Карцином на тестиси

  • Креатор на темата Креатор на темата А.S.
  • Време на започнување Време на започнување
Strasna rabota,podaleku da e od site nas,se nadevam deka deckoto ke go sledi zdravjeto uste dolgi godini i deka nema povtorno da se izzlozuva na takvi kosmari:smir:
 
ZlObNiCa ти благодарам на информациите, но мислам дека нешто за што не се зборува, а треба да се земе во обзир, е машката психа. Значи не критикувам, пишувам од најдобра намера, но мислам дека е од помош покрај пуко терање да се оди на уролог и следново да се има на ум.

Имено, многу мажи воопшто не сакаат да одат на (превентивнин) прегледи, а добар дел не одат на доктор ни кога се болни. Ова посебно се однесува на прегледи за интимните делови на телото, посебно за прегледи на простата.

Кога се работи за преглед на тестиси, тоа е сепак најделикатниот дел кај мажите, и за многумина е релативно болно покрај тоа што е непријатно. Не сакам да ме сфатите погрешно, но некако не можам да го споредам ова чувство со гинеколошки преглед, кој сепак е поприфатен од жените и од општеството.

Затоа, мислам дека треба малку по “меко’’ и поумешно да се инсистира на одење на уролог, зошто може и воопшто да не се појде - а со тоа се остварува твоето стравување за неспречување кога нешто може да се спречи. :smir:

Поздрав,


За тоа одење на докотор од машка страни си многу во право

Имам кул заболекар што ми наредува секој три месеци да одам ,но не одам не дека ми е страх се додека не ме заболи многу силно.

А за тие ситните болки темпертура она оваа ни на татко ми (докотр е) веќе не му кажувам .
Едонставно ми е глупо за болести да кажувам , а во самата здраствена книшка пишува дека барем еднаш годишно треба да се оди на докотор.

Мислам дека е до културата на народот по затворен тип сме балканците за вакви работи.

Дефинитивно мислам дека во прва години систематски треба да се влкучи гинеколошки преглед и уролошки за машките .

Сакал нејкал зодолжително треба да се направи.

Мерење на килограми голема работа па сите имат вага дома плус од око се гледа кој колку му фали кој колку нема .
Пример мене да ме видеш ќе кажеш овој не е под 100 кила.


Злобница многу си дирекна не си на испит:pos2: малку помеко
кога ги читам твојте постови во оваа тема мислам дека професорот ми ги чита грешните одговори пред да ме собори на испит:toe:
 
Ја се извинувам ако така делува, ама за жал прво што не учат тука е инсистирање на контролни прегледи за секое поле скрининг прегледите а не само идење на уролог, и можеби е малце подруг менталитетот тука, бидејќи до сега никој се нема пожалено од тој аспект, а и да се разбереме друг е начинот кога лекарот е тета тет со пациентот кога се има доволно времке полека и постапно се да му се објасни и сите можни опции и прегледи, а друго е пишување на статија на форум нели.
Како и да е ,фала на критиката и ќе се обидам да сменам нешто на тоа поле.
 
А дали пиеше некакви лекарства за болката? Или можеби употребуваше алтернативна медицина?

Никакви лекарства, затоа што не знаев што ми е, па симптоматски го лечев (ставав термофори и парацетамолот едно време помагаше итн.), ми велеа дека највероватно сум имал искривен рбет па затоа почнав да одам на физикална терапија, но никаква корист немаше. Никој не очекуваше дека јас би добил нешто такво, поради тоа што секогаш сум се хранел здраво, иако некогаш сум отстапувал од здравата исхрана и тоа многу ретко.

П.С. Малку каснам со репликава, бидејки имав проблеми со компјутерот.

Strasna rabota,podaleku da e od site nas,se nadevam deka deckoto ke go sledi zdravjeto uste dolgi godini i deka nema povtorno da se izzlozuva na takvi kosmari:smir:

Еден совет, ако забележите некакви чудни симптоми (некакви болки итн.) без разлика за која болест се работи, веднаш обратете се на лекар, немојте да се плашете или срамете, зашто потоа може да биде предоцна и додека не ја откриете вистинската дијагноза, не се откажувајте. Мене ми останува само да се контролирам и да живеам живот со помалку нервози (бидејки живот без нервози според мене, не постои), да се хранам што е можно поздраво и да спортувам што повеќе.

kako izgleda toj pregled te molam pisi mislam deka i jas imam...:uvo:
Ке ти ги прегледа тестисите и ќе ти каже што понатаму би требало.
 
Мене ми дијагностцираа карцином на тестиси пред една година. Две години пред да ми дијгностицираат, осеќав јаки болки водолниот дел на рбетот, како и долниот дел на абдоменот, а на тестисите немав ништо. Ноке не можев да спијам, ставав топли облози, при што едно време ќе престанеше но после болката повторно си продолжуваше.

Низ што се не поминав. Одев на физикална терапија демек рбетот ми бил искривен, ајас прав ко пушка. Па ми викаа дека сум имал воспаление на бубрезите, се додека не дојдов како итен случај во градска болница, каде преку КТ ми дијагностицираа не само голем тумор на тестис, него и хидронефроза на бубрегот поради притисок на туморот. За една година поминав две тешки операции и осум (едни од најтешките) хемотерапии и еве фала богу сега се контролирам, па в иднина би сакал да ме следи здравјето.

Инаку вас ако нешто ве интересира слободно прашајте ме.
Како се лечи ракот на тестиси? Дали после лекувањето може да се има деца?
 
Осеќам пецкање на десната страна на стомакот, а веќе сум и сигурен дека пецкањето доаѓа од десниот тестис (значи пецкањето започнува од тестисот и продолжува кон стомакот).

Викате можно е да е карцином, пу пу, недај боже?
 
Осеќам пецкање на десната страна на стомакот, а веќе сум и сигурен дека пецкањето доаѓа од десниот тестис (значи пецкањето започнува од тестисот и продолжува кон стомакот).

Викате можно е да е карцином, пу пу, недај боже?
Најдобро е да одиш на уролог :)
 
Денеска го носев мојот колега од работа на операција од тумор, за среќа брзо му открија дека има тумор и денес му го отсекоа едниот ташак.
После работа ќе одам да го посетам, преку СМС ми напиша дека се чувствува добро.
 
Луџе карциномот најчесто не боли, боли во подоцнежни фази. Идете на доктор на време и не се заебавајте, карциномот на тестиси има најголема инциденца во групата од 20 до 35 години, но нема правило, за ракот не се учи од книга.

Никој нема да ви одговори дали е карцином преку нет, карциномот се дијагностифицира исклучиво и само со патохистолошка анализа.

Среќа у несреќа е што несемиомите одлично дејствуваат на хемотерапија, семиомите пак на зрачење. Така да ако има метастази со хемотерапија се постигнува ремисија. Ама не треба да се дозволи тоа и да се чека.

Кога се учи за хемотерапија, cis-платина и слични онколошко активни соединенија, ова ви е школски пример како едно соединение може да уништи канцерска клетка. Да беше така и со останатите...
 
Зафркната работа е ова.Гледаф..т.е. читав една статија пред некое време дека таргет група на оваа болест се машки од 20-35 години,и си реков да се самотестирам,ненајдов ништо.После 2 недели,после туширање,ме натера нешто,пак се проверив,и осетив дека на тестистов имам мала нерамнина,ко внатрешно зрнце.Читав дека не секогаш то би можело да значит појава на болеста,ама во голема дума сум клаен,дали да одам на доктор или не...
 
Зафркната работа е ова.Гледаф..т.е. читав една статија пред некое време дека таргет група на оваа болест се машки од 20-35 години,и си реков да се самотестирам,ненајдов ништо.После 2 недели,после туширање,ме натера нешто,пак се проверив,и осетив дека на тестистов имам мала нерамнина,ко внатрешно зрнце.Читав дека не секогаш то би можело да значит појава на болеста,ама во голема дума сум клаен,дали да одам на доктор или не...
Е така е тоа, ќе провериш еднаш уште еднаш и после ќе те јаде цело време. Затоа на матичен упат за уролог, ако идеш приватно упат не ти треба.
 
Како се лечи ракот на тестиси? Дали после лекувањето може да се има деца?
И каква е таа протеза ако ти стават,и најмногу ме интересира дали можеш после да имаш деца?
 
Како се лечи ракот на тестиси? Дали после лекувањето може да се има деца?
И каква е таа протеза ако ти стават,и најмногу ме интересира дали можеш после да имаш деца?

Ракот на тестиси се лечи исклучиво со вадење на тестисот и тоа преку ингвиналната регија, значи не се оперира скротумот, т.е. кесето. Така со текот на годините дошле до заклучок дека шансите да се прошири некоја клетка после операцијата е минимална.

Е сега ако многу се чека нормално дека малигното ткиво се шири, најчесто по лимфен пат па се создаваат метастази прво во лимфните јазли во препоните, потоа и лимфните јазли околу големите крвни садови, па дури и плуќа и мозок.

Но, среќа во несреќа е што карциномот на тестиси извонредно реагира на хемотерапија и радиотерапија, дури над 90% од случаите. Но тоа незначи дека треба да се одложува било каков преглед ако се забележи некое чворче.

Најчесто кога ќе се забележи чворче треба да се јави пациентот на лекар, исклучиво уролог, оти само он може да разграничи, дури и само со палпација дали чворчето потекнува од тестисот или епидидимот, или пак е некоја нормална анатомска структура.

Тестис со карцином, многу бргу расне, дури достигнува големина на јајце од кокошка, па дури и портокал.

Кога сме кај лечењето, рано откриен карцином на тестис, во прв стадиум, се лечи само оперативно, без хемотерапија или радиотерапија, се прават само чести контроли. Некои доктори се одлучуваат превентивно да дадат 1 циклус хемотерапија.


Може да се имаат деца другиот тестис е здрав и нормално функционира, значи создава сперматозоиди и полови хормони. Секогаш за секој случај посебно ако е потребно да се прима хемотерапија или радиотерапија, се замрзнува сперма, ако терапијата остави последици, т.е. го намали бројот на сперматозоиди.

Таа протеза е чисто од естетска причина, се става по барање на пациент, тоа е силикон.
 
Незнам дали е активна темата т.е. дали ја прати некој ама имам едно прашање:
Има некој месец левиот тестис ми е поголем од десниот (и порано ми беше) ама сега ко ќе го допрам ме боли и често ми се качува малце нагоре. Има и некоја друга болест освен рак шо можи да биди?
 
ДАли некој е информиран дали од нередовното празнење на тестисите(мислам сперма) има поголеми шанси да се добие карцином? чисто информативно
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom