- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Бидејки полека се смируваат тензиите мислам дека е време да позбориме за убавата страна и позитивните искуства кои се однесуваат на соживот и мултиетничноста на Македонија.
Мојот личен став (иако бурно реагирам и ќе реагирам на секое дивјашство) е дека сепак оние кои прават нереди се во далеку помал број од оние кои си немаат никакви проблеми со другите нации кои живеат во Македонија. Сепак негативното секогаш преовладува и негативната енергија многу побрзо се шири од позитивната. Така да особено помладите луѓе се лесен плен кога се сака да се исценират тензии. Македонија мора да научи да живее таква каква што е и од тоа да пробаме да извлечеме полза а не насилство. А како генератори на таа позитивна атмосфера треба да бидат и медиумите, почесто да не информират за убавите работи и страни на соживотот.
Како мотив за темата ми е следниот текст од Нова Македонија. Инаку текстот не треба да ви биде основа за дискутирање туку други позитивни примери.
И покрај тоа што секојдневно се бори за парче леб, населението во селата од општината Маврово и Ростуша сепак живее мирно. Од памтивек таму имало соживот меѓу православните и муслиманите
Од далеку се гледа црвено-жолтото македонско знаме. Се вее меѓу снежните планински врвови. Боите му се свежи, како вчера да било поставено. Од зимското сонце немало кога ни да избледат. Јарболот е поставен сретсело. Се слуша детски џагор. Незаграденото игралиште е полно со деца. Играат со топка. Веднаш до нив се паркирани неколку автомобили. На нив се потпрени тројца мажи, а меѓу нив едно девојче врти кругови со велосипедот. Тука се собираат жителите од сите села во околината. Има само две-три кафулиња, па често се случува да си муабетат на самата улица. Сите се познаваат меѓу себе. Често разговараат за животот по дома, за децата, но и за блиските што им се во странство. Со насмевка на лицата, во еден глас изговорија дека во мавровското село Рустуша живее најчесниот македонски народ. Велат дека, и покрај тоа што секојдневно се борат за парче леб, сепак, живеат мирно. Не се караат меѓу себе, а зборот тепање е исфрлен од употреба во нивниот говор.
- Од памтивек тука имало соживот меѓу православните и муслиманите. Тоа никој нема да го растури. Во селото Требиште претежно живеат муслимани, а во Бутуше Македонци. Но тоа ништо не ни менува. Луѓе сме, треба да си помагаме - вели 45-годишниот Самир.
Се сврте нaоколу. Од едната страна на улицата во Ростуша го покажа основното училиште. Отспротива е зградата на гимназијата. Во неа се школуваат и децата од околните села Требиште, Скудриње, Жеровница. Вели дека 30 години немало пат до Требиште, но лани го направиле општинските власти. Асфалт бил поставен и на патиштата до уште неколку села.
- Колку што можеше се направи. Градоначалникот е фин и скромен човек. Од сите села во околината, ова е центарот. Најмногу метеж има напладне, но навечер е пусто. Лете доаѓаат нашите од странство, па приквечер повеќе шетаат. Зиме улиците се празни. Најголемиот проблем е што младите немаат работа, па спасот го наоѓаат во Италија или во Германија - вели Самир.
Се слушна длабок глас. Еден старец застанат до комбе, на кое беа наредени неколку гајби со црвени и жолти јаболка, со кесе во рацете ги нудеше своите производи.
- Повелете ресенски јаболка. Продавам кило за 10, 15, 20 и 25 денари. Јаболка има за сите, само пари нема за мене - низ смеа изговори тој.
Рече дека во Ростуша продава јаболка со години наназад. Во тој крај не растат јаболка, па затоа одлучил тука да ги снабдува. Ја наведна главата и тажно кажа дека овој крај е отепан одамна.
Партиски вработувања
Неколку метри подолу по главната улица се наоѓа и општинската зграда. Во неа има канцеларија на Агенцијата за вработување, каде што жителите од овој крај поднесуваат барања за работа. Шалтерската соба е мала, а внатре сите се стиснати како сардини. Однатре излезе еден висок човек. Рече дека осум години се води како невработен под Агенцијата за вработување.
- Во бивша Југославија работев во солидна фирма. Потоа 15 години бев во приватниот сектор. Но оттогаш сум без работа. Како автомеханичар никогаш не ми била понудена работа од агенцијата - вели Џемаили Зинија, Македонец-муслиман од Жировница.
Вели дека изминатиот период од овој крај се вработиле многу луѓе во општината и во националниот парк „Маврово“, но дека нема останати стопански капацитети каде што може да се вработуваат луѓето од овој крај.
До него застана Есад Јонузи. Роден е во селото Видуше, а сега живее во Гостивар. Рече дека тука никој не ги почитува торбешите.
- Настрана сме ставени и од едните и од другите. Не припаѓаме ниту во македонските ниту во албанските партии, а се сметаме за најстари жители во овој крај. Во Ростуше повеќе работат гостиварци отколку родените ростушани. Присилен бев да се вратам тука да живеам за да можам да си го вработам детето - рече Јонузи.
Џаљвид Ризвански од селото Велебрдо изминатите години живее во Италија. Нема да биде тука за на денот на изборите да го даде својот глас за градоначалник. Вели дека засега нема подлога да се врати оттаму.
- Сите овие нови куќи се изградени со пари од странство. Тука нема работа, нема основни услови за живот на младите - кусо додава Ризвански.
Никој јавно не сака да коментира за кандидатите за градоначалници. Задоволни се од актуелниот Мукрем Мехмеди. Неговиот претходник на чело на општината се задржал осум години, а како што велат, малку направил за општината. Но некои велат дека трката ќе биде „густа“ и дека им оставаат простор и на кандидатите на ПЕИ и на СДСМ.
Половина Битуше во Скопје
Погоре по патот од Ростуше, скршнувајќи налево, високо во шумата се наоѓа селото Битуше. Остатоци од снег има само по краеви на улиците и покрај темелите на камените куќи. По улиците трчаат само кокошки и петли. Патот до црквата „Свети Илија“ е направен со бехатон-плочки. Од црковниот двор има преубава глетка. Оттаму се гледа и Бигорскиот манастир. Ова е вистинското место за момент да се избега од реалноста. Велат дека токму селото Битуше е едно од оние македонски села што останале напуштени поради индустријализацијата и „удобниот“ живот во градовите. Со години живее како викенд-населба и налето. Во него живеат само Македонци. Овој период луѓе има само во десетина куќи.
- Децата ни се во Скопје. Таму работат и живеат. Нѐ посетуваат за викенд и лете. Селото е пусто. Благодарни сме ѝ на општината што ни ја плаќа музиката на Илинден. За оној што ќе го фати крстот на Водици, општината му подарува телевизор - вели дедо Томе Рафајловски.
Во Битуше сѐ уште пулсира традицијата, се негуваат карактеристичните обичаи за празнување на Водици, Илинден, Василица и свадбените церемонии, чиј посебен печат остава традиционалната носија.
- Се храниме здраво. Пиеме сок од боровинки и од калинки. Најголем проблем е тоа што не ни носат леб во продавницата. Велат дека не им се исплати да носат пет леба во селото. Но има стари лица што не можат секој ден да месат леб - вели Рафајловски.
Стоејќи на прагот од куќата, порача овие маки да му се пренесат на градоначалникот, со надеж во иднина да се подобрат.
- Кажете му на градоначалникот да ни носат леб во селото. Само тоа ни треба - со насмевка кажа Рафајловски.
Тоа беше доказ дека на битушани навистина им е потребно малку за да бидат задоволни. Токму ова треба да им биде мотив на кандидатите за градоначалник во овој крај.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=391385425&id=9&setIzdanie=22825