- Член од
- 25 март 2012
- Мислења
- 8.620
- Поени од реакции
- 5.259
Турците и арапите во Европа е голема разлика од албанците во Македонија....Пуно секоја чест за исклучоците кои навистина се интегрирани во општеството, познавам неколку такви Албанци кои се дружат со Македонци и влакно не им фали на главата дури и за време на војната. Но неможам да се отргнам од впечатокот дека Албанците имаат тенденција кон изолирање и гетоизација. Но овој впечаток го имам и за голем дел од Турците и Арапите кои живеат во европските земји , па затоа мислам дека причина за тоа не е албанизмот туку религијата. Која дефакто прво ги изолира девојчињата а тоа се пренесува и на машката популација. Мислам дека за влијанието на религијата врз однесувањето и интегрирањето е Босна каде што буквално ист народ со различна религија неможат да се поднесуваат едни со други. Не попусто најмногу насилство кај Албанците се појавува на Косово, тоа е резултат на инфилтрирањето на радикални структури кои поради војната и незадоволството на тамошното население наидоа на плодна почва за ширење на фанатизам. Сето тоа после 1999 година се пресели и во Македонија. Јас сум од тие кои веруваат дека македонските Албанци не се тие кои предизвикуваат нереди , дури не се ни тие кои беа главни организатори на војната 2001. Секако дел од нив ја подржаа, како резултат на некое незадоволство , а пред се резултата на лични интереси на оние повисоки структури.
На крај клучот за соживот сепак мислам дека е кај Албанците кои треба да ја напуштат идеата за голема Албанија (која патем за жал е сеуште главна тема кај албанските партии во предизборието, што значи дека најголемиот дел на македонските Албанци сеуште се палат на оваа идеа и сонуваат за неа) и треба да работат на интегрирање во општеството , наместо градење на паралелно општество токму со намери кои ги спомнав погоре. Треба да сопре и етничкото чистење изразено преку разновиден и континуиран притисок на Македонци и други неалбански етникуми во средините кои се со поголем % на Албанци. Кога ќе дојде тој ден секако дека и Македонците со време ќе изградат доверба кон Албанците исто како што имаме доверба кон Турците, Власите и другите националности кои се интегрирани во општеството.
И последно ме интересира , дали ти (бидејки сум сигурен дека имаш пријатели Македонци) си имал некогаш проблем со нив?
Јасно е дека впечатокот си го здобил врз изолирани случаеви.....
Пак од гетоизацијата на албанците во Македонија кој добива?, кој добива од гетоизацијата на ромите? самите роми? мислиш не сакаат албанците да бидат интегрирани? кој албанец не сака да се вработи во државна институција? Најди еден пример само!!!
Ајде да се шетаме ние двајца ви било кој град на Македонија каде има мешани заедници, ќе одиме и кај албанските средини и кај македонските средини, дали мислиш дека кај албанските средини ќе најдеш македоне во кафитерии? јас сум сигурен дека албанци има во македонските средини и кафитерии, барем во куманово знам сигурно......
Се разбира дека религијата игра важна улога, за жал....
Можам со сигурност да ти тврдам дека албанците во Македонија отсекогаш биле најрелигиозни од сите други албанци....
Идејата за Голема Албанија е минато, јас ви тврдам, во 2001 е избран друг пат, и нема смисла веќе менувањето на границите, ако слободно можеме да се движиме и изразуваме... албанскиот е официален во тие оптштини каде има албанци, општините се раководат од албанци, во самата власт има албанци, и затоа не гледам смисла зошто би се сакало да се смени ова...
Споредбите со турците и власите овде не завршуваат работа....
Јас лично не сум имал проблем оптшо со било која Македонец, освен кога јадев ќотек еднаш не лично туку како албанец...
А со моите пријатели македонци имам феноменали релации....
Секогаш ме вика на кафе, некогаш одев, и супер ни беше, но и често не одев, затоа што се плашев дека немам да бидам добро прифатен, иако никогаш не сум видел такви сигнали...