И ако најдеш некој кој условно ја создал првата енергија(што и да подразбираш под прва енергија), зарем не треба твоето љубопитство да оди понатаму и да се запрашаш кој го создал него? Ад инфинитум.
Теистите веруваат во несоздаден вечен Бог. Оттука прашањето „Кој го создал Бог?“ за нив е апсурдно и еквивалентно на прашањето „Што е појужно од Јужниот пол?“.
Значи теистите веруваат во несоздаден вечен Бог, како што и повеќето атеисти веруваат во несоздадена вечна енерго-материја.
Но ако претпостсавиме дека енерго-материјата е вечна, тогаш се судираме со други научни проблеми. На пример вториот термодинамички закон тврди дека ентропијата во Универзумот континуирано расте. Спонтаноста на системи резултира со поголем неред. Водородот во ѕвездите неповратно се троши (ѕвездената нукларната фузија или согорувањето на водородот во хелиум е иреверзибилен процес). Затоа научниците велат дека Универзумот се стреми кон топлотна смрт.
Е сега ако претпоставиме дека енерго-материјата е вечна, следува дека сите овие иреверзибилни процеси би требало да се случеле во бесконечно минато време, ентропијата да го достигнела својот максимум и топлотната смрт на Универзумот да настанела мноооогу одамна.
Но денес не гледаме мртов, темен и ладен Универзум. Напротив гледаме милијарди ѕвезди полни со водород кои сеуште светат. Што значи дека не е можно да постоеле вечно.
Исто така фасцинантниот ред и организираност особено кај живите организми кои, во својата ДНК, содржат цели библиотеки на информации (организирана комплексност) сведочат за процеси обратни на спонтаната ентропија чиј резултат секогаш е зголемен неред, распаѓање, смрт, оладување, топлотна смрт.
Со други зборови, ако без предрасуди гледаме кон Универзумот ќе видиме дека тој не е вечен, туку дека има свој почеток, за што сведочи и светењето на ѕвездите.
Исто така и погледот кон живите организми сведочи дека ентропијата не е оставена сама на себе, туку дека постои некој или нешто што внело структурна организираност во енерго-материјата, па дури и ја оживеало.