Нема годишни меки леќи од причина што се изработени од силиконски материјал кој пропушта кислород, ама го намалува векот на користење. Во принцип имаш месечни меки контактни леќи, јас моментално ги користам тие, за удобност неможам да се пожалам бидејќи стварно се добри, видот ми е супер, и ги менувам во просек на месец до месец и неколку дена. Е сега цената зависи од тоа дали имаш обичен диоптер или како кај мене сфери цилиндри, и некој посебни агли. Моите одат во два пара по шест леќи за левото и десното око. Цената не е висока во однос на тоа што имам астигматизам на левото око, а и висок диоптер од -6 па специјално се прават по порачка, за моите цената за тие нели 2x6 кои се со трајност од 6-7-8 месеци е 6000 денари комплет. Искрено кажано цената е висока, но благодетот кој го имам со леќи е неспоредлив со очила.