Акните - повеќе од тинејџерски проблем

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Лек за акни крема бензоил пероксид од аптека и на раат сте. Не треба да се претерува со неа, ептен на оние места кај што се видливи акните како на лицето.
Не ги стискајте, оти ќе ви останат флеки.
Не користете толку сапуни од јаглен и сулфур, ќе ви ја усушат косата. Не лупајте антибиотици на нив, оти ќе станете отпорни на нив.
 
А колку алкохолот лошо влијае на акните,и кои алкохолни напитоци се помалку или повеќе штетни за акните
 
Да си се пожалам јас. Немам некој голем проблем , ама константно имам 5-10 воспалени точки на лице - претежно црнки , ретко по некоја акна. Пробав се , од три различни козметички студија , уште три различни видови козметички препарати меѓукои и домашни ефтини продукти и поприлично скапи странски (Eucerin i Neostrata). Сега веќе се откажав од се , со мајка ми пробуваме експериментално - миење и парење на лицето со увин чај и третирање на проблематичните точки со лук. Сите методи даваа некои краткотрајни решенија но ниту еден начин не ги уништи скроз. Е сега имам 19 години , свесен сум дека најверојатно е тоа "пубертетски" проблем низ кои многу луѓе поминале и знам дека ме разбирате колку нервози ствара оваа работа. Ако има некој добар да даде совет или било што. Нека ме утеши бар :D
 
Незнам низ колку НЕПОТРЕБНИ нервози поминуваш, но и сам кажа доколку се работи за неколку воспалителни места и во случај да не се предолготрајни, помирисе со фактот дека тоа ти е периодот и не ги чепкај. Би требало да пројде за брзо.
Инаку јас користев хлорамфеникол или така нешто. Пред негово нанесување измиј се со многу млака вода, избриши го лицето но не преагресивно и нанеси од хлорамфениколот со чиста вата. Помагаше и тоа многу.
 
Dali nekoj ima nekakvo iskustvo od lepten?
--- надополнето: 12 март 2013 во 22:54 ---
 
Незнам низ колку НЕПОТРЕБНИ нервози поминуваш, но и сам кажа доколку се работи за неколку воспалителни места и во случај да не се предолготрајни, помирисе со фактот дека тоа ти е периодот и не ги чепкај. Би требало да пројде за брзо.
Инаку јас користев хлорамфеникол или така нешто. Пред негово нанесување измиј се со многу млака вода, избриши го лицето но не преагресивно и нанеси од хлорамфениколот со чиста вата. Помагаше и тоа многу.

Точно јас го користам овој лосион,и сварно сум презадоволен. Не е многу јак и веднаш се гледа разлика. Немам многу акни и знам некогаш да паузирам од лосионот,но веднаш ми се појавуваат. Добар е општо за чистење на лицето наутро и навечер.
 
Ако некој нашол чаре во нешто нека каже...:)
 
Ве исчитав едно 20тина страни, не се читаат сите 37 страни одеднаш па јок :D. А и 300та различни имиња на препарати слушнав и сите ги испомешав. Иначе прочитав нешто мрсно и газирани сокови. Откако почнав да вежбам, почнав да внимавам и на исхраната. Тоа значи дека во последната година-две, на прсти може да се изброи кога сум јадел благо и мрсно, или пиел газиран сок. Мајонез искрено не се ни сеќавам кога сум јадел последен пат, има неколку години сигурно. Друго, го мијам лицето 3-4 пати на ден и користам посебна крпа која редовно ја менувам. АМА секогаш мора да имам по 1-2-3 бубулици! Не такви како на првиот пост. И секогаш ми излегуваат на исти места, на долниот дел на образите. Значи буквално не се сеќавам кога последен пат ми било целосно чисто лицето. Во последно време многу почна да ме иритира ситуацијава, па утре одам до Тинекс/аптека и купувам нешто за користење ( ништо немам користено до сега, освен често ставање на обичната Нивеа крема за лице - ама зашто е мрсна претпоставувам дека само лошо ми прави ).

Па кажете ми некое конкретно име на производ да побарам и негова цена отприлика, за да не се оставам на милост и немилост на продавачките од Тинекс :D
 
Конкретно, Acne Aut.
Ама за сушење на акни може да помогне и Бензоил пероксид крема.

Си бил на дерматолог некад? Може да отидеш да те види, ќе ти препише терапија комбинација од 2-3 лекови и за 2 месеци си чист. Значи тука треба и некој антибиотик да се нанесува локално.
 
jas moite gi i izleciv so bioptron koj go zede majkami poradi migrena i nemav sto da izgubam bidehjki i onaka dadov mnogu pari na dermatolog odev 3 mececi i bez nekoj pogolem rezultat, a denes i dermatologot kaj sto odev ima bioptron. pozdrav
 
Зедов Клиндацин, па ќе пишам што и како после некое време. Искуства некој?
 
Ве исчитав едно 20тина страни, не се читаат сите 37 страни одеднаш па јок :D. А и 300та различни имиња на препарати слушнав и сите ги испомешав. Иначе прочитав.......... ( да не те цитирам цел да не фаќа место :D )

МНООООГУ сличен проблем иам , значи немам нигде акни многу ретко ми искачаат АМА околу устата поточна на долниот дел од лева и десна страна увек мора да има по 1-2 и таман ке ја снема некоја бомба ке се појави а и црнки некој имам ностоп околу ... чере не сум нашол планирам да идам на лекар ако си нашол ти чаре збори :D
 
Има луѓе со многу јас бев еден од тие и сеуште имам но самите се намалуваат..скоро и да немам користено никакви средства освен хлоракол краток период и докторс сапун...незнам зошто се напнувате 2-3 :)
 
Друже колку време те „држеа'' акните,т.е од која воздраст почнаа интензивно да ти се појавуваат??
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom