Малечко детенце од Сирија низ солзи раскажува за бруталноста на сирискиот претседател Башар ал Асад. Човекот кој може да се слушне во позадина го прашува детенцето зашто седи таму (непознато место) и плаче, а тоа низ солзи почнува да си ја раскажува својата приказна.
“Башар ал Асад почна да не убива..., почнаа да не ограбуваат...Ние само седиме овде, што сме му сториле нему? Ние само си полниме вода од ова место и ја пиеме... Зарем ние не сме луѓе? Тој ни ги уништи нашите домови, не ограби, немаме што да носиме, не ни остана ништо. Кога врне, ние седиме тука со овие луѓе, тој не ни дозволи да останеме дома ниту една минута. Тој е многу зол човек“, низ солзи раскажува детенцето.
Видеото е објавено вчера, а на социјалните мрежи се прошири многу брзо со надеж дека исповедта на детенцето ќе биде само чекор кон надминување на немирите во Сирија.
Бројот на Сиријците кои избегале од земјата, месецов достигна еден милион.
“Со милион бегалци во странство и со милион расселени во земјата Сирија влезе во спиралата на целосна катастрофа“, оценуваат експертите.
Повеќето од бегалците се наоѓаат во Либан, Јордан, Турција, Ирак и Египет. Од почетокот на востанието против режимот на претседателот Башар ал Асад пред повеќе од две години досега во Сирија загинале околу 70 илјади луѓе.