Убавата страна на мултиетничноста и соживотот

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Бидејки полека се смируваат тензиите мислам дека е време да позбориме за убавата страна и позитивните искуства кои се однесуваат на соживот и мултиетничноста на Македонија.
Мојот личен став (иако бурно реагирам и ќе реагирам на секое дивјашство) е дека сепак оние кои прават нереди се во далеку помал број од оние кои си немаат никакви проблеми со другите нации кои живеат во Македонија. Сепак негативното секогаш преовладува и негативната енергија многу побрзо се шири од позитивната. Така да особено помладите луѓе се лесен плен кога се сака да се исценират тензии. Македонија мора да научи да живее таква каква што е и од тоа да пробаме да извлечеме полза а не насилство. А како генератори на таа позитивна атмосфера треба да бидат и медиумите, почесто да не информират за убавите работи и страни на соживотот.
Како мотив за темата ми е следниот текст од Нова Македонија. Инаку текстот не треба да ви биде основа за дискутирање туку други позитивни примери.

И покрај тоа што секојдневно се бори за парче леб, населението во селата од општината Маврово и Ростуша сепак живее мирно. Од памтивек таму имало соживот меѓу православните и муслиманите

Од далеку се гледа црвено-жолтото македонско знаме. Се вее меѓу снежните планински врвови. Боите му се свежи, како вчера да било поставено. Од зимското сонце немало кога ни да избледат. Јарболот е поставен сретсело. Се слуша детски џагор. Незаграденото игралиште е полно со деца. Играат со топка. Веднаш до нив се паркирани неколку автомобили. На нив се потпрени тројца мажи, а меѓу нив едно девојче врти кругови со велосипедот. Тука се собираат жителите од сите села во околината. Има само две-три кафулиња, па често се случува да си муабетат на самата улица. Сите се познаваат меѓу себе. Често разговараат за животот по дома, за децата, но и за блиските што им се во странство. Со насмевка на лицата, во еден глас изговорија дека во мавровското село Рустуша живее најчесниот македонски народ. Велат дека, и покрај тоа што секојдневно се борат за парче леб, сепак, живеат мирно. Не се караат меѓу себе, а зборот тепање е исфрлен од употреба во нивниот говор.

- Од памтивек тука имало соживот меѓу православните и муслиманите. Тоа никој нема да го растури. Во селото Требиште претежно живеат муслимани, а во Бутуше Македонци. Но тоа ништо не ни менува. Луѓе сме, треба да си помагаме - вели 45-годишниот Самир.

Се сврте нaоколу. Од едната страна на улицата во Ростуша го покажа основното училиште. Отспротива е зградата на гимназијата. Во неа се школуваат и децата од околните села Требиште, Скудриње, Жеровница. Вели дека 30 години немало пат до Требиште, но лани го направиле општинските власти. Асфалт бил поставен и на патиштата до уште неколку села.

- Колку што можеше се направи. Градоначалникот е фин и скромен човек. Од сите села во околината, ова е центарот. Најмногу метеж има напладне, но навечер е пусто. Лете доаѓаат нашите од странство, па приквечер повеќе шетаат. Зиме улиците се празни. Најголемиот проблем е што младите немаат работа, па спасот го наоѓаат во Италија или во Германија - вели Самир.
Се слушна длабок глас. Еден старец застанат до комбе, на кое беа наредени неколку гајби со црвени и жолти јаболка, со кесе во рацете ги нудеше своите производи.
- Повелете ресенски јаболка. Продавам кило за 10, 15, 20 и 25 денари. Јаболка има за сите, само пари нема за мене - низ смеа изговори тој.
Рече дека во Ростуша продава јаболка со години наназад. Во тој крај не растат јаболка, па затоа одлучил тука да ги снабдува. Ја наведна главата и тажно кажа дека овој крај е отепан одамна.

Партиски вработувања

Неколку метри подолу по главната улица се наоѓа и општинската зграда. Во неа има канцеларија на Агенцијата за вработување, каде што жителите од овој крај поднесуваат барања за работа. Шалтерската соба е мала, а внатре сите се стиснати како сардини. Однатре излезе еден висок човек. Рече дека осум години се води како невработен под Агенцијата за вработување.
- Во бивша Југославија работев во солидна фирма. Потоа 15 години бев во приватниот сектор. Но оттогаш сум без работа. Како автомеханичар никогаш не ми била понудена работа од агенцијата - вели Џемаили Зинија, Македонец-муслиман од Жировница.
Вели дека изминатиот период од овој крај се вработиле многу луѓе во општината и во националниот парк „Маврово“, но дека нема останати стопански капацитети каде што може да се вработуваат луѓето од овој крај.
До него застана Есад Јонузи. Роден е во селото Видуше, а сега живее во Гостивар. Рече дека тука никој не ги почитува торбешите.
- Настрана сме ставени и од едните и од другите. Не припаѓаме ниту во македонските ниту во албанските партии, а се сметаме за најстари жители во овој крај. Во Ростуше повеќе работат гостиварци отколку родените ростушани. Присилен бев да се вратам тука да живеам за да можам да си го вработам детето - рече Јонузи.
Џаљвид Ризвански од селото Велебрдо изминатите години живее во Италија. Нема да биде тука за на денот на изборите да го даде својот глас за градоначалник. Вели дека засега нема подлога да се врати оттаму.

- Сите овие нови куќи се изградени со пари од странство. Тука нема работа, нема основни услови за живот на младите - кусо додава Ризвански.
Никој јавно не сака да коментира за кандидатите за градоначалници. Задоволни се од актуелниот Мукрем Мехмеди. Неговиот претходник на чело на општината се задржал осум години, а како што велат, малку направил за општината. Но некои велат дека трката ќе биде „густа“ и дека им оставаат простор и на кандидатите на ПЕИ и на СДСМ.

Половина Битуше во Скопје

Погоре по патот од Ростуше, скршнувајќи налево, високо во шумата се наоѓа селото Битуше. Остатоци од снег има само по краеви на улиците и покрај темелите на камените куќи. По улиците трчаат само кокошки и петли. Патот до црквата „Свети Илија“ е направен со бехатон-плочки. Од црковниот двор има преубава глетка. Оттаму се гледа и Бигорскиот манастир. Ова е вистинското место за момент да се избега од реалноста. Велат дека токму селото Битуше е едно од оние македонски села што останале напуштени поради индустријализацијата и „удобниот“ живот во градовите. Со години живее како викенд-населба и налето. Во него живеат само Македонци. Овој период луѓе има само во десетина куќи.
- Децата ни се во Скопје. Таму работат и живеат. Нѐ посетуваат за викенд и лете. Селото е пусто. Благодарни сме ѝ на општината што ни ја плаќа музиката на Илинден. За оној што ќе го фати крстот на Водици, општината му подарува телевизор - вели дедо Томе Рафајловски.

Во Битуше сѐ уште пулсира традицијата, се негуваат карактеристичните обичаи за празнување на Водици, Илинден, Василица и свадбените церемонии, чиј посебен печат остава традиционалната носија.
- Се храниме здраво. Пиеме сок од боровинки и од калинки. Најголем проблем е тоа што не ни носат леб во продавницата. Велат дека не им се исплати да носат пет леба во селото. Но има стари лица што не можат секој ден да месат леб - вели Рафајловски.

Стоејќи на прагот од куќата, порача овие маки да му се пренесат на градоначалникот, со надеж во иднина да се подобрат.
- Кажете му на градоначалникот да ни носат леб во селото. Само тоа ни треба - со насмевка кажа Рафајловски.
Тоа беше доказ дека на битушани навистина им е потребно малку за да бидат задоволни. Токму ова треба да им биде мотив на кандидатите за градоначалник во овој крај.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=391385425&id=9&setIzdanie=22825
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Predlagam vo Istocniot del na Makedonija da se organizira pacifisticki marsh , ednas da im se dokaze na ovie makedonski varvari deka treba sozivot da se ima .
Oh lele ova treba da go naucat albancite a ne nie , ti decko te zamoluvam vo tetovas i cair ova da go propovedas....
Ke se sotreme samite od prostilak ne od drugo
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Секоја соработка, соживот или било какво пријателство е од полза. Но како прво, се вели дека се делиме на етнички план, а во државата има уште една поделба меѓу самите нас. Прво тоа треба да се среди.
Ни очигледно на некој не му одговара мултиетничност. Некој од виско.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Не го читав текстот но ќе кажам во мој аспект што е убава страна.

1. Никат не е досадно со рамковните , еден ден тепаат специјалци, еден ден палат Автобуси, еден ден бараат ослободување на убијци.
2. Они никат не се криви они се безгрешни суштества
3. Они го разбираат светот како култутно поле на пукање и теророризирање.
4. За нив е нормално Учки кој убивале и масакрирале војници утре да им бидат Министри .
5. За нив тепање Македонци е обичен инцидент, а кога се тепаат рамковни тоа е меѓуетничка омраза и кршење човекови права.
6. За нив е Косово е поважно од Македонија. А пари не бараат од Косови туку од Македонија
7. Само ако знаеш да пукаш и тепаш , може во иднина да те направи висок владин функционер.
8. Ако си Рамковен и во твојата општина живеат 100% рамковни. Ако некој помине што не е Рамковен има право да јаде ќутек и не смее да се буни.
9. Ако си рамковен не мора да плаќаш данок зошто си заштитен вид.
10. Ако погрешно паркираш кола во Чаир, не смее пајак да ти ја земе колата зошто може луѓето од пајакот да завршат на трауматологија или на другиот свет.
11. Ако си претседател на рамковна партија, не им носи инвестиции ,инфраструктура на твоите жители од општината. Побитно е да им спомнеш 100 пати дека ќе имаат Голема Албанија. Без разлика што леб нема да јадат и имаат кал место асфалт.
12. Ако си рамковен и не знаеш да ја водиш општината зошто кога си бил терорист не те учеле како се води општина земи, обвини ги Македонците дека они се криви што не знаеш да водиш општина.
13. Ако има Македонци во твојата општина земи исели ги со сила, ти си рамковен никој друг освен рамковен не смее да живее во твојата општина.
14. Ако не наплаќаш данок во твојата рамковна општина зошто твоите европски жители немаат навика да плаќаат данок. И немаш пари во буџетот на твојата општина ,обвини ја централната власт дека не ти дава пари. За тебе не важи наплата на данок како за другите не рамковни општини
15. Без разлика што не знаеш ни да читаш сепак ти како припадник на етничка заедница од 25% имаш право да работиш во јавна администрација. Тоа што нема да знаеш да работиш тоа не е битно.
16. Колку повеќе плукаш по државава и ја растураш ти си толку Голем Рамковен. И следен министер или градоначалник.

Ова е убава страна од Мултиетничноста во Македонија :icon_mrgr:
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.620
Поени од реакции
5.259
Дури предрасуди не се овие....туку чист производ на твојата дефектна логика....

И немој да ја труеш темава, мора да има ваква тема за да има дискусија за ова....
Ако немаш што да пишвуваш во врска со темава не пишувај воопшто....
 
Во право си јас сум проблем за меѓуетничките односи, не е проблем што во 21 век некоја етничка заедница не искочила од 14 век.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.620
Поени од реакции
5.259
Во право си јас сум проблем за меѓуетничките односи, не е проблем што во 21 век некоја етничка заедница не искочила од 14 век.
Добро бе ајде, кажи што е твоето мислење, кажи решение, ајде искрена дискусија да имаме, а не само препукување....
Кажи искрено кое е решението за ова што се случува???
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.354
Поени од реакции
84.575
Промашен уводен пост.
Зборува за мултиетнички соживот помеѓу Македонци и Македонци Муслимани?! Ебати примерот. Па никад не ни имало проблеми помеѓу Македонците и Босанците, Турците, Ромите...ни од приближен калибар (како со Албанците Муслимани).
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Соживот неможе да има ни помеѓу двајца индивидуи припадници од иста етничка група, доколку се културно-цивилизациски различни, едниот живее денеска, другиот живее во 18 век ... а камо ли па помеѓу две различни етнички групи, од кои едната сеуште е заглавена во 15 век(голем дел од нејзе) !
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.743
Поени од реакции
27.742
Добро бе ајде, кажи што е твоето мислење, кажи решение, ајде искрена дискусија да имаме, а не само препукување....
Кажи искрено кое е решението за ова што се случува???
ги фаќаш одговорните за палењето на автобусот, ги седнуваш таму што ти ја знам со психолог, потоа ги носиш јавно на телевизија да кажат нешто во стилот
"Здраво, ние бевме ретардираните/малоумни Албанци што го запаливме автобусот. После разговорот со стручна личност сфативме дека тоа што го сторивме е крајно погрешно. Се каеме и сакаме да ве увериме дека вакво нешто нема да се повтори и не сакаме да се креира погрешна слика во јавноста за нас, Албанците. За жал што е сторено сторено е и не може да се измени а последиците ќе си ги сносиме."
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Не го читав текстот но ќе кажам во мој аспект што е убава страна.

1. Никат не е досадно со рамковните , еден ден тепаат специјалци, еден ден палат Автобуси, еден ден бараат ослободување на убијци.
2. Они никат не се криви они се безгрешни суштества
3. Они го разбираат светот како култутно поле на пукање и теророризирање.
4. За нив е нормално Учки кој убивале и масакрирале војници утре да им бидат Министри .
5. За нив тепање Македонци е обичен инцидент, а кога се тепаат рамковни тоа е меѓуетничка омраза и кршење човекови права.
6. За нив е Косово е поважно од Македонија. А пари не бараат од Косови туку од Македонија
7. Само ако знаеш да пукаш и тепаш , може во иднина да те направи висок владин функционер.
8. Ако си Рамковен и во твојата општина живеат 100% рамковни. Ако некој помине што не е Рамковен има право да јаде ќутек и не смее да се буни.
9. Ако си рамковен не мора да плаќаш данок зошто си заштитен вид.
10. Ако погрешно паркираш кола во Чаир, не смее пајак да ти ја земе колата зошто може луѓето од пајакот да завршат на трауматологија или на другиот свет.
11. Ако си претседател на рамковна партија, не им носи инвестиции ,инфраструктура на твоите жители од општината. Побитно е да им спомнеш 100 пати дека ќе имаат Голема Албанија. Без разлика што леб нема да јадат и имаат кал место асфалт.
12. Ако си рамковен и не знаеш да ја водиш општината зошто кога си бил терорист не те учеле како се води општина земи, обвини ги Македонците дека они се криви што не знаеш да водиш општина.
13. Ако има Македонци во твојата општина земи исели ги со сила, ти си рамковен никој друг освен рамковен не смее да живее во твојата општина.
14. Ако не наплаќаш данок во твојата рамковна општина зошто твоите европски жители немаат навика да плаќаат данок. И немаш пари во буџетот на твојата општина ,обвини ја централната власт дека не ти дава пари. За тебе не важи наплата на данок како за другите не рамковни општини
15. Без разлика што не знаеш ни да читаш сепак ти како припадник на етничка заедница од 25% имаш право да работиш во јавна администрација. Тоа што нема да знаеш да работиш тоа не е битно.
16. Колку повеќе плукаш по државава и ја растураш ти си толку Голем Рамковен. И следен министер или градоначалник.

Ова е убава страна од Мултиетничноста во Македонија :icon_mrgr:
:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:

Нема никава убава страна. Нажалост немаме друг избор.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Соживот и мултиетничност со Палестинци ... :pos::tapp::vozbud:
 
sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.233
Поени од реакции
338
Убава страна? For real?
--- надополнето: 9 март 2013 во 13:11 ---
Убава страна? For real?
 
Knoppix

El Patrón
Член од
16 април 2012
Мислења
723
Поени од реакции
1.908
Додека тие наумиле Гољема Аљбанија никогаш нема да има меѓуетнички соживот меѓу Македонците и Албанците. Во Македонија има и луѓе кој припѓаат на друга етничка заедница, ама никогаш не излегоа да протестираат па да палат автобуси, да кршат, да дивеат низ градови.
Проблемот треба да се бара меѓу нив, бидејќи тие несакаат соживот, тие вечно сакаат „права“ и ако не ги добијат одат со 5 пушки да дивеат низ планини.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom