S
Sheldon Cooper
Гостин
Маја Платнар, организаторка на хуманитарните акции „Здраво-живо“ и авторка на книга со рецепти со свежа храна, наскоро ќе ја видиме со престилка на еден од каналите на познатата телевизиска мрежа Фокс. Каналот е наменет за сите љубители на готвењето и на добрата храна, емитува играни и сериски емисии, репортажи и патописни емисии во кои главниот фокус е ставен на храната и на начините на нејзино приготвување. Тука може да се видат и познатиот холандски готвач и ТВ-водител Рудолф ван Вин, британскиот готвач што своите емисии ги насочи кон популаризација на здравата храна Џејми Оливер и еден од најпопуларните американски готвачи Ентони Борден, чии репортажи насловени како „Без резервација“ на уникатен начин ги промовираат различните култури во светот и нивните кујни.
Нашата готвачка ќе ја презентира т.н. жива кујна, односно рецепти со термички необработена храна од растително потекло. Ваквата свежа храна помага во подобро функционирање на органите и забрзување на метаболизмот, со што се прочистува од отрови, а артериите работат со поголем капацитет. Оваа храна, како што вели Платнар, лекува и подмладува.
Литературата, која се однесува исклучиво на свежата храна е доста скудна, но Платнар за само една година ја осозна секоја тајна на оваа кујна. Напиша и книга со рецепти со свежа храна, организираше настани „Здраво-живо“, пишува на неколку интернет-портали за живата храна, иницијатор е на групата „Бистро живо здраво“, каде што се зборува за свежа храна, рецепти, искуства, размислувања.
- Идејата беше на Дејан Спасовиќ, кој заедно со Јасна Шоптрајанова-Вртева се раководители на ПАРК-Отворена платформа, центар за култура, креативност и креативно и одговорно живеење, а воедно се и моја голема поддршка. Тој ме натера да им пишам и неочекувано за многу кратко време добив одговор. Остваривме средба и падна договорот - вели Платнар за тоа како успеа да влезе во тимот на врвни светски готвачи, кои се претставуваат на еден од каналите на големата ТВ-корпорација Фокс.
Таму ќе готви исклучиво жива храна, а слободата, како што додава, е еден од основните концепти на Фокс.
- Претпоставувам дека ќе почнам од основата, па така најверојатно првото јадење ќе биде смуди, зелен кашест сок - открива таа.
До идејата да приготвува, но и да консумира свежа храна дошла пред околу две и пол години, кога била соочена со здравствен проблем.
- Талкајќи по алтернативни решенија, дознав за живата храна, поинаков начин на приготвување на моите и онака омилени продукти. Жива храна приготвувам и консумирам точно една година, а задоволството секој ден расте. Овој концепт на приготвување храна е нов во светот, па разбирливо и кај нас. Имав среќа да имам пријател што е близок со Слаѓана Велков, која ја раскажа приказната за живата храна на целиот Балкан - вели Платнар.
Воопшто не ѝ било проблем да почне со консумирање свежа храна, бидејќи, како што истакнува, и претходно овошјето и зеленчукот во свежа форма биле застапени 80 отсто во нејзините оброци.
- Придобивките се огромни, пред сѐ расте енергетското ниво, живата храна е единствениот начин да консумирате вистинска храна, сѐ што содржи секој продукт. Ако тргнеме од моето мото „само живото раѓа живот“, тогаш слободно може да заклучиме дека јадејќи жива храна, расте и волјата за живот - подвлекува таа.
Во својата книга ја раскажува личната приказна и сака да промовира нешто што нејзе лично ѝ помогнало.
- Сакав да ги запознаам одблиску сите со најсензуалната храна на светот - вели Платнар, која наскоро ќе го отвори и своето бистро „Здраво-живо“, кое е иницијатива на центарот ПАРК.
Веќе има голем број луѓе заинтересирани за живата храна, а расте и бројот на нејзините консументите. Сепак, и покрај посветеноста на здравата исхрана, таа понекогаш паѓа во искушение да проба слатки, брза или готвена храна.
- Тоа не го сфаќам како искушение, туку како еден вид навика и зависност од веќе многу добро познати вкусови. Многу ми е важно да кажам дека не се запирам, оти според мене, најлошо е да му правите блокади на умот - категорична е Платнар.
(текстот е ископиран од Утрински Весник)
![maja[11].jpg](/proxy.php?image=http%3A%2F%2Fwww.novamakedonija.com.mk%2FUploads%2FNews%2Fmaja%5B11%5D.jpg&hash=f444270e5f9f693fd4b233aa374b743d)