Samsung Galaxy S IV

krale

iFrit
Член од
30 јули 2011
Мислења
803
Поени од реакции
254
Гизмодо го „уништи“ Галакси С4
Во првото детално ривју објавено од познатите технолошки сајтови, Гизмодо даде прилично негативна оценка за штотуку објавниот Самсунг Галакси С4.​
Технолошкиот сајт во текот на ривјуто разочарано ги објаснува големите промашувања на уредот:​
- Дизајнот изгледа и се чувствува ефтино. Ефектот е уште посилен во споредба со конкурентите... Нема ништо иновативно во овој сегмент, до таму што е тешко СГС4 да се сфати сериозно...​
- Новите функции звучат интересно. За жал, не функционираат баш како што треба. С4-ката со која пробувавме, почнуваше сама од себе да скролува горе или доле, без да сакаш да го направиш тоа. Кога работеше како што треба беше добро, но почесто претставуваше фрустрација.​
- Аir View/Air Gestures се корисни можеби само кога прстите ви се измрсени со пилешко и мразите влажни марамици. Но уште поважно, особено Air View, речиси и да не функционира како што треба. Понекогаш само се вклучува без потреба, а понекогаш не го ни приметува вашиот прст. Во одредени моменти менува табови без ваша волја, и со тоа овие функции се повеќе досадни отколку корисни.​
- Навистина С4 има премногу модификации за да можеме сите да ги разгледаме, но повеќето се такви што никогаш нема да ги користите. Ова е и главниот проблем на С4.​
- Камерата е уште една функција каде што Самсунг се фали што сѐ може да направи, наместо да ви даде тоа што ви е потребно.​
Во својот заклучок Гизмодо објавува:​
„Имаше многу очекувања од овој уред, но за жал тие не се остварија и уредот не нѐ воодушеви воопшто. С4 е неинспиративен. Има мали подобрувања во спецификациите и еден куп софтверски твикови кои нема да ги користите. Едноставно ништо што би ве воодушевило.​
Во споредба со ХТЦ ОНЕ, разликата е како ден и ноќ. За почеток, ОНЕ е побрз во речиси секој аспект. Без разлика дали вртите меѓу различните екрани, слики или друго, на С4 имаше значителен лаг, додека на ОНЕ речиси се беше скоро инстантно.... Можеби конечната верзија на С4 ќе биде побрза...​
...С4 веќе се чувствува како да е промашена шанса на Самсунг. Компанијата која имаше голема предност над останатите Андроиди имаше шанса да ја затвори зад себе вратата. За жал, тие им дозволија на ХТЦ, ЛГ и другите да влезат внатре и да се обидат да ја земат круната.“ - се вели во ривјуто на Гизмодо.​
 
A

Avenger99

Гостин

Знаеме дека си тежок аппле фан бој,ама до толку да го хејташ Самсунг па и тоа не бива..
 
krale

iFrit
Член од
30 јули 2011
Мислења
803
Поени од реакции
254
Знаеме дека си тежок аппле фан бој,ама до толку да го хејташ Самсунг па и тоа не бива..
Не работам за Гизмодо - само пренесувам што пишува во првото ривју за уредов.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Gizmodo го ругаа уште при првите статии и се жалеа за лошо имплементираните функции.

Озбилно, дали некој се радува на Air Gestures или EyeScroll?
 
A

Avenger99

Гостин
Не работам за Гизмодо - само пренесувам што пишува во првото ривју за уредов.
Пренесуваш само нешто колку да се каже дека е негативно..Моментално Самсунгот е најдобар во таа класа на телефони,а хејтери секогаш ќе ги има..
 
krale

iFrit
Член од
30 јули 2011
Мислења
803
Поени од реакции
254
Пренесуваш само нешто колку да се каже дека е негативно..Моментално Самсунгот е најдобар во таа класа на телефони,а хејтери секогаш ќе ги има..
Па да, лесно ти е тебе, со прв пост сакаш да дискредитираш информација, не со контра аругумент, него со лични обиди за дисквалификации.

Малце го знаеш крале дека тоа не проаѓа :)

Gizmodo го ругаа уште при првите статии и се жалеа за лошо имплементираните функции.

Озбилно, дали некој се радува на Air Gestures или EyeScroll?
Не е само Гизмодо, повеќето ставени функции се безврска, само маркетиншки финти.
 
A

Avenger99

Гостин
Па да, лесно ти е тебе, со прв пост сакаш да дискредитираш информација, не со контра аругумент, него со лични обиди за дисквалификации.

Малце го знаеш крале дека тоа не проаѓа :)

Не е само Гизмодо, повеќето ставени функции се безврска, само маркетиншки финти.
Го знам Крале од друг форум,каде што секој збор му е кењање против Самсунг..Искрено повеќе ми се допаѓа Панорама сликата на Ајфон која ја најавија како нешто невидено досега,и Apple Maps,кое се тотално промашување,а вие продолжете си да го хејтате Самсунг..:)
 
krale

iFrit
Член од
30 јули 2011
Мислења
803
Поени од реакции
254
Го знам Крале од друг форум,каде што секој збор му е кењање против Самсунг..Искрено повеќе ми се допаѓа Панорама сликата на Ајфон која ја најавија како нешто невидено досега,и Apple Maps,кое се тотално промашување,а вие продолжете си да го хејтате Самсунг..:)
Taка е, во пост и тема за Самсунг С4, почнавме одма со јадење трици за ајфон. Некој овде има психолошки комплекс изгледа. Не е ваљда хејтање?
 
A

Avenger99

Гостин
Taка е, во пост и тема за Самсунг С4, почнавме одма со јадење трици за ајфон. Некој овде има психолошки комплекс изгледа. Не е ваљда хејтање?
Не бе пријателе,друго сакам да ти кажам:)Не го вадиш Самсунг од уста(ти кажав дека те читам и на друг форум),било што и да извадат од Самсунг за тебе нема да чини..А знам дека си и аппле фан,епа изброј 1000 европски евриќи и купи си го Алуминиумот од Apple,и мисли си дека имаш најдобар смартфон и крај.
 
krale

iFrit
Член од
30 јули 2011
Мислења
803
Поени од реакции
254
Не бе пријателе,друго сакам да ти кажам:)Не го вадиш Самсунг од уста(ти кажав дека те читам и на друг форум),било што и да извадат од Самсунг за тебе нема да чини..А знам дека си и аппле фан,епа изброј 1000 европски евриќи и купи си го Алуминиумот од Apple,и мисли си дека имаш најдобар смартфон и крај.
Не се занимавај ти со крале, гледам од старт се обидуваш да ја дефокусираш целата тема, небаре си поставен за диктатор на Белорусија па задача ти е да вршиш цензура на се што не те бендисува.

Имаш горе ривју од Гизмодо, ако имаш некоја поплака, ќе ти дадам адреса кај да им се обратиш, само не ми плачи на погрешно рамо.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.670
Поени од реакции
14.550
Пренесуваш само нешто колку да се каже дека е негативно..Моментално Самсунгот е најдобар во таа класа на телефони,а хејтери секогаш ќе ги има..
А извини ти овака како постручен од Гизмодо, ПРОСВЕТЛИ не како тоа е најдобар во својата класа?
 
A

Avenger99

Гостин
Не се занимавај ти со крале, гледам од старт се обидуваш да ја дефокусираш целата тема, небаре си поставен за диктатор на Белорусија па задача ти е да вршиш цензура на се што не те бендисува.

Имаш горе ривју од Гизмодо, ако имаш некоја поплака, ќе ти дадам адреса кај да им се обратиш, само не ми плаче на погрешно рамо.
Хахах,што сум и како сум и со што ќе се занимавам тоа е моја работа ;).Еве уште еднаш,незнам поинаку како да ти објаснам,Галакси е моментално најдобар и најиновативен,а страници како Гизмондо ги има илјада :)
--- надополнето: 17 март 2013 во 17:03 ---
А извини ти овака како постручен од Гизмодо, ПРОСВЕТЛИ не како тоа е најдобар во својата класа?
А еве ти како попаметен објасни како тоа не е најдобар?Или според тебе кој е подобар?М?
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.670
Поени од реакции
14.550
Не можам да кажам бидејќи ни 4, ни HTC One сум ги држел во рака и ракувал со нив, но од интернет што гледам One ми изгледува победник барем за сега

P.S Јас барем НЕ ТВРДАМ дека некој е најдобар се додека не ракувам со него!
 
krale

iFrit
Член од
30 јули 2011
Мислења
803
Поени од реакции
254
Хахах,што сум и како сум и со што ќе се занимавам тоа е моја работа ;).Еве уште еднаш,незнам поинаку како да ти објаснам,Галакси е моментално најдобар и најиновативен,а страници како Гизмондо ги има илјада :)
Фино за тебе. Гизмодо не се сложува со тебе, а ние неутралните, генерално ќе веруваме повеќе на Гизмодо, иако може ќе има и некој како тебе, на кој аргументите не му се битни, па од некој фанатизам ќе си тврди поинаку.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Ако SG4 е промашен, а HTC One што е?
Разочара со камерата и тоа го ставија на ниво на просечни телефони. Да имаш 1.6 GHz процесор и 2GВ рам а камерата да ти се послаба и од на Desire C :ROFLMAO:
Не само да се фали со камерата и Аir View/Air Gestures.
SIV за разлика од SIII имаат промени во секој дел и можат да се фалат и со:
1GB -> 2GB
8MP->13MP
Exynos 4412 Quad -> Exynos 5 Octa 5410
Quad-core 1.4 GHz Cortex-A9 -> Quad-core 1.6 GHz Cortex-A15 & quad-core 1.2 GHz Cortex-A7
Не би рекол дека ова е промашување. ;) Пак ќе биде избран за телефон на годината џабе хејтаат. :свиркам:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom