krale
iFrit
- Член од
- 30 јули 2011
- Мислења
- 803
- Поени од реакции
- 254
Гизмодо го „уништи“ Галакси С4
Во првото детално ривју објавено од познатите технолошки сајтови, Гизмодо даде прилично негативна оценка за штотуку објавниот Самсунг Галакси С4.
Технолошкиот сајт во текот на ривјуто разочарано ги објаснува големите промашувања на уредот:
- Дизајнот изгледа и се чувствува ефтино. Ефектот е уште посилен во споредба со конкурентите... Нема ништо иновативно во овој сегмент, до таму што е тешко СГС4 да се сфати сериозно...
- Новите функции звучат интересно. За жал, не функционираат баш како што треба. С4-ката со која пробувавме, почнуваше сама од себе да скролува горе или доле, без да сакаш да го направиш тоа. Кога работеше како што треба беше добро, но почесто претставуваше фрустрација.
- Аir View/Air Gestures се корисни можеби само кога прстите ви се измрсени со пилешко и мразите влажни марамици. Но уште поважно, особено Air View, речиси и да не функционира како што треба. Понекогаш само се вклучува без потреба, а понекогаш не го ни приметува вашиот прст. Во одредени моменти менува табови без ваша волја, и со тоа овие функции се повеќе досадни отколку корисни.
- Навистина С4 има премногу модификации за да можеме сите да ги разгледаме, но повеќето се такви што никогаш нема да ги користите. Ова е и главниот проблем на С4.
- Камерата е уште една функција каде што Самсунг се фали што сѐ може да направи, наместо да ви даде тоа што ви е потребно.
Во својот заклучок Гизмодо објавува:
„Имаше многу очекувања од овој уред, но за жал тие не се остварија и уредот не нѐ воодушеви воопшто. С4 е неинспиративен. Има мали подобрувања во спецификациите и еден куп софтверски твикови кои нема да ги користите. Едноставно ништо што би ве воодушевило.
Во споредба со ХТЦ ОНЕ, разликата е како ден и ноќ. За почеток, ОНЕ е побрз во речиси секој аспект. Без разлика дали вртите меѓу различните екрани, слики или друго, на С4 имаше значителен лаг, додека на ОНЕ речиси се беше скоро инстантно.... Можеби конечната верзија на С4 ќе биде побрза...
...С4 веќе се чувствува како да е промашена шанса на Самсунг. Компанијата која имаше голема предност над останатите Андроиди имаше шанса да ја затвори зад себе вратата. За жал, тие им дозволија на ХТЦ, ЛГ и другите да влезат внатре и да се обидат да ја земат круната.“ - се вели во ривјуто на Гизмодо.