Македонскиот готвач Маjа Платнар на 24 Kitchen

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување Време на започнување
S

Sheldon Cooper

Гостин
Маја Платнар, организаторка на хуманитарните акции „Здраво-живо“ и авторка на книга со рецепти со свежа храна, наскоро ќе ја видиме со престилка на еден од каналите на познатата телевизиска мрежа Фокс. Каналот е наменет за сите љубители на готвењето и на добрата храна, емитува играни и сериски емисии, репортажи и патописни емисии во кои главниот фокус е ставен на храната и на начините на нејзино приготвување. Тука може да се видат и познатиот холандски готвач и ТВ-водител Рудолф ван Вин, британскиот готвач што своите емисии ги насочи кон популаризација на здравата храна Џејми Оливер и еден од најпопуларните американски готвачи Ентони Борден, чии репортажи насловени како „Без резервација“ на уникатен начин ги промовираат различните култури во светот и нивните кујни.

maja[11].jpg

Нашата готвачка ќе ја презентира т.н. жива кујна, односно рецепти со термички необработена храна од растително потекло. Ваквата свежа храна помага во подобро функционирање на органите и забрзување на метаболизмот, со што се прочистува од отрови, а артериите работат со поголем капацитет. Оваа храна, како што вели Платнар, лекува и подмладува.

Литературата, која се однесува исклучиво на свежата храна е доста скудна, но Платнар за само една година ја осозна секоја тајна на оваа кујна. Напиша и книга со рецепти со свежа храна, организираше настани „Здраво-живо“, пишува на неколку интернет-портали за живата храна, иницијатор е на групата „Бистро живо здраво“, каде што се зборува за свежа храна, рецепти, искуства, размислувања.

- Идејата беше на Дејан Спасовиќ, кој заедно со Јасна Шоптрајанова-Вртева се раководители на ПАРК-Отворена платформа, центар за култура, креативност и креативно и одговорно живеење, а воедно се и моја голема поддршка. Тој ме натера да им пишам и неочекувано за многу кратко време добив одговор. Остваривме средба и падна договорот - вели Платнар за тоа како успеа да влезе во тимот на врвни светски готвачи, кои се претставуваат на еден од каналите на големата ТВ-корпорација Фокс.

Таму ќе готви исклучиво жива храна, а слободата, како што додава, е еден од основните концепти на Фокс.

- Претпоставувам дека ќе почнам од основата, па така најверојатно првото јадење ќе биде смуди, зелен кашест сок - открива таа.

До идејата да приготвува, но и да консумира свежа храна дошла пред околу две и пол години, кога била соочена со здравствен проблем.

- Талкајќи по алтернативни решенија, дознав за живата храна, поинаков начин на приготвување на моите и онака омилени продукти. Жива храна приготвувам и консумирам точно една година, а задоволството секој ден расте. Овој концепт на приготвување храна е нов во светот, па разбирливо и кај нас. Имав среќа да имам пријател што е близок со Слаѓана Велков, која ја раскажа приказната за живата храна на целиот Балкан - вели Платнар.

Воопшто не ѝ било проблем да почне со консумирање свежа храна, бидејќи, како што истакнува, и претходно овошјето и зеленчукот во свежа форма биле застапени 80 отсто во нејзините оброци.

- Придобивките се огромни, пред сѐ расте енергетското ниво, живата храна е единствениот начин да консумирате вистинска храна, сѐ што содржи секој продукт. Ако тргнеме од моето мото „само живото раѓа живот“, тогаш слободно може да заклучиме дека јадејќи жива храна, расте и волјата за живот - подвлекува таа.

Во својата книга ја раскажува личната приказна и сака да промовира нешто што нејзе лично ѝ помогнало.
- Сакав да ги запознаам одблиску сите со најсензуалната храна на светот - вели Платнар, која наскоро ќе го отвори и своето бистро „Здраво-живо“, кое е иницијатива на центарот ПАРК.

Веќе има голем број луѓе заинтересирани за живата храна, а расте и бројот на нејзините консументите. Сепак, и покрај посветеноста на здравата исхрана, таа понекогаш паѓа во искушение да проба слатки, брза или готвена храна.

- Тоа не го сфаќам како искушение, туку како еден вид навика и зависност од веќе многу добро познати вкусови. Многу ми е важно да кажам дека не се запирам, оти според мене, најлошо е да му правите блокади на умот - категорична е Платнар.

(текстот е ископиран од Утрински Весник)
 
Интересна програма е 24К, Холанѓанецот го имам погодено неколку пати, скоро ништо не го разбирам пошо е без превод, ама храна си е храна :) Па можда ќе налетам и на Маја Платнар.А снимањево тука во МК било или таму негде на запад?
 
Одлична програма, штета што телекабел ја тргнаа од програмска шема зашто редовно ја следев и доста научив.
Ова со живата храна пред се со други зборови ќе го претстави вегетаријанството барем јас така ја разбирам....
 
Станува збор за raw food доколку готви и месо иначе raw vegan. Касни едно 10 години ама нема везе бар еве некој и на балканот ќе го промовира тоа. Одлична работа се надевам наскоро ќе имаме и ресторан во Скопје.
 
Со ваква храна луѓе си направија сериозни проблеми. Го имам лично примерот како читајќи вакви "лекари и нутриционисти, енвеј познавачи" стана коска и кожа, со консумирање само на жив зеленчук овошје, без трошка леб или други продукти освен повремено некоја манџа, без мрснотии и прженици. Тоа коска и кожа е однадвор. Однатре, на метаболизмот, хормоните, срцето и други органи којзнае какви последици остава. Вака интересно делува еден оброк неделно ама у реалност многу луѓе се имаат зезнато со разноразни диети, посебно живи зеленчуци како секојдневие. Едно што е прилично скапо, друго каде се обавезните маснотии и белковини кои дневно мора да се примат. Мислам, за ваше добро внимавајте што прифаќате од нет информациите.
 
Значи ги замолувам модераторите да ги избришат претходните безобразни мислења ?! Ова е форум и секој може да си го каже своето мислење па дури и
да се спротистави на нечие мислење но сето тоа да биде со аргументи... без чаршиски моабети

Лично колку сум упатен во rawfood можам да кажам дека е добра работа и знам дека е 10 пати подобра од брзата и вкусна исхрана што сите ние ја практикуваме. Е сега секој ќе си процени на која страна се наоѓа и ќе се храни како што сака. А дека сите витамини,протеини и други потребни работи што треба да ги внесуваме во нашата исхрана ги има во свеж и обарен зеленчок и овошје тоа можам да го аргументирам со 1000 факти.
Исто и оваа исхрана баш напротив и е поефтина од брзата храна и како пример ќе наведам соодветни цени.
Брза храна: Хамбургер и газиран сок = 130 ден ( не пишувам од каде знаете сите) + 30 ден = 160 денари(1 јадење)
Здрава храна: 1 кг. Компир=30ден+0.5 кг.Банани=25ден+1 марула=15ден+0,5кг.Спањак=20ден+0.5кг.портокал=20ден=110 ден+интег.лепче=30ден=140ден
(целокупно дневно мени 3 јадења и меѓуоброци)
Немам време за пишување иначе имам зборови..........
 
Лично колку сум упатен во rawfood можам да кажам дека е добра работа и знам дека е 10 пати подобра од брзата и вкусна исхрана што сите ние ја практикуваме.
Според медицински испитувања колкав е животниот век на оној што се храни умерено и разновидно и оној што користи исклучиво неварена храна? И колку е физичката и емоционална спремност и ефикасност по неколку години таква исхрана?
Брза храна: Хамбургер и газиран сок = 130 ден ( не пишувам од каде знаете сите) + 30 ден = 160 денари(1 јадење)
Здрава храна: 1 кг. Компир=30ден+0.5 кг.Банани=25ден+1 марула=15ден+0,5кг.Спањак=20ден+0.5кг.портокал=20ден=110 ден+интег.лепче=30ден=140ден
(целокупно дневно мени 3 јадења и меѓуоброци)
за жал ова е резултат на рекламите на мултимилионерските трендовски бизниси за "здрава" и "нездрава" храна. Не постои само "брза" и само здрава жива храна. Постои и средина, умереност, разновидност ради која нашите стари со по 70, 80 и 90 години (кои и ден денес се возат вторник и петок) живееле поздраво од нас (иако пржеле со свинска маст). Едно семејство не се храни исклучиво со брза храна, затоа и не можам да дискутирам за овој начин на исхрана.
.Банани=25ден
за бананите па и било кој производ побитно е што има внатре. Според испитувањата на УСДА
http://www.ams.usda.gov/AMSv1.0/pdp
биле најдени разновидни пестициди и отрови, некои од нив канцерогени (тиабендазол дури до 64% од испитаните примероци, имазалил 26%, 0-фенилфенол и други). Според УСДА ги има и во јаболката, крушите, портокалите...Точно дека е забележано позитивно влијание во врска со рак на дојка, дебелината и високиот притисок, но тоа е само дел од приказната и дел од позитивните последици. Има и прилично негативни, аменореата на пример.

Low Bone Mass in Subjects on a Long-term Raw Vegetarian Diet

Consequences of a long-term raw food diet on body weight and menstruation

Dental Erosions in Subjects Living on a Raw Food Diet

Ако веќе сакате или морате да се храните на овој начин, не можам да ви забранам ни да се убедувам до стоедно (не можеме да ги избегнеме загадувањата, нормално), но барем бидете под лекарски надзор, направете повремено некои испитувања на крв, тежина...а тоа е нешто кое би важело за сите без разлика како се хранат.
 
Според медицински испитувања колкав е животниот век на оној што се храни умерено и разновидно и оној што користи исклучиво неварена храна? И колку е физичката и емоционална спремност и ефикасност по неколку години таква исхрана?
Лурц, едно нешто околу веганиве и конзументите на сирова храна, изгледа храната им делува и на карактерот бидејќи 90% од нив стануваат како Јеховини сведоци. Не може да им докажеш дека единствено нешто што добиваат со таа храна е евентуално пониска сметка за струја.
Не велам дека не е здраво, напротив, треба да се конзумира свежо овошје и зеленчук, но не целата исхрана да се состои од брокула и по некој лешник. Не за џабе секој искусен нутриционист препорачува балансирана исхрана која е клучна за добро здравје и превенција на болести. Треба да се к'сне и бишѐнце, телѐнце, таквија работи :D
Искрено, мене концептот дека може да се излекува нешто со сирова храна (и метафизика, гледање во сонце
...) ми е на исто рамниште со методите на Иван Исцелителот. Особено што тие кои ја практикуваат исхранава се убедени (и шират таква пропаганда) дека помага во тек на хемотерапија, а да му дадеш сирова храна, подникнати семки и "леб" сушен во рерна на 60 степени (диско за бактерии) е еднакво на обид за убиство бидејќи му предизвикуваш инстант инфекција со некоја од широкиот дијапазон на бактерии кои виреат на сировите производи.
Енивејз, да не бидам комплетен хејтер, со среќа нека и е на Маја, и посакувам да биде гледана емисијата, само би и препорачала да се задржи на готвење, не и на делење совети на луѓе со сериозни проблеми кои побаруваат постручно знаење.
 
Не велам дека не е здраво, напротив, треба да се конзумира свежо овошје и зеленчук, но не целата исхрана да се состои од брокула и по некој лешник. Не за џабе секој искусен нутриционист препорачува балансирана исхрана која е клучна за добро здравје и превенција на болести. Треба да се к'сне и бишѐнце, телѐнце, таквија работи :D
мои блиски роднини имаат 85 и накај сто (да не ги урочам), а јадат баш она што го споменав разновидно и умерено, но не и брза храна ниту исклучиво сирова.
Проблем според мене се другите фактори (од пестициди, хормони, зрачења, стресови па и генетските промени согласно сето тоа).Не сум доктор, но сметам дека нас тие работи не јадат.
Енивејз, да не бидам комплетен хејтер, со среќа нека и е на Маја, и посакувам да биде гледана емисијата, само би и препорачала да се задржи на готвење, не и на делење совети на луѓе со сериозни проблеми кои побаруваат постручно знаење.
И јас на г-ѓата Платнар и го посакувам истото. Не би се убедувал повеќе со луѓето. Нека прават што сакаат со своето тело ама нека не го промовираат како универзален лек кога и според истражувањата има и позитивни и негативни страни.
 
Не постои само "брза" и само здрава жива храна. Постои и средина, умереност, разновидност ради која нашите стари со по 70, 80 и 90 години (кои и ден денес се возат вторник и петок) живееле поздраво од нас (иако пржеле со свинска маст). Едно семејство не се храни исклучиво со брза храна, затоа и не можам да дискутирам за овој начин на исхрана.

Што ако ти кажам дека имам пример каде една особа се храни исклучиво со свинска маст, т.е. не користи рафинирано масло и тера 90-тина и тоа одлично? Рафинираното масло предизвикува запушување на вени и артерии барем така имам прочитано едно научно истражување.
Во секој случај мислам дека клучот е во балансот (не јогуртот на битолска млекара) на избор на намирници и нивно конзумирање. Жива храна само одреден период најпаметно би можело да биде да се користи само за детоксикација на организмот.
Згора на тоа која е таа жива храна што има ист или сличен спектар на аминокиселини како месото, јајцето, рибата итн итн?
 
Според медицински испитувања колкав е животниот век на оној што се храни умерено и разновидно и оној што користи исклучиво неварена храна? И колку е физичката и емоционална спремност и ефикасност по неколку години таква исхрана?
за жал ова е резултат на рекламите на мултимилионерските трендовски бизниси за "здрава" и "нездрава" храна. Не постои само "брза" и само здрава жива храна. Постои и средина, умереност, разновидност ради која нашите стари со по 70, 80 и 90 години (кои и ден денес се возат вторник и петок) живееле поздраво од нас (иако пржеле со свинска маст). Едно семејство не се храни исклучиво со брза храна, затоа и не можам да дискутирам за овој начин на исхрана.
за бананите па и било кој производ побитно е што има внатре. Според испитувањата на УСДА
http://www.ams.usda.gov/AMSv1.0/pdp
биле најдени разновидни пестициди и отрови, некои од нив канцерогени (тиабендазол дури до 64% од испитаните примероци, имазалил 26%, 0-фенилфенол и други). Според УСДА ги има и во јаболката, крушите, портокалите...Точно дека е забележано позитивно влијание во врска со рак на дојка, дебелината и високиот притисок, но тоа е само дел од приказната и дел од позитивните последици. Има и прилично негативни, аменореата на пример.

Low Bone Mass in Subjects on a Long-term Raw Vegetarian Diet

Consequences of a long-term raw food diet on body weight and menstruation

Dental Erosions in Subjects Living on a Raw Food Diet

Ако веќе сакате или морате да се храните на овој начин, не можам да ви забранам ни да се убедувам до стоедно (не можеме да ги избегнеме загадувањата, нормално), но барем бидете под лекарски надзор, направете повремено некои испитувања на крв, тежина...а тоа е нешто кое би важело за сите без разлика како се хранат.

Се сложувам делумно со твоите наведени работи. Значи јас лично не сум ниту веган,ниту вегетаријанец, ниту било што...туку сум обичен граѓанин кој практикува да се храни со " понормална " исхрана од денешницата. Во исхраната гледам да вклучам барем 60-70% овошје и зеленчук (свежо, варено или печено) и останато што ќе ми дојде при исхрана, ма да избегнувам глупости од типот газ.сок, тешки прженици, мекгоналдс и тн.

Времето е тоа што ќе покаже како реално стојат работите !
Повторувам. Секогаш овошјето и зеленчукот ќе бидат пред приготвената храна. Секоја вештачка приготвена храна е ЃУБРЕ кое содржи емулгатори,веш.бои,конзерванси и еден куп додатоци кое на нашето тело ми се непознати и не секогаш може да се избори со нив.
Ќе отидам во село кај баба ми и дедо ми па сите старци се по 70-80 години, ниту мерат притисок, ниту лекови, незнам шекер, маснотии.....па од каде дојдоа тие болести ? Ама тоа суштината е што дедоми без лукче, пиперче не седнува на маса :), салатиче, ракииче, некое манџиче и нема гајле.

А на ова странскиве анализи не им верувам ама воопшто, тоа се се платени анализи од разно разни организации. Али факт е дека ние треба зеленчукот и овошјето што го конзумираме да гледаме да е одгледуван органски.
Совет : доколку овошјето или зеленчукот не е органски да се стават во 1-2 литра вода и 2-3 лажички сода и да се остават да отстојат 2 саати
и со ова содата ќе ги апсорбира добар дел од металите и разните штетни прскања кај растенијата.
 
cleverguy Колку си сигурен дека она што го купуваш е органско или близу тоа? На крај краева модерниот тек на живеење си го зема данокот тоа воопшто не е спорно, одлуката и изборот кој како да се храни е на индивидуата и тоа е последно.

Сепак многу е грешно кога некој пропагира нешто како најправилно и најточно, грешка е што не се набројуваат негативните страни покрај позитивните а со тоа се дава погрешна претстава за она кое се презентира.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom