Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Стварно па и ние, 20 години бевме лавови, сега поради 10 рисови на територијата на Македонија сите треба да станеме рисеви. Па и дресовите :facepalm:
 
Германецот Ајтекин ни суди со Белгија

Германскиот арбитер Дениз Ајтекин ќе биде главен судија на квалификацискиот натпревар против Белгија што ќе се одигра на 22 март во Скопје.


Триесет и четири годишниот Ајтекин чие семејство потекнува од Турција веќе пет години наназад ја дели правдата на натпреварите во Бундес лигата.

Во елитното натпреварување во Германија дебитира на 27 септември 2008 година на мечот меѓу Херта и Енерги Котбус.


Ајтекин беше главен судија и на натпреварот меѓу Сент Паули и Шалке одигран пред две години кога во 89-тата минута навивач на домашната екипа на теренот фрли чаша со пиво и го погоди во главата помошниот арбитер по што мечот беше прекинат.


Ајтекин е сопственик на интернет компанија во која се вработени 75 луѓе и има личен тренер за физичка подготовка.


Во Бундес лигата сезонава бил главен судија на 12 натпревари, а во Лигата на шампионите ја делел правдата на два меча и тоа Нордсјеланд - Јувентус и Малага - Андерлехт додека во квалификациите за Светскиот куп бил делегиран на двобојот Босна и Херцеговина - Летонија.


Судиската четворка од Германија ја комплетираат првиот и вториот асистент, Гвидо Клебе и Штефан Луп како и четвртиот арбитер Марко Фриц.

На вториот дуел со Белгија што ќе се игра на 26 март во Брисел судиите доаѓаат од Португалија, а на чело на четворката е Олегарио Бенкеренса.
 
Земав карта за Север од 200. Има уште многу, нека не претеруваат медиумиве.
 
Германец my ass.

Иначе пред два-три дена купив, имаше од сите карти.
 
Од Македонија се до Јапонија. Некој си наш фудбалер, Никола Јакимоски направил трансфер во Јапан, а навивачите му приредиле топло добредојде
 
Од Македонија се до Јапонија. Некој си наш фудбалер, Никола Јакимоски направил трансфер во Јапан, а навивачите му приредиле топло добредојде
Повеке македонски знамиња отколку кај нас на трибини...
 
Зедов и јас карта. Ми рекоа дека половина биле засега продадени и дека продажбата оди добро. Па ако планирате да одите, не чекајте до последен момент, до крајов на работнава недела, набавете си.
 
Дечки, да не знае некој поточно во кој хотел ќе бидат сместени Белгијците?
 
Дечки, да не знае некој поточно во кој хотел ќе бидат сместени Белгијците?
Планираш нешто а? :sneaky: Ако да, знаеш кој треба да скинеш прв. Хазард па после Фелаини, со другиве ке се справат нашиве футбалеришта :pipi:

Шала на страна, незнам, ама претпоставувам Стоунбриџ, обично таму ги ставаат.
 
Планираш нешто а? :sneaky: Ако да, знаеш кој треба да скинеш прв. Хазард па после Фелаини, со другиве ке се справат нашиве футбалеришта :pipi:

Шала на страна, незнам, ама претпоставувам Стоунбриџ, обично таму ги ставаат.

Прво да ја дознаеме точната локација, после ќе размислиме два пати што да правиме. :D
 
Данците беа сместени во Плаза хотелот, кај Алумина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom