Дали цртаните влијаат лошо кај децата?

Да и има многубројни случаи каде децата ги имитираат своите цртани идоли и за жал несвесно се доведуваат во `непогодни` ситуации кои имаат влијание врз нивното здравје, што е пред се најважно, плус бидејќи се премногу млади. Има премногу насилство во повеќето цртани, суперхероите, натприродните моќи и фантазиите треба да ја претставуваат детската имагинација, ама сепак гледањето на насилство и слично лошо влијае врз нив.
На пример вујко ми и забранува на мојата 6 годишна братучетка да гледа Cartoon Network и таа во главата веќе има зацртано дека не смее да го уклучува тој канал,што е добро.. и строго и е дозволено да гледа само Boomerang, или пак и купуваат некои цедеа со цртани каде нема насилство. Мислам дека тоа е еден добар начин за водење грижа за безбедноста на своето дете. Сепак, имагинацијата им е на повисок степен додека се помали, од каде знаеме што може да наумат и истата идеја да е произлезена од цртаните кои е нормално да ги гледаат, а да е безбедно? Секако дека решение не е забранување на гледање на истите.
 
Да и има многубројни случаи каде децата ги имитираат своите цртани идоли и за жал несвесно се доведуваат во `непогодни` ситуации кои имаат влијание врз нивното здравје, што е пред се најважно, плус бидејќи се премногу млади. Има премногу насилство во повеќето цртани, суперхероите, натприродните моќи и фантазиите треба да ја претставуваат детската имагинација, ама сепак гледањето на насилство и слично лошо влијае врз нив.
На пример вујко ми и забранува на мојата 6 годишна братучетка да гледа
И во Том и Џери има насилство, тоа ти е најосновниот и најдетски цртан. Не е проблем насилството, проблемот е што возрасните луѓе не седнуваат со децата и да им објаснат што е што :toe:.
 
Нееее... никако:

Ова, да прашам, цртан е? :)
(го обожавам Пи... Пика.... Пикачу...)

А тоа што деца скокаат од згради, сакајќи да го имитираат Хари Потер, нема врска со темава...нели? :toe:
 
Има цртани за возрасни но за деца нема. премногу агресивни се денешниве цртани со исклучок на некои.
 
Цртаните од Хана и Барбера треба да се забранат со декрет/закон! Ниеден нивни цртан не може да помине без: секира,нож,пиштол,пушка,топ,динамит.....И после нормално е дека дете ко дете ќе проба да и ја пресече опашката на мачката или на кучето дома што го чува,затоа што омилениот цртан лик го прави тоа.:uvo:
 
Имитација еден од начините преку кои учиме сите ние.
Така и децата што гледаат тоа прават.
 
Дефинитивно да!

Не само цртаните... Дечињата се вадат од памет и од содржините на класика-приказните...

Црвенкапа-пушки, ловци, сечење стомаци, голтање баби
Снежана-ја отруле, умрела/не умрела
Палче-ги оставиле децата во шумата!?!?!?


Страшно! Приказните нашле убава анимација во Дизнијевата работилница и добиле на популарноста, инаку содржините се страшни....
 
Дефинитивно да!

Не само цртаните... Дечињата се вадат од памет и од содржините на класика-приказните...

Црвенкапа-пушки, ловци, сечење стомаци, голтање баби
Снежана-ја отруле, умрела/не умрела
Палче-ги оставиле децата во шумата!?!?!?

Не би се сложила баш. И ние растевме со сосема истите приказни, па не ми се чини дека имаме трауми од лошиот волк, труењето на Снежана, грозната вештерка од Ивица и Марица и сл.
 
Не можам да зборувам за долгорочни последици, зборувам за лоша реакција (применост) кај децата. И во случајов, да дополнам, зборувам за сопствените деца.
Веројатно има и други искуства, посочив личен пример.
 
Не можам да зборувам за долгорочни последици, зборувам за лоша реакција (применост) кај децата. И во случајов, да дополнам, зборувам за сопствените деца.
Веројатно има и други искуства, посочив личен пример.

Бидејќи веќе имаш личен пример би те прашала како ти како родител реагираш и постапуваш во врска со ете нека се и моментални стравови? Или поопшто, каков би требало да е пристапот на родителот кон детето во вакви ситуации?
 
Од лично искуство седиме со моето внуче и го гледаме Pocahontas малиот почна да плаче толку емотивно го доживеа цртанот зашто девојката не се омажи со Џон Смит (а во тој период родителите му се разведуваа) Значи се влијае на нив тие се си поврзуваат во нивните мали главчиња.
Е сега замислете што се случува кога ќе гледаат некој цртан кој е исполнет со агресија.
Да и ние растевме со тие цртани но мислам дека бев ме по безгрижни од денешниве деца, окружувањето беше благопријатно, помаку агресивно,но денес баш и не е така родителиве се постојано напнати да обезбедат егзистенција. Имаше цртани, но многу малку, а и медиумот ТВ имаше помало влијание на нас бидејќи поголемиот дел од денот си игравме надвор и бев ме по креативни во создавањето игри.
 
Ги „ублажувам приказните“, ги модифицирам. Макар да понекогаш мислам дека грешам во розевата обоеност ама уште се многу мали...

Факт е и дека девојчињата се почуствителни... Сепак Том и Џери ни се на репертоар и мислам дека не ги перцепираат сцените со: му ја исече опашката...
Дури, сами коментираат за покемони,дигимони: овие не се убави...
 
Вака јас цел живот го израстив со цртан а најомилени ми беа со тепање убивање некој супер херои па нестанав ни убиец ни се фрлив од некоја зграда за да летам ни ништо.
Не е до цртаните треба родителите да им објаснат што е Вистина а што не е реално и е измислено.
 
јас мислам ИЧ не влијаат лошо... јас порастив со сиве овие нагоре наведени и уште со татко ми гледаме том и џери
 
Зависи кој цртани, оние кај што има насилство (пр.Драгонбал) влијаат лошо, излагаш надвор гледаш деца го прават она што го гледале на ТВ... се тепаат со стапови и слично :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom