@Vanlok
Овде не се работи за големи пари, затоа не верувам дека има “ перење пари “
Можно е да се точни твоите наводи, но.....
Не се работи за големи пари? Сигурен ли си дека знаеш за што зборуваш?
Ние можеби немаме големи индустрии, ама има кој ги има. Тие индустрии праваат тони и тони вишок нуспроизводи од соединенија со флуор. Тоа ѓубре потпаѓа под класификација на опасни хемиски материи кои по закон мора да се депонираат на специјални депонии, нешто што кошта многу пари.
Да, нас би не коштало „евтино„ да купуваме и увезуваме од тоа ѓубре. Не е поентата колку пари ќе дадеме за ѓубрето од флуор, туку и колку пари ќе заштедат власниците на наведените индустрии со тоа што наместо да плаќаат скапа депонија, „евтино„ ќе ни го продадат тоа страње на нас.
Тоа се големи пари, и верувај доволно се големи за да се подмитуваат доволно политичари.
Внимавај што бараш пријателе, зошто би можел и да го добиеш.
http://en.wikipedia.org/wiki/Water_chlorination
Благодарејќи на хлолрирањето сузбиени се заразни болести, како што е колерата, тифусот, жолтица. А еве можеш и сам да видиш дека и денес има противници на хлорирањето на водата.
Но оваа е мое мислење, а времето ќе покаже дали сум во право.
Пријателе, времето одамна покажа дека флуорирање на водата е штетно.
Во одредени делови од САД водата се флуорира повеќе од 50 години, има мноогу научни студии на оваа тема и резултатите се недвојбени: штетно по здравјето плус непотребно и неефикасно. Линкав неколку вакви студии во постот што го цитираш, дали ги прочита?
Зошто во Европа водата не се флуорира? Јенките ли знаат најдобро, или можеби нивните политичари се најкорумпирани... Размисли малку пријателе, и информирај се. Да не биде касно потоа, кога ќе ја искористат нашата неиформираност за да не „лечат„ и нас со ѓубрето што е скапо да се фрла.
Не го мешај ова со хлорирањето на водата.
Хлорирањето на водата е релативно неопходно, и има за цел одстранување на патогени организми од водата. Негативните последици се тука ама не ги надминуваат позитивните придобивки.
Идејата за флуорирањето на водата е компулсивно додавење на медикамент. Значи не за да ја направат водата безбедна туку за да лечат нешто...
Не би било многу различна споредба, да ставаат на пример антибиотици во водата. Ама антибиотици не им остануваат на тони како ѓубре нуспроизвод во индустријата.
Читај. Информирај се. Не дозволувај да те искористуваат.