Омилени стихови од македонски поети

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Светлана Христова-Јоциќ - Да се ослободам

Зошто не ми дозволувате анималност,
зошто не: воен инстикт, освојување;
зошто да не ја обожувам страста?
Дозволете ми ги осветите, лукавствата
лутините, сладострастијата!
Зошто не ми доверувате сознанија и мудрост,
зошто не ми давате моќ да поставам цели!
Целта да биде точката - вон Умопретставата,
Целта е кај зборот што е над секој звук!

Зошто се плашите да не го засакам злото?
Да не ги љубам демонските обреди.
Со надумни средства умот се шири!
Зошто да не создавам мит, "чудесна невистина" - мит за новиот век?
Зошто не, средба со ирационални зборови?

Зошто предупредувањето: ако ти се јави
Нешто натприродно, отвори очи и извикај:
"Не сакам да го видам!
Не сум достоен да видам,
ако ова видение е од Бога".
Зошто одвраќање од демонското заведување?
Дозволете му на се што се влива во мене,
што нурнува во телово.
Дозволете му на ликот на зборот сам да се образува!

Дајте ми упорност да не се плашам од опасности.
И од скок мртовечки.
Во непознатото и во неочекуваното
да не застанам на половина пат.
И да не паднам во малодушност, срџба и очајание!

Напор, вртлог и бесмисла, дајте ми -
да летам и да не паднам,
како тешка птица да летам право,
како гавран не кривејќи се, не виткајќи се ...

Дајте ми волја, уживање, властољубие, себичност
Љубов дајте ми!
Преумножете се што ќе ме истроши.
И - да се ослободам!




Беше огромно задоволство што те познавав. Почивај во мир.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Смртта на еленот
На Рацин

Поминуваш болежливо.
Водата ти ги брои раните
Слични на капинкови цветови.

Не знаеш дека
Во долот те чека
Кошутата на смртта.

Додека се загледуваш во изворот
Змиите на ветрот
Се клопчат за скок.

Потоа се' е како во сон.

Само пеперугата од срцето
Ловците не ја
Најдоа.

Михаил Ренџов
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Дали се сеќаваш кога прв пат се сретнавме,
и кога ме гледаше, правејќи се дека не ме гледаш
и кога јас те гледав, како да не те гледам;
и кога ти реков: тој што ќе го прашаш за мене
оној е за кого прашуваш.
И кога потоа се држевме за раце,
како живиот оган што се држи за огништето.

Дали се сеќаваш кога се враќавме дома,
и кога, пред да не наврне дождот, ми рече:
падна првата капка- почетокот на поплавите,
доаѓа водата што е корен на секој корен,
што е фитил во зрното, во икрата, во ципата
во кои се подготвува светската експлозија.

Дали се сеќаваш кога со едната рака работев,
а со другата те хранев и те милував
и кога ти реков дека прегратката и бакнежот
не ја кажуваат ни половината од мојата љубов;
кога срцата ни грмеа и го заглушуваа светот
и кога ти ми рече, не знам што ми рече,
и кога јас ти реков, не знам што ти реков
и кога она што не можев да ти го кажам
беше меѓу моите зборови заостанато.

Дали се сеќаваш кога ја отвори вратата,
покажувајки ми колку е убав надвор денот
и кога јас ти реков дека и дома е убаво
и убаво е секаде кај што ти престојуваш.
Ти рече: погледни! а мислеше- Те гледам,
јас ти реков: гледам, а мислев- Ме гледаш,
кога Земјата се преобуваше, се преврзуваше,
кога се беше јасно во јасното сонце
и качунката на повисоко си ја качуваше воздишката,
што беше несреќна само кога не е со тебе.

Дали се сеќаваш кога се тркаа моторциклистите,
втрчувајки во денот што требаше да дојде,
кога Работнички победуваше во кошарка,
кога небото го задржуваше сонцето
на височината што е еднакво оддалечена од сите
кога низ кожата ти назирав како низ прозорец
и гледав што се работи во моето село,
кога Јули надоаѓаше од секаде до секого,
кога од пологот излетуваше потполошката,
како патоказ на своето беспатје на полето
и кога ме праша: Што мисли јајцето во птицата?
и кога ти реков: А што мисли птицата во јајцето?

Дали се сеќаваш кога ветрот ги диплеше житата,
и лицата ни трепереа во водата што ја пиевме,
и на времето кога те чекав, кога ме чекаше
и кога те барав, кога ме бараше ко јагулата
што го бара родниот крај на својата смрт
кога открај докрај ни се отвораше залезот,
кога нашите тела на својата сенка и сенеа
и ноќта ја мразевме зашто не разделуваше,
но тоа доаѓаше и празнината си ја пополнуваше
со карбитните ламби и фосфорот што и светкаше
од очитена мачките, од срцата на светулките.

Дали се сеќаваш на она потоа и потаму,
кога ставаше за вечера, кога чекав да постелиш,
кога ми рече: Легни си!, а мислеше- дојди!
и кога чу: Ќе дојдам дур да изброиш до сто,
а мислев: Мислам на тоа и ти што го мислиш.
И кога потоа твојот здив ми се доближуваше,
како превез навеан дожд, како пауново перце,
како облаче од испраните алишта што се сушеа;
и кога спиеше и продолжуваше да го калемиш
поубавиот сон на погрдиот
и кога утрото гледајки во твоето росно чело,
го препознаваше својот елмас своето ведро небо.

Дали се сеќаваш: тој што го праша за мене,
оној е за кој сеуште прашуваш.

Петре М. Андреевски
 

Bopix

Џедај
Член од
2 февруари 2008
Мислења
15
Поени од реакции
10
ИНТЕРНЕТ

Бог да го бие Цукерберк Марк
го направи фејсбук ко луна парк
кој бил да моча, кој со кој се смувал
дознавме дури и трава кој дувал

Секој курајбер во животот сајбер
јак зад компјутер во живо шалабајзер
згодни на слики со фотошоп слој
во град да ги сретнеш грди ко ној

Брат со брат лафат на чат
на интернет сите животи арчат
забораваат домаќинки и ручек да прават
на трачарска мрежа ломотат, гњават

Нетот стана прозорец на светот
од него ни падна и наталитетот
и сите шмизли го знаат редот
па блицови фрштат во тоалетот

Бог да го бие тој свет виртуелен
живот компјутерски, извитоперен
семејство збрано, ручек се тура
трошки се ронат на тастатура

Бутови, дојки, линкови од Цеца
тетки у години бркаат деца
врие манијаци, стари педофили
женети дртала демнат по профили
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Љ У Б О В

Ти си ми тивка и нежна,
Ти си ми малечко моме...
Зошто си в црно забрадена,
Зашто ли очите модри
в бисери ти се искапени?

Ти си ми тивка и маѓесна,
Ти си ми тажна царица,
Ти си ми златна и бисерна,
Ти си мојата љубов –
Малечка моја татковино,
Пролет што не си видела,
Ниту пак сонце и радост...

Ти си ми пролет разбудена,
Со нежни цвеќа, со галаби –
Птица си бела, осудена
Простори да прелетува.

Антон Попов
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Мимикрија

Би излегла вечерва од својата кожа
и би влегла во нечија туѓа.
Би лажела дрско,
би мамела безобразно,
манипулирајќи безобѕирно.
Би била се што не сум.
Би земала облик на љубовта,
обоена со копнежот,
претопена во сенката на
притаената страст.
Зашто...
Сеуште ти го паметам
вкусот на усните
и ги знам напамет
сите твои погледи
и студени и топли
и сончеви и дождливи,
а понекогаш ветровити.
Ја знам напамет азбуката
со која говорат твоите прсти.
Вечерва се чувствувам толку
славо и силно истовремено
толку тажно и весело
а, сепак, рамнодушно за се.
Вечерва јас немам
свој облик ниту лик.
Само чиста страст

Вероника Костадинова
 
M

Macedonian-Sun

Гостин
Орелски крилја как да си метнех и на наши страни да си прелетнех

и

Како на вратот ѓердани
ниски камења студени,
така на плешки денови
легнале та натежнале.

Денови ли се-денови
аргатски маки големи!

Стани си утре порано
дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси.

ај пусти да е,пуст да би
останал животот кучешки!

Роди се човек-роб биди
Роди се човек-скот умри,
скотски цел живот работи
за други ,туѓи имоти.

За туѓи бели дворови
копај си црни гробови

За себе само ргај си
за себе маки тргај си
нижи си гердан денови
нижи си алки ковани,

нижи си синдир железен
околу вратот навезен!
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
А еве кај е да си ебеш векот - еве кај е крај на светот !

Никогаш не ти кажав колку те сакам!
нит па ја разбрав дека ме сакаш
Никогаш не ти признав оти си имам мака
никогаш нит ти дека имаш иста мене ми кажа!
А еве кај е да си ебеш векот - еве кај е крај на светот !
никогаш не те направив среќна
а нит јас после тебе се разбудив среќен
никогаш не се разбудив ко нормален
никогаш не се разбудив ко Дарко
никогаш не се препознав пак во огледало повеќе
По некое време им реков дека си вештерка
им реков дека си глупа и ко Џемс Дин се искурчив и запалив цигара
Потем изустив тивко : кој ја ебе
По некое време им рече дека сум бил вампир и пијандура, говедо , цреп ,а на крајот си побарала упаљач и си изустила : како можев кој деген бе човече!

А еве кај е да си ебеш векот - еве кај е крај на светот !
Никогаш не признав дека навечер касно те гледам во мракот како се мушкаш во постела покрај мене
Никогаш не призна ни ти дека навечер касно ме гледаш пизда ти материна
ме гледаш и ти мене
Никогаш ни духовите наши не си рекоа Здраво
кога тргаше моето ја накај тебе и твоето ти накај мене кога трчаа боси по снегот низ маало
никогаш не застанаа очи во очи да си признаат оти сме НИЕ
оти се делиме на пола и вриштиме
во сонот измеѓу две треперења од точките на саатот од мобилниот кај мене и дивидито кај тебе оти ... умираме
И Ој кажи му
и ој кажи и душите еден кај друг по такси оти ги праќаме
На мене мислела кога нарачала вибратор од И беј кралицата од Саба
на тебе мислел цар Соломон кога ја пишувал Песна над песните
Ал ипак тоа ја и ти никогаш нема стопосто со сигурност да го знаеме
Мада така викаат така имам слушано од постарите!
Оти ние двајца сме биле!
А еве кај е да си ебеш векот - еве кај е крај на светот !
Сабајле ако те сретнам пак ќе ти премолчам оти и по мама би викал краво за тебе
сабајле ако ме сретнеш ќе ми премолчиш дека и на татко ти би му рекла стари све му давам го сакам да си ебе
А еве кај е да си ебеш векот - еве кај е крај на светот !
Никогаш ти не ми поверува дека сум покрај тебе среќен
Никогаш ме пушти внатре оти си клета!
Никогаш не те пуштив да ми ѕирнеш во срцето преку очите оти сум клет!
Никогаш ни јас не ти поверував дека ти кинам колена и правам во желудник благ земјотрес
Никогаш не ми поверува оти си кучка со ангелско срце
Никогаш не ти поверував дека сум бездушник и поет
Никогаш нема да ти вратам на пораката: Дојди!
Никогаш нема да ми вратиш на моето: дај бе едно кафе ко луѓе да испиеме
Никогаш нема да дојдеш староромански патријаршки хор да слушаме потем да го угасниш и да ме изнервираш и триста глупости во лутината со телата наши да праиме
Никогаш ни ја на концерт на Јосипа Лисац па тебе ќе ти дојдам - а бе важи немам друга работа! А бе никогаш слушаш? Како не .. А бе ајдее !
А еве кај е да си ебеш векот - еве кај е крај на светот !
Залутав во Носепоркетекјеро пред илјадници години.
Лутав по улиците од злато да купам цигари и те сретнав тебе
Ми кажаа дека ќе ме убијат ми кажаа дека ќе ме убијат ако ти пријдам и ако те погледам во очите
оти сум Ацтек ми кажаа да си одам пред да ме убијат и да ми напраат проблем
ми кажаа дека си ќерка на некој клавирштимер дека се викаш Ундостресунпасидовакантемарија и дека ако ни е судено ќе се сретнеме на нескафе без млеко и шеќер
дека ќе се сретнеме пред крајот на светот
дека ќе се сретнеме пред крајот на светот според нивниот календар дека ќе ни се сретнат душите
пред илјадници години ми снема цигари и тогаш дознав дека си ќерка од некој клавирштимер
дека не си како мене Апаш ами си од Маите
од тогаш чекам пак да ти ги видам очите
Прееска
на партизанска видов траги од јагуар по снегот
траги од крвави стапки меѓу Пежо 206 бордо и Нисан црн Терано
од твоите штикли
од пред илјадници години истите твои отисоци на билбордот
да не паднеш кај се крепиш- отисоци од стаклото врз прстите
Тука си ?
Тука си ?
Прееска римајндер ми се уклучи на телефонот вели
утре е крај на светот.
Ќе пиеме кафе ?
Ќе се лапаме?
За клецање шопрајме?!
А еве кај е да си ебеш векот - еве кај е крај на светот!
Вака ништо не праиме!

Маестро Дарко Лешоски :)
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Тутунчо
Не ме колни, не ме жали!
Не ми нижи низа клетви!
Камен тежок живот ми е,
а по тежок одзив пусти
по народни думи свети!

Ако куќа ве направив
со високи шимшир порти,
куќа цел свет братски ми е,
братски срце што отвора,
срце - порта највисока.
срце - куќа најширока

Ако жена не донесов,
ѓул - трендафил во одаја,
верна, добра млада љуба -
не ме колни, не ме жали:
во борбата другарката
солнце сјае, солнце трепи!

Ако млада си години
по друмишта, по патишта
в младост горка распосејав -
погледни ми право в очи:
ти ли беше што пееше

„Ајдутин мајка не рани,.."

И ако не умрам дома
туку кај стии пиштат,
в борба искри кај што л`штат -
блазе, речи, на душата -
има зошто душа да е!
Коста РАЦИН
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
236
Ако ја има, нека ја има уште еднаш...

Умилкување (Дениција - Петре М. Андреевски)

Ќе ги отпретам сите горештини од мојата глава,
ко суво дрво на сува рида реките ќе ги заковам,
ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња
и ќе те љубам и губам и во пости и пред гости
само да ме сакаш.

Ќе ги поткупам сите човечки сетила и патила,
сите светлосни преѓи песијазол ќе ги врзам,
сите денови и ноќи на својот почеток ќе ги
вратам,
ќе ти дадам се што е солено и молено
само да ме сакаш.

Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокам,
ќе ги затнам сите извори,се што гори ќе отворам.
Ќе направам да не се знае кај е лево и десно,
ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица
само да ме сакаш.

Ќе ги шпионирам сите крадци на твоите часови.
Ќе ги исфрлам од употреба страните на светот
и светот, по црна ноќ, одмижанка ќе го истрчам
и ќе те фалам и кудам под сите небеса
само да ме сакаш.

Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено,
не шеќерот ќе му забранам да се споредува со
тебе,
не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас,
со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцелам
само да ме сакаш.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
„Дете од лоша фамилија“
(отаде разумот. отаде вселена)

Татко ми и мајка ми биле простачки убав пар.
Тој височки слаб со голем нос
боемчина
Џентлмен пошто знаел да свири ама не свирел пред луѓе на хармоника за нејзе да не ја брука
Таа црна со светли очи и со тенка половина.
Се засакале.
Се држеле за рака.
Спремни биле и ме чекале.
Там`н после свадбата една година
Ми извадиле човече свиња
- скоро четири кила.
И одма мајка ми почнала да ме стега.
Да не ме дава.
Да плаче.
Да ме стега на градите како на покоен син мајка фотографија.
Како икона.
А потем да не и паднам не сакала да ме земе во раце.
Потем не можела сама со мене.
Потем чаршафот го стегала меѓу заби и плачела.
Докторот рекол ќе мине – само кратка пост натална депресија.
А татко ми знаел дека преголема љубов уште малце уште трошка би ја убила.
Знаел дека ќе се случи сето тоа кога му го раскажала сонот за врапчето што го стегала во раце од милост зимата
од страв да не и умре и да не му се деси нешто
врапчето во дланките да го заштити видела дека го задушила
Тогаш татко ми престанал да и дава се што му поминувало низ глава
престанал да и ги пишува најубавите љубовни писма одовде до Индија.
Престанал да и кажува што му е него уствари таа
Престанал да и шепоти на чудни јазици дури таа спие.
Почнал и тој да се плаши.
Почнал и тој да се плаши од љубовта нејзина.
Почнал како да ја тера да се напие
од распукан хидрант на улица вода да се чувствува.
Почнал сам да се окривува.
Тоа на времето како сега го паметам.
Незнам дали имав 2-3 месеца кога ги чувствував обајцата кај нејзе во стомак .
Ама знаев дека ќе се промени.
Јас дојдов затоа.
Дека ќе се промени знаев се оти уште тогаш ме прати Бог како казна.
Ќе одиш и ќе средиш ми рече
види таму молимте жити мене да не праиме проблеми.
Ти давам ете сам да средиш некое време.
И средив.
Сега им е лесно.
Сега еден за друг кур ги боли обајцата
Си живеат ко обични дечко и девојка
Час се раскинати
Час опет се во врска.
Некогаш мислам дека неможат да се гледаат од што си се одвратни
Некогаш мислам дека се пукаат ко луди
Ама сега им е лесно
оти мене ми го префрлаат вишокот од љубовта
јаден си ?
имаш пари ?
што сакаш да ти направам за јадење
сакаш нескафе?
што сакаш да ти купам утре?
Со пичица работа?
Добар си ?
Супа жити мене супа!
Ти ја платив од Неотел сметката!
Добро ова меѓу мене и тебе никако на татко ти!
Добро ова меѓу мене и тебе никако аман жити мене да не ја секираме мајка ти!
Некогаш се чувствувам како дете на радоста
некогаш како дете на нивната тага
Се плашам да се оженам
Се плашам да се заљубам
да имам јас жена
оти и јас бев со нив кога се заљубија
кај него
кај нејзе во крвта
во сето скриено
во потсвеста
во она делче кое дава и зема живот споив во мене љубов колку за дупла душа
јас бев посредник меѓу нив и бога
јас во рајот маса им резервирав кога се засакаа
се сеќавам како е
отаде разумот отаде вселена
јас бев љубовта нивна
јас сум злосторот од нивната преголема љубов
јас сум казната за тоа што претерааа и го увредија Бога.

За да знаеш кој сум
За сега да знаеш и да спиеш мирно оти тебе нема да те убијам.
За да знаеш дека си пратена и пратен пред тебе од ѓаволот.
За да не го јадеме пак курот од оној горе и ние обајцата.
Го молам да ме оставиш и да ме земе мене во 3 сабајле оти ти не си ништо дужна!
Го молам него преку маглата.

Остај ме !
Те оставам!
Јас сум дете од лоша фамилија.
Ти го пишувам писмово.
Утре ќе ти го пратам по пошта.
Од кога не си добила писмо?
Писмо пишувано долго и тешко.
Писмо со вдлабната хартија горе лево од солза.
Писмо со нерамна солена хартија долу десно од испотена машка дланка
ѓоа не е маж ами дете пред приредба во градинка.
Толку од мене.
Толку за мене и мојата историја.
Не смеам ! Не смееш да ми веруваш!
Не смееш да ме пуштиш внатре.
Најди си фино дете.
Титни.
Кажи му на свети Петар
Мојот знак во тишината врз срцето твое врежан од кого ти е
Кажи му ако не ве пуштаат горе кога ќе дојде време.
Во меѓувреме јас ќе бидам тука.
Ако имаш друго нешто мака јави се.
Познавам луѓе кои имаат по 3 грама љубов во крвта.
Живеат
супер им е – сакам и ти да си од нив една.
Да си тапа.
Најди си фино дете.
Роди му четири деца.
Јас не знам да мразам.
Оти сум само излишна љубов.
Оти сум само реинкарнирана тага.
Ќе ги шетаме во парк во недела.
Ете сега знаеш.
Се што сакаше да знаеш ти кажав.
А сега послушај ме.
Остави ме.
Стани од масата
Стуткај го и фрли го писмово во корпа.
Не секирај се пак ќе сакаш
Ќе се заљубиш после ќе ти помине ко настинка.
Остави ме оти ќе те убијам.
Остави ме оти на триесет ќе ме умреш.
Остави и разбери оти двајца не смееме.
остави ме оти овие двајца моиве едвај се спасиле
остави ме оти може да биде касно
оти јас и ти може со две срца да родиме дете...
со очи ѕвезди
со допири изгореници
детенце наутро дур го носиш во градинка по улици што ќе пие души место од фруктал кашички.
Вети ми !
Остави ме.
жити мене ...жити ние.

Навечер касно морничав шепот ми трепери во слепоочницата
вели ти не смееш да ја пипнеш оти нов исус лежи во нејзината утроба.
Ако се споите.
Ако сте заедно вие двајца.
Ќе го погледаш Злото право во очи
ќе те погледа и тебе во очи Бездната!
ќе го погледаш Злото во најчиста форма
-неможеш ни да си ја замислиш казната!
Ќе умираш со брзина на светлината по неколку пати во една секунда
отаде разумот
отаде вселената
така вели таа Љубовта мајка му од Бога
што го чува и него од Зло
што ни мисли и тебе арно
таа темна љубов што ги крепи столбовите на земјата.

Што се огледува во дното од твоето лево око.
Што ти намигнува од мојата десна зеница.
Отаде разумот.
Отаде вселена.

Утре е петок.
Утре е крај на светот.
Во Струга е пазарен ден во сабота.
Којзнае колку ќе е кило зелка ради тоа...
Задутре немој си ме побарала!
Остави ме!
Ќе ти ја допишам во сабота тамн на раат без никој на светов од горе оваа песна.
Таман неделата не сме на работа.
Ќе викаш ајде ајде дај да ја прочитам да ти ебам мајката.
Ќе го земам листот и ќе го стуткам и ќе го проголтам.
Ќе го спотерам со текила.
Ќе ти кажам еве ја - земи си ја!
Потем ќе те гушнам.
Ќе те залапам.
Крвта ќе ти ја загадам со поезија како река покрај фабрика за моторни масла.
Ќе трепериш.
Ќе треперам.
Ќе трепериме заедно дур ни лупа крвта низ вените како басот од Невозможна мисија песната
на метеорит 200 X 160
во црна дупка од мемори пена
Сами на светов ќе не распне Бог обајцата утрината.
Оти те сакав повеќе од него.
Оти те ме сакаше повеќе од него.
Ќе крвариме
ќе му се смееме во фаца.
А потем се наново.
И седум дена и животни и еднорози и диносауруси и втора свестка војна
-јас и ти во други тела.
За рака фатени кај тобако два.
Спроти Палма.
Се смееме.
Се заљубуваме после два дена.
Нашиот нов бог се смее од небеса.
Од моја крв.
Од твојата утроба.
Не плаши се.
Ни јас
ни ти
ништо на овој свет не е вистина.
Остави ме !
Те оставам!
Се гледаме отаде разумот.
се гледаме отаде вселена.
Штознам ај на раат во сабота после апокалипсава а?

Дарко Л.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.987
Поени од реакции
37.268
Кога сме кај маестро Дарко Лешоски, ова е според мене се уште ненадминато (особено омилени ми се болдираните делови):

Се смеев - Дарко Лешоски

Ме разбуди сестра ми.
Сум се смеел во сонот.
Ме разбуди во листови изгужвани- гомила!
и кога се разбудив се смеев знаејќи дека никад нема да се пробудам ко човек,
-ами ко поет...
потем и се смеев и на мајка ми
знаејќи дека ниедна мајка ко нејзе нема да биде богумила
толку горда на толку голем скаперник ко мене
- што се смее!
Се смеев и во пекара на господинот со убава врска,
крокодилки без врска и црна актовка
оти јас никогаш нема да имам таква кожа
-на мојов образ!
Се смеев и кога бев по Диазепам во аптека
и се смеев на една гром девојка и се трудев да не ја гледав во гради
оти знаев дека и сум надвор од лига ,а и срам ради...
и таа може да пукне,
но јас никогаш ќе ги немам нејзините...
-на моиве гради!
И се смеев и на аптекарката,
оти таков Remifemin ко мојов јазик не оди на рецепт
-кога сакам!
Му се смеев и на бебето што се смееше ако му плазиш јазик
се смеев и на дебилното ни заразно смеење
-ко крвна врста!
И се смеев на мајка му која купуваше крема со Q10
оти таа никогаш веќе не ќе има кожа ко неговата
-на вратот!
Им се смеев и на навијачите со питбули и големи крстови што одеа на натпревар во парк
и на навијачот што се сопна на прав пат (онде спроти Соко Штарк!)
и поради моето смеење ме фати за гуша
им се смеев оти јас никогаш нема да го имам нивниот отров
- во душа!
Им се смеев и на црешите расцутени оти ко нас луѓето брзо скапуваат
- во оваа (иста) земја.
И на комшиката што пости увек пред Велигден и се смеев
и како немало што да се дојаде кај ми раскажува низ пцости
и се смеев и се клацкав ко дете на столица
оти јас никогаш нема да имам толку чиста
- столица!
Низ солзи се смеев и на погребот од дедо ми
се смеев и благо се сеќавав како ми се насмевна пред срцето да му запре
во себе се смеев и липав оти знам дека беше помлад од нас сите заедно
-одвнатре!
Му се смеев и на татко ми кога го најдов пред да залипа
моите тужни песни откога ги нашол во фиока и без да праша зел да ги прочита
му се смеев и му кажав оти тоа се само зборови обични и лесни
само бели линии и црни редови возени ко црни вовчиња по бели шини
дека јас не носам никакви лузни и пајажини
-во срцево.
Им се смеев и на рибите во парк
оти и јас знам да пливам,а тие па немаат точак
му се смеев и на дождот кој ме накисна,
и на госпожата со џип што ме испрска
и на луѓето убави кој се смееја,
им се смеев оти не знаеја
дека и со чадор јас пак би имал премногу вода
- и во колено и на плуќа.
Им се смеев и на ѕвездите оти не знаат да паметат
ко јас нив!
им се смеев оти знам дека нема да ми ги паметат очите
-откога ќе згаснат.
Му се смеев и на Бога, на купола небото!
ко на рецепионер во хотел наутро!
му се смеев во холот светол и преполн
ко на мафијашки погреб секакво мирисно цвеќе
се смеев громогласно и продолжив
-оти знам дека никогаш не ќе му се вратам повеќе!
:cuc:
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
НАШИТЕ КРАИШТА

Ќе си појдеме таму каде што никој не бил
Ќе си умреме сами и сами коските ќе си ги сместиме
Уште понајуг од кај што досега свршувало се.

Ќе речат-си отидоа вчера или пред некој век
Завиткани во многу студ и во малку грев
И веќе ги нема.

Некогаш играјќи децата ќе ја откопаат нашата
плоча
Под неа ние, подолу тие, утре вие,
Сите отруени од исти сништа

-Вземи да си ги видевме, барем, нашите краишта.



ДВЕ ТИШИНИ


Ти конечно ме бакна,
и како и овие дождови и секавици,
како и овие ветришта,
ме окова за себеси,
и тоа што веќе меѓу нас се случи
сега и Бог – господ
не може да го спречи.

Но, каде си?

Ти и не знаејќи околу мене
насели две тишини:
една мала, во која те сонувам
и чекам, и една голема
во која исчезнувам.
Твојот заборав и моето заминување
сега и сам Господ – бог
не може да го спречи.


Анте Поповски
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Понекогаш ќе идам в твојот сон
Ко нечекан и далек гост...
Ти не ме оставај на патот, вон,
Од порти истај го лостот!

Ќе влезам тивко, кротко ќе си седам
Крај тебе, в мракот втренчен, да те гледам сам!
И кога наситен ќе запрам да те гледам,
Ќе ми те бакнам и ... ќе заминам.


Никола Јонков Вапцаров - "Проштално"
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.987
Поени од реакции
37.268
Понекогаш ќе идам в твојот сон
Ко нечекан и далек гост...
Ти не ме оставај на патот, вон,
Од порти истај го лостот!

Ќе влезам тивко, кротко ќе си седам
Крај тебе, в мракот втренчен, да те гледам сам!
И кога наситен ќе запрам да те гледам,
Ќе ми те бакнам и ... ќе заминам.


Никола Јонков Вапцаров - "Проштално"
Прекрасна песна, една од најубавите, ако не и најубава на Вапцаров. Но со оглед на тоа што ова е препев (не знам од кого) на оригиналот кој е на бугарски јазик (Вапцаров иако се изјаснувал како Македонец кој не би можел никогаш ништо друго да биде, роден е во Банско, Пиринска Македонија, и сите песни од единствената негова стихозбирка „Моторни песни“ се напишани на бугарски јазик), некако како стиховите да го губат шмекот. Не сум некојси голем патриот, но уште помалку сум бугарофил, па ве молам - без распламтување на искри. Во продолжение: оригиналот на „Проштално“ на бугарски јазик! Иако македонскиот е неизмерно поубав од бугарскиот јазик, во овој случај, за мене „Проштално“ не е „Проштално“ препеана на македонски!!!

Понјакога ште идвам в'в с'нја ти
като нечакан и неискан гостенин.
Не ме оставјај ти отв'н на п'тја –
вратите не залоствај.

ште влезна тихо. Кротко ште приседна,
ште вперја поглед в мрака да те видја.
Когато се наситја да те гледам –
ште те целуна и ште си отида.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom