Прашање за Христијанството III

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Од ниту една: Христос веќе Е цар/помазаник, по раѓање, и Он нема(ше) потреба од крштевање, оти Он ниту Е грешно зачнат, ниту наследи грев, ниту самиот стори грев.

Крштевањето Исусово е само почетен пример, по кој Црквата ја одреди Светата Тајна крштевање, но и обратно: Хрстсос ги одреди Тајните од Црквата.
Јован крстител не стана никогаш следбеник на Исуса, Јован си имаше своја верзија на Јудаизмот која и по неговата смрт неговите ученици продолжија да ја проповедаат (јовановото крштевање) и се разликуваа од учењето на Исус. Јован и Исус беа ривали. Јован беше сметан за месаја и спасител на еврејскиот народ и држава, крштевањето на Исус беше непотребно и бесмислено и најверојатно е вметнато во текстовите да се покаже дека и Јован кој беше познат ценет и почитуван меѓу еврејскиот народ - го подржува Исуса. Нешто као препорака за Исуса од страна на познат лик.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Le3,
штом така велиш, така и нека Ти биде.

Црквата, разбира се, вели нешто сосема поинаку, но не е проблем , тоа уопште не Те засега, оти Ти си ионака по капацитетен од целата Црква, нели.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Le3,
штом така велиш, така и нека Ти биде.

Црквата, разбира се, вели нешто сосема поинаку, но не е проблем , тоа уопште не Те засега, оти Ти си ионака по капацитетен од целата Црква, нели.
Мики Црквата вели она што нејзе и одговара - а ако не и одговара - ќе го протолкува за да и одговара. На тој принцип може единствено и да опстои. Јовановото учење опстанало и по Јованова па и Исусова смрт. Ти одговарало или не - то се факти
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Soul,

некој од модераторскиве мудреци ми го избришал постот, ама ај, не е прв пат.

Еве, пак одговарам на Твоето прашање, со тоа што давам токлување од блажениот Теофилакт Охридски, на стиховите кои си ги цитирал, каде пишува:

...18. Он, дакле, стече њиву од плате неправедне, и стрмоглавивши се пуче по среди, и просу се сва утроба његова. 19. И то постаде знано свима који живе у Јерусалиму.

Говори о казни коју је Јуда понео у овом животу а не о будућој казни, јер душе слабих људи не обраћају толико пажње на будући колико на садашњи живот. Гледај: не говори о прегрешењу него о казни за њега. Јуда, наиме, није умро на конопцу него је живео и после тога, пошто су га скинули одатле пре него што се удавио. О томе јасније говори Папије,[7] Јованов ученик, у четвртој књизи Тумачења речи Господњих. Он тамо каже: "Велики пример безбожништва у овом свету представљао је Јуда, чије је тело у тој мери било надувено да није могао да прође ни онуда, куда су пролазила кола и не само да није могао да прође он него ни сама његова глава."
Кажу да су његови капци толико натекли да уопште није могао да види светлост и да његове очи нису могле да се виде чак ни уз помоћ лекарског увеличавајућег стакла, толико су дубоко упале у односу на спољашњу површину... После великих мука и болова он је, кажу, умро у својој њиви. Та њива је све до сада остала празна и ненастањена и све до данас нико не може да прође тим местом а да руком не зачепи ноздрве, такав је смрад који се шири од његовог тела и од земље..." Апостолима је то послужило као нека утеха. А као што се просула Јудина утроба, тако се просула и утроба јеретика Арија...„

Се надевам дека српскиот јазик не е проблем.

А се чини и дека мојата претпоставка дека Јуда бил погребан во „крвната нива„ сепак била точна...:D
Ne e problem Jazikot,go razbirame site.
Znaci,MIKI Juda ne zavrsil na besilka ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ne e problem Jazikot,go razbirame site.
Znaci,MIKI Juda ne zavrsil na besilka ?
Прочитај го уште еднаш толкувањето од блажениот Теофилакт и ќе видиш дека се совпаѓа со она кое го напишав и претпоставив.

Јуда се обесил на дрво, а неговото тело, од изгниеност, се распрснало на „крвната нива„, која му послужила како гроб.
--- надополнето: 18 март 2013 во 13:55 ---
Нема мои твои факти бе Мики. Едни се фактите, те бендисвале или не - тие се.
Еве неколку факти:
- факт е дека јас сум жив,
- факт е дека надвор е намуртен облачен ден.

Надвор од тие факти, постои само вер(б)а.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Сакам да ми одговорите за задгробниот живот вели дека кога умираме се раѓаме за вечен живот и во неколку молитви и писанија сум сретнал Го чекам воскресението на мртвите и животот во идниот век.Па што значење има оваа реченица.Мене некако ме замислува фактот дека по завршетокот на светот ќе има спасение на сите мртви.или пак личноста која ќе почине го чека завршетокот на светот за да воскресне или веднаш поминува во таа димензија и изнесување на суд пред Бога.Малку е деликантно прашањево но ме интересира на малку по јасен начин како го објаснува ова Христијанството.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Прочитај го уште еднаш толкувањето од блажениот Теофилакт и ќе видиш дека се совпаѓа со она кое го напишав и претпоставив.

Јуда се обесил на дрво, а неговото тело, од изгниеност, се распрснало на „крвната нива„, која му послужила како гроб.
--- надополнето: 18 март 2013 во 13:55 ---

Еве неколку факти:
- факт е дека јас сум жив,
- факт е дека надвор е намуртен облачен ден.

Надвор од тие факти, постои само вер(б)а.
Ти веруваш дека си жив
А само во твојата околина е намуртено и облачно, некаде е сонце некаде врне снег. Не е твојата околина цел свет
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ти веруваш дека си жив
Не верувам дека верувам: знам дека сум жив, од непосредно лично искуствено сознание, не од ве(б)а во себе.
--- надополнето: 18 март 2013 во 14:28 ---
А само во твојата околина е намуртено и облачно, некаде е сонце некаде врне снег. Не е твојата околина цел свет
Во мојата непосредна околина, времето е облачно и тоа за мене е факт, но не знам како е тоа во моментов за абориџините а и не ме занима...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не верувам дека верувам: знам дека сум жив, од непосредно лично искуствено сознание, не од ве(б)а во себе.

Во мојата непосредна околина, времето е облачно и тоа за мене е факт, но не знам како е тоа во моментов за абориџините а и не ме занима...
За да можеш да тврдиш дека си жив, треба да занеш како е да си мртов и према таа разлика да кажеш дали си или не си жив. Toа искуство ти го немаш и затоа само веруваш или претпоставуваш дека сега си жив.

Точнотака, то е и поентата, не мора да значи дека тоа што ти чуствуваш сега или како чуствуваш или како е времето кај тебе кој филм те бендисува кое јадење или музика... значи дека е тоа универзално правило. Или поконкретно, тза религија, ти веруваш во Исус во кој и самиот Исус не веруваше. Но ем што сте географски раздалечени така сте и временски раздалечени од 2000 години. Нешто као ти и абориџините сега.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
За да можеш да тврдиш дека си жив, треба да занеш како е да си мртов и према таа разлика да кажеш дали си или не си жив. Toа искуство ти го немаш и затоа само веруваш или претпоставуваш дека сега си жив.
Теза, анти-теза па синтеза....‘воа од Хегела беше, така?
Е, ама во Црквата, не поминуе...
--- надополнето: 18 март 2013 во 15:08 ---
Точнотака, то е и поентата, не мора да значи дека тоа што ти чуствуваш сега или како чуствуваш или како е времето кај тебе кој филм те бендисува кое јадење или музика... значи дека е тоа универзално правило. Или поконкретно, тза религија, ти веруваш во Исус во кој и самиот Исус не веруваше. Но ем што сте географски раздалечени така сте и временски раздалечени од 2000 години. Нешто као ти и абориџините сега.
Црквата е Тело Христово,. а Христос Е глава на Црквата: Христос и Црквата се непосредно врзани.
И сеа, што везе има што сме раздвоени 20, 50 или 1380 години?
--- надополнето: 18 март 2013 во 15:16 ---
Сакам да ми одговорите за задгробниот живот вели дека кога умираме се раѓаме за вечен живот и во неколку молитви и писанија сум сретнал Го чекам воскресението на мртвите и животот во идниот век.Па што значење има оваа реченица.Мене некако ме замислува фактот дека по завршетокот на светот ќе има спасение на сите мртви.или пак личноста која ќе почине го чека завршетокот на светот за да воскресне или веднаш поминува во таа димензија и изнесување на суд пред Бога.Малку е деликантно прашањево но ме интересира на малку по јасен начин како го објаснува ова Христијанството.
Болтуваната реченица е дел од Симболот од верата, познат и како никео-цариградски Симбол.

Што се случува по смртта со човекот, не е едноставно да се објасни, оти тоа пред се‘ зависи од праведноста или неправедноста која душата ја стекнала во овој живот., живеејќи Богоугодно или порочно.

Накратко: по смртта, душата 2 дена престојува на Земјава, посетувајќи одредени места; на 3-от ден, душата му се поклонува на Христа Бога; до деветиот ден, душата ги посетува рајските предели; на 9-от ден, душата по втор пат Му се поклонува на Христа; до 40-от ден, душата ги поминува т.н. митарства, на кои душата, со помош од ангелот-пазител, треба да даде отчет за она кое го чинела во својот живот а за што душата ќе биде клеветена од демоните; на 40-от ден, душата по 3 пат Му се поклонува на Христа и од Него добива привремена одредба: Рај или пекол, зависно од Христовата одлука и од делата кои душата ги чинела, и таа привремена одредба трае се‘ до Страшниот Христов Суд, на Неговото второ доаѓање.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Теза, анти-теза па синтеза....‘воа од Хегела беше, така?
Е, ама во Црквата, не поминуе...
--- надополнето: 18 март 2013 во 15:08 ---

Црквата е Тело Христово,. а Христос Е глава на Црквата: Христос и Црквата се непосредно врзани.
И сеа, што везе има што сме раздвоени 20, 50 или 1380 години?
Не е таа истата црква бе Мики, не се истите учења, ко масоните па шо поназат одат во историја појќе масони наоѓаат, еден ден и Адам ќе речат дека бил масон.
Исус, Мики, си беше јудеец, назарен. Какви нови вери и религии какви нови закони бе. Неговите учениуци и следбеници си останаа во Ерусалем, под водство на брат му Јаков. Се молеа во храмот, се клањаа, се обрежуваа принесуваа жртви и во се си беа верни на јудејството и стариот добар еден Бог. Кога Ерусалем со се храм со се луѓе падна и беше уништен од страна на Рим - тогаш почнаа денешните христиојански прикаски да се шират, кога ја снема заедницата во Ерусалем кога престанаа да идат вести и проповеди од таму а римјаните кога жестоко удрија на евреите ширум цело римско царство - почнаа да се создаваат евангелија па како евреите се лоши, римјаните (иако го распнале) се добри, како тој не сакал да биде крал на израел туку некое нејасно небесно кралство, како тој сакал да се плаќаат даноци и давачки, не сакал насилие и бунт, не биле тие на страна на бунтовните евреи, ее и саботата ќе ја смениме да не личиме на евреи и свет ден ќе ни биде недела, и кје пишиме дека вие римјаните се први виделе дека е тој син на бог дури и муабет ќе извадиме и дека пилат и риомскиот цар биле христијани и сакале да го спасат исуса ... и родендено на исус ќе го славиме кога е и вашиот најголем римски пагански празник, ќе јадеме се и нема да се обрежуваме... ете и три бога во еден ќе сместиме да вои бидеме поприфатливи на паганските идеи!
Да може Исус да види во што се претвори неговиот лик и дело - ќе му се снеарни бе Мики. Од Евереин, назарјанин, противник на рим, месаја - крал на израел, фатен осуден и убиен од тој Рим - се претвори во проримски лик !!
Еден висок црковен достоинственик (ми е мака сега да барам низ книги - можеби тебе ќе ти звучи познато) еднаш рече “До сега добро не служеше овој митот за Исус“
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Сакам да ми одговорите за задгробниот живот вели дека кога умираме се раѓаме за вечен живот и во неколку молитви и писанија сум сретнал Го чекам воскресението на мртвите и животот во идниот век.Па што значење има оваа реченица.Мене некако ме замислува фактот дека по завршетокот на светот ќе има спасение на сите мртви.или пак личноста која ќе почине го чека завршетокот на светот за да воскресне или веднаш поминува во таа димензија и изнесување на суд пред Бога.Малку е деликантно прашањево но ме интересира на малку по јасен начин како го објаснува ова Христијанството.
Според учењето на Светото Писмо, кога Христос ќе се врати, Тој ќе ги воскресне мртвите (сите починати, и покајаните и непокајаните). Потоа ќе следи „Судниот Ден“ што ќе биде проследен со серија судови. Еден суд ќе одлучи кој ќе наследи живот вечен. Оние кои се покајале и Го прифатиле Христос за свој Спасител и Господ се поштедени од овој суд (затоа што Христос на крстот ја плати казната за нивните гревови) и директно идат на вториот суд каде што ќе се оценуваат делата и неделата на луѓето и ќе бидат давани признанија, награди, каде што ќе бидат поништувани некое сумјиви дела или дела направени со лоши мотиви, каде што многумина први ќе бидат последни, а последни - први.

Христијаните го чекаат овој момент, затоа што тогаш ќе биде задоволена правдата, тогаш ќе им биде ставено крај на смртта, злото, страдањето, болестите итн., ќе добијат вечни нераспадливи тела.

Околу тоа што се случува во периодот по смртта на човекот до воскресението на телото не е баш најјасно опишано во Светото Писмо, а и не ме интересирало многу за да проучувам. Католиците ќе ти кажуваат дека има некакви чистилишта, православните ќе ти кажуваат дека има одредени митарства каде што душата ги подмитува демоните и други слични бабини деветини. Можам само да ти кажам дека тоа нема допирни точки со учењето на Светото Писмо.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Еден висок црковен достоинственик “ми е мака сега да барам низ книги - можеби тебе ќе ти звучи поснато“ еднаш рече “До сега добро не служеше овој митот за Исус“
Еден висок црковен достојник, кој се вика(ше) отец Александар Мењ, русин, на кого не му е дадена никаква достојност од Црквата, кој е убиен 1990-тата, велеше дека еволуцијата постои, дека римо-католичката Црква не е отпадната и дека „над природните„ способности, кои ги имаат одредени поединци, биле плод од благадатта од „светиот дух„ ( :confused:).

И сеа, ако се поведам по Твојава логика, со повикување на мненија од поединци, кои не се прифатени па и спротивни на учењето од Црквата, ја‘ батка, сега ќе пишував пофални постој за еволуцијата, за папите, за екстра-сенсите, за био-енерегетичарите, за видовитите, за астролозите и за сите оние кои се под силно демонско влијание....

Така, можеш до смрт да си прајш бајрам со умо‘ и да се повикуваш на ставови од поединци, кои Црквата/заедницата не ги прифаќа за свои.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom