Јас пробав на среден влог би рекол, двете утакмици вечерва на точен резултат да ги изиграм, затоа што увидов дека за појака уплата нема резон да се игра вечерва.
Според мене, вреди да се проба макар и на мала уплата, а еве како и зошто:
Барселона - Милан - конечерен резултат 2:0.
Зошто? Затоа што сметам дека Барселона нема да може да постигне повеќе од 2 гола а без притоа да прими ниту еден, и знаејќи го тоа не верувам дека ќе се отвори толку радикално како што мислат сите, поготово не ако веќе да речеме стигне до водство од 2:0 а со тоа и продолженија во џеб.
Милан ќе се брани пред се тоа е факт, и знаејќи го Италијанскиот стил за тие работи, не верувам дека ќе прими повеќе од 2 гола.
Шалке - Галатасарј - конечен резултат 1:1
Дефинитивно очекувам израмнет меч, можеби нешто како првиот. Двете екипи способни се да дадат ама и да примат гол. Голем ризик никој не прифаќа на вакви дуели, затоа мислам дека тука ќе има идентичен резултат како на првиот меч, односно и на овој дуел ќе гледаме продолженија.
Вреди да се проба, макар и на 100 денари. Ова е анализата од мене. Па среќно!