Македонски претставници за Евросонг 2013 (Лозано и Есма Реџепова)

  • Креатор на темата Креатор на темата -Nirvana-
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А демек за позитивно треба да и го земеме политичкиот анганжман. Нели она е „кралица на ромската мзука“, „мајка есма“, хуманитерец и сл. срања, нели тоа треба да ја прави надпартиска македонска естрадна ѕвезда. А целата своја личноста, финансии и ангажман го има ставено во служба на една партија, тоа не е за фалење.
И да е така како што викаш тоа нема врска со тоа дали песната е добра или лоша.
Затоа и во друг пост кажав во Македонија нема шанси некогаш да има за било која работа објективно мислење. Оване се однесува само за тебе туку воопшто, тоа ни е менталитетот и тоа не е.е веќе со години наназад.
 
После слушањето на 2те песни и Империја и оваа новава ...Слаткар и не ми делува толку лошо...поготово песнава :icon_lol:

 
Јас не ја слушав Империја, не можам да направам споредба меѓу двете.

Оваа ... Да речеме дека песната не е лоша, делот на Влатко ми се допаѓа, ништо ново, али добро е, бар си пее човекот ко што треба.
Е, делот со Есма, ама ич не ми се допаѓа, јас не знам каков спој ти е овој, врска нема едно со друго.

Така да, не оти нешто ми е многу гајле, ич не ми е, али Влатко да го пуштевме сам, многу поарно. (y)
 
И победничка песна да имаме нема никогаш да победиме само поради тоа што јадеме г**на општо како народ.
Иначе мое мислење е дека оваа е многу подобра песна од претходната и не е воопшто за потценување.
 
Copyright. Еве ја песната:

Делот на Влатко супер, Есма ужас. Подобро само Влатко да е или со ваква или со некоја слична како неговите во последно време што ги прави, хит до хит, пример со мал додаток еден рефрен на англиски да испее, глас има човеков, се му лега, ќе ја освои публиката. Оваа жива турлитава, балада и завивање...
 
Џајковски беше спасот за се`. Enough said. Само тој може да го извлече “она“ од Есма за кое цела Европа ќе полуди!
 
Кој ли беше тој генијалец на кој му истекна дека Есма и Лозаноски би биле добар дует, да ми е да знам.
 
Шо се замарате со овие глупости јас не знам..посекако се е исполитизирано и кај нас а и на Евровизија воопшто..не знам како имате воопшто нерви да се замарате
 
Сега гледате бе дека Империја е империја за оваа песна?

Ако, така ви треба, сега ќе ви се смеам на кењаважите што ќе ги искењате во темава... :ROFLMAO:
 
Како се замарате за евровизијава ко пари да ви даваат.
 
После неколку пати слушање на песнава, делот на влатко ми се свиѓа, ама на есма многу помалку. Истотака, почетокот на песнава најмногу ми се допаѓа :D
 
Дел од оние што кометират на темата да расчистат дали Есма ги нервира затоа што е политички ангажирана или не им се допаѓа песната. Некако неможе да ми се отргне чувството дека ова првото доминира.
Јас би додала и трето - куманитарец само за пред телевизии.
 
Супер е песната ми се допадна ,но можеби Империја имаше рефрен и текст која добро се памети ,ама сепак ова е подобо и добро се фклопила Есма во песната ,баш ги истакнува своите викални способности.А за Влатко нема многу што да се коментира,тој во негов стил си испеа супер ,неговиот тим кој работи на повеќето негови песни добро си ја звршиле работата ,се гледа дека повеќе работеле на делот на Влатко отколку на Есма .
 
Трета мајка: Јован Јованов ангажиран за нова песна за Евросонг
Доминантно негативните коменари по вчерашната промоција на втората македонска евровизиска песна “Пред да се раздени”, ја натераа МРТВ да го ангажира композиторот Јован Јованов, кој треба да предложи нова композиција со која Македонија ќе се претстави на Евросонг 2013 во Шведска

Македонија по трет пат ќе се обиде да дојде до песна со која ќе се претстави на Евросонг 2013 во Шведска. По првата “Империја” и вчерашната “Пред да се раздени”, дознаваме дека Есма и Влатко Лозановски ќе добијат и трета песна со која ќе се обидат да ги освојат симпатиите на домашната публика.
Овој пат, МРТВ се одлучи да го ангажира Јован Јованов, кој до сега има учествувано на Евросонг со своја композиција и за кого многумина велат дека требало многу порано да биде повикан, бидејќи секогаш знае да одговори на задачата.
Со оглед на тоа што овој пат роковите се многу пократки и Македонија нема многу време до последниот датум до кога мора да ја испрати својата песна за Евровизија, се шпекулира дека по нарачка на МРТВ на евровизиска песна работат уште неколку композитори и дека е можно Есма и Влатко да испеат и повеќе од три песни.

Па ова боље испадна и од Јужно Американскиве сапуници, само ова за трета песна е малце напишано за популарност на авторот(сајтот).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom