа персоналниот асистент во случајов SIRI го користам за некој ограничени работи како на пример контакти некој пораки за статуси на facebook ,twitter и reminders . Така да вака кога гледам сите некако имаме исти слабости за технологијата некој сака android некој IOS , тоа е убедување и немам намера никого да убедувам за ништо го почитувам android што толку многу има корисници . Но мене ми се поставува прашањето кога си напнат нервозен и пребаруваш информации или пребаруваш тебе ќе ти текне air finger да употребиш или aye control . Некогаш сите корисници малку не збунуваат толкуте иновации што во пракса сваќаме дека и не ни се од корист баш па на крај по време забораваме да употребиме S-voice или SIRI . Поздрав и пишете мислења интересно е :icon_lol:
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
mnogu go kakate so ova ima ebana tema za apple vs android da bev moderator kje ve iscistev od temava i vas i vasite glupi fanbojski komentari
 

krale

iFrit
Член од
30 јули 2011
Мислења
803
Поени од реакции
254
krale ок човек можеби до негде си во право ама претеруваш со тоа дека iphone е најдобар телефон инаку јас до сега Iphone имам работено само 3г не сум имал можност за подобар. Инаку мојот братучед моментално користи галакси с3 и ми има кажувано негов другар имал ипхоне 4с и си ги размениле талефоните така да ги испробаат и вели дека ипхонето било нешто подобар од с3 па сега... Баш сакам да имам можност така да поработам со ипхоне од поновите да видам што толку ги фалат што се толку подобри од самсунг.
И јас искрено се чудам што сите го мешаат ајфон, кога темава дискутираме за С4.

Интересна работа, многу луѓе после најавата на С4 почнаа да купуваат С3 и Нексуси. Луѓето чекаа да видат што ќе биде и еве огромен број се разочарани и викаат нема што да чекаме веќе, одиме со С3 или Нексус.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
И јас искрено се чудам што сите го мешаат ајфон, кога темава дискутираме за С4.

Интересна работа, многу луѓе после најавата на С4 почнаа да купуваат С3 и Нексуси. Луѓето чекаа да видат што ќе биде и еве огромен број се разочарани и викаат нема што да чекаме веќе, одиме со С3 или Нексус.
Дојава ?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Во првото детално ривју објавено од познатите технолошки сајтови, Гизмодо даде прилично негативна оценка за штотуку објавниот Самсунг Галакси С4.
Се согласувам комплетно со кажаното. Реално, овој модел беше разочарување, барем според мене. Дури можеби и победно од она Епл што го направи со 4 и 4Ѕ.
Се согласувам со формата и дизајнот кој сакаат да го задржат со што веќе имаат поставено база на корисници и препознатливост, ама можеа материјалите да ги сменат, без некои глупави функции кои реално никој не ги користи. Претерано според мене.
--- надополнето: 19 март 2013 во 19:16 ---
- не се 4, 8 награди по ред се, веројатно има причина зошто е така
- да, а за жал С4 користи Пентилe матрица за дисплејот
- коментарот ти е нелогичен - за таа батерија има најмало тело
- С4 ќе добие ЛТЕ тек кон крај на годината
- Па Гугл Плеј е катастрофа - хаос, во спореда со Апп Сторе - затоа е тоа предност
- И повторно споредуваш функции кои што се изведени врвно, со функции кои се ставени колку да ги има...
Претходно се согласив со тебе, сега воопшто. Тоа што Епл го имаше ставено на сајтот, според мене е голема фарса и уште еден нивен, низок и беден обид за некаков маркетинг.

1. Кога Епл збори за Ретина, не се споредува само со Samsung, Note II нема Pentile распоред. Други уреди (андроид или не) исто така имаат повисока резолуција и ppi. Retina е само добар маркетиншки збор на Епл за продавање бубрези. Надминато е тоа веќе одамна.
2. Кога сите имаа LTE, Епл се фалеше дека има 4G HSPA 42+ или некое америчко срање. Они каснат на сцената со LTE, не Samsung или некој друг.
3. Да, имаат AppStore, и истата има поквалитетни апликации, но тоа се само неколку. Муабетот стана клише, а во реалност веќе не е така. Јас секојдневно наоѓам многу солидно направени, визуелно прекрасни и функционални апликации во Google Play. Holo постави нови стандарди, Андроид мрдна од „Џинџербред“.
4. Не тролајте за Сири, лично сум ја пробувал многу пати, пола и повеќе промашува, а прилично солидно го изговарам англискиот. Башка што кажа Aleksnadar87 дека доста функции на нашиот пазар не функционираат.

Јас моето мислење за Galaxy S5 го кажав, Samsung делува многу комотно, и според мене разочара. На TheVerge, читав и дека презентацијата им е многу слабо оценете, како „сексистчка“ (ако можам вака да пишам збор). И јас видов лаг на видеата, многу чудно. Кумашинот ми има Note II, не да нема лаг, унапред мрда, фантастичен е.

Јас имам Галакси Нексус, и да, има лаг на моменти. Само не е ништо драматично, практично и да не ми пречи. На 4Ѕ имам видено лаг затоа што 3-4 ми се при рака секој ден.

Олабавете малку, и не бидете хејтери. Ко акции да имаме во фирмиве.
 

krale

iFrit
Член од
30 јули 2011
Мислења
803
Поени од реакции
254
Претходно се согласив со тебе, сега воопшто. Тоа што Епл го имаше ставено на сајтот, според мене е голема фарса и уште еден нивен, низок и беден обид за некаков маркетинг.

1. Кога Епл збори за Ретина, не се споредува само со Samsung, Note II нема Pentile распоред. Други уреди (андроид или не) исто така имаат повисока резолуција и ppi. Retina е само добар маркетиншки збор на Епл за продавање бубрези. Надминато е тоа веќе одамна.
2. Кога сите имаа LTE, Епл се фалеше дека има 4G HSPA 42+ или некое америчко срање. Они каснат на сцената со LTE, не Samsung или некој друг.
3. Да, имаат AppStore, и истата има поквалитетни апликации, но тоа се само неколку. Муабетот стана клише, а во реалност веќе не е така. Јас секојдневно наоѓам многу солидно направени, визуелно прекрасни и функционални апликации во Google Play. Holo постави нови стандарди, Андроид мрдна од „Џинџербред“.
4. Не тролајте за Сири, лично сум ја пробувал многу пати, пола и повеќе промашува, а прилично солидно го изговарам англискиот. Башка што кажа Aleksnadar87 дека доста функции на нашиот пазар не функционираат.
1. Не е само пентајл матрицата - спореди бои на Самсунг телефоните (пренагласени за да изгледа демек јако за чалам) и реалноста што ја добиваш на iPhone. Се уште за жал ретина екраните на iPhone не се надминати, и доволно за тоа е по 2-3 дена да покористиш ваков телефон, па да се префрлиш на друг.

2. ЛТЕ, не знам лично не ме интересира - но пак ако некој веќе се фали со брзина, iPhone-oт е оптимизиран и најбрзо работи интернетот на него.

3. За другите работи - ајде. Ама оваа точка мора остро да не се сложам. Од проста причина што квалитетот на апликациите на AppStore и Google Play e небо и земја. Да не одиме до таму дека ниедна солидна игра не постои за андроид. Ниедна апликација од асална софтверска куќа не се прави прво за андроид. А како капак на се, апликациите не се воопшто со ист квалитет! Пробај Фејсбук на iOS, на пример, и на Андроид и самата апликација е каде-каде по-профи изведена за iOS. Oва не е изолиран случај, ова е повеќе правило него исклучок.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom