Ресторани - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Iris
  • Време на започнување Време на започнување
Постојат доста убави ресторани. Еве некои од нив: Кај Злате, Воденица Мулино, Панорама...... :)
 
Да ве прашам ако знае некој да ми каже фин ресторан во Скопје на пр каде што можат да одат од 20 год. па нагоре ... :icon_mrgr: каде што има доста добри тестенини добар амбиент и тн.
 
И ја би прашал предлог за ресторан, за пар т.е со понежна половина, некое фино местенце
 
Гледам сите што препорачувале, па ќе препорачам еден од најелитните ресторани во Скопје - Камник.

Атмосферата тивка, јадење само дивеч, избор на вино преголем. Цени прескапи, јас бев на 18 род сеа кај другар, потроши 7000 ден за 5ца, онака лајт јадење и пиење, ни претерување ни премалку. Инаку местот и јадењето и се е претоп.

Закажување обавезно, бидејќи владините ручеци и се друго што се одржува такво е таму. На врата ве пречекува обезбедување со калашников и сл. Секој што може да си го дозволи обавезно да го посети. Ресторанот е вреден преку 1 милион евра, целиот мебел е направен од еленски рогови, додека целиот комплекс со хотелот ( значи не е само ресторан, си постои и хотел ), со се приватните куќи на газдата и слично вреди премногу.

Камник е во посебна класа, едноставно единствен во Македонија. Далеку најдобар. Под ресторанот има стрелиште да се олабавиш, јадење прекрасо, пробај палачинка таму ма све што е е на мени е одлично. Вино од цел свет и тоа добро сортирано не е само да речеш купено. Хотелски соби на самото место за ако целокупна романика и добар крај на денот...
 
Да ве прашам ако знае некој да ми каже фин ресторан во Скопје на пр каде што можат да одат од 20 год. па нагоре ... :icon_mrgr: каде што има доста добри тестенини добар амбиент и тн.
За 20 годишни идете на Партизанска има еден италијански ресторант над Брос кафичот. Таман е за годините ваши.
 
Постојат доста убави ресторани. Еве некои од нив: Кај Злате, Воденица Мулино, Панорама...... :)
Јас сум разочаран од Кај Злате...Немав јадено многу оддамна и сега брзо еден другар порача скара.
Се одлучив за пилешко полнето каре од причина што во Скопје тешко да ме бендиса мелено месо, додека амурот од Промес што го кориситат Кај Злате не можам да го смислам.
Кога го пресеков пилешкото се запрепастив, ставиле растителен кашкавал од 100 ден. кг, а ваму цените му се исти, дури и повисоки како и останатите кафанчиња од таков тип.
Во Дојрана јадев сега брзо и ме бендиса телешкиот мускул, само премногу е гужва и треба да бркаш келнери.
 
Во Дојрана јадев сега брзо и ме бендиса телешкиот мускул, само премногу е гужва и треба да бркаш келнери.

Телешки мускул кај Чамо да јадеш. Кафаната ти е карши општина Центар во една голема порта се влегува.
Бркање келнери треба да се воведе како спортска дисциплина и во Дојрана и во Панорама погоре споменатата.
 
Да ве прашам ако знае некој да ми каже фин ресторан во Скопје на пр каде што можат да одат од 20 год. па нагоре ... :icon_mrgr: каде што има доста добри тестенини добар амбиент и тн.
Ресторан Воденица Мулино :)
 
Некој да препорача некое ресторанче во Скопје кај што може да се проба нешто различно од она вообичаеното што го има во сите кафани...Може нешто италијанско, па и кинеско и некоја друга кујна :)
 
Како е со цени во Македонска Куќа?
 
Некој да препорача некое ресторанче во Скопје кај што може да се проба нешто различно од она вообичаеното што го има во сите кафани...Може нешто италијанско, па и кинеско и некоја друга кујна :)

Ако бараш друга кујна иди во Арапски во ГТЦ до Џино ресторанот се наоѓа од надворешна страна. Ако бараш Италијанска иди во Густо кај Палома Бјанка зелена боја има од надворешна страна така ќе го препознаеш. А Кинеска храна иди во кинескиот ресторант што се наоѓа кај мистер Џек (Валијант) во уличките побарај ќе го најдеш.
--- надополнето: 10 март 2013 во 14:36 ---
Ресторан Воденица Мулино :)
20 годишни деца ги праќаш во Воденица каде грото од клиентелата е политичари и бизнисмени?
--- надополнето: 10 март 2013 во 14:36 ---
Како е со цени во Македонска Куќа?
Исто како и секаде низ Скопје.
 
Ако бараш друга кујна иди во Арапски во ГТЦ до Џино ресторанот се наоѓа од надворешна страна. Ако бараш Италијанска иди во Густо кај Палома Бјанка зелена боја има од надворешна страна така ќе го препознаеш. А Кинеска храна иди во кинескиот ресторант што се наоѓа кај мистер Џек (Валијант) во уличките побарај ќе го најдеш.
--- надополнето: 10 март 2013 во 14:36 ---

20 годишни деца ги праќаш во Воденица каде грото од клиентелата е политичари и бизнисмени? Воденица е ресторан кој нуди богато мени и е добро средено, не зборам за да одиш таму за дс гледаш политичари :)
--- надополнето: 10 март 2013 во 14:36 ---

Исто како и секаде низ Скопје.
 
Како е со цени во Македонска Куќа?
Овде е пиењето е малку поефтино од другите кафани , а и амбиентот е добар според мене.
Илустративно пиво е 70 ден, ракија 50 ден, узо 50ден и тн.....ќе си видиш кога ќе отидеш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom