Заработка на интернет (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата HaRdToGeT
  • Време на започнување Време на започнување
ај едно прашање за oDesk,го исполнив лимитот сааати за работодавецот но во Wallet ми стои салдо 0 $ додека во Reports ми стојат изработените саати и пресметка на сумата што треба да ја земам.е сеа треба да чекам да ми ги префрли работодавецот или нешто ме има поебано ???

Штом работиш на саати со апликацијата на oDesk, не може никако да те заебат. Загарантирана ти е заработувчката.
 
значи сега чекам да ми префрли??? колку време му е макс ??

Не знам на колку време и кои денови идеше исплатата. Не сум работел скоро една година на oDesk, не се сеќавам. Најдобро е да пролисташ низ страниците за прашања на oDesk.
 
значи сега чекам да ми префрли??? колку време му е макс ??

Недела навечер во 00:00 по ГМТ е пресек на недела (значи наше 01:00 понеделник). По тоа работодавецот има 2-3 дена мислам да ги провери логовите и евентуално да дел од времето ако си забушавал и потоа имаш уште една недела додека да легнат парите. Сметај значи вкупно 10 дена по крајот на работната недела ги имаш парите на твоја сметка.
Во тој период ќе ги гледаш како Pending Transactions.
 
може ли некој да ми каже дали на PTC сајтовите advertisements служат само за рекламирање и за да се добијат дирктни реферали или и се заработува преку нив
 
Дали некој има работено на http://graphicriver.net/ или на http://www.cafepress.com/ ако може да сподели некои искуства и колку се ислаќа или може да се заработува на некои од овие страни
 
Денес успешно го променив чекот од адсенс во Охридска банка. За провизија од неверојатни 35 денари. Само им испратив скениран чек по мејл за да го проверат и потоа од кога ми го одобрија отидов и ми го исплатат.:)

Немојте да си го губите времето со Стопанска Банка ми бараа неверојатни 3000 ден. услуга + 3% провизија.
Комерцијална 400 ден. за проверка 15 дена да одлежат кај нив парите + 1,5% провизија.
 
Дали некој има работено на http://graphicriver.net/ или на http://www.cafepress.com/ ако може да сподели некои искуства и колку се ислаќа или може да се заработува на некои од овие страни

Јас работам на audiojungle.net што како и graphicriver е дел од енвато. Ако те бива за дизајн слободно пробај. Прво треба да поминеш тест од некој основни познавања за тоа како работат енвато маркетите. Ова не е никаков проблем оти се има од правила кои претходно ќе ги прочиташ. Кога ќе го поминеш тестот, може да ти побараат и портфолио. Прати им ги надобрите работи што ги имаш направено.

После ова кога ќе направиш нешто ново, го аплоадираш и чекаш нивниот тим да го оцени, односно да одреди дали ќе биде ставено на продажба и по која цена или ќе биде отфрлено. Ако биде прифатено приказната е завршена и чекаш некој да го купи. Кога ќе го купи ти земаш 50 % од цената (од 20 долари земаш 10). Понатака процентот се накачува и може да биде и 70:30 во твоја корист. За исплаќање исплаќаат сигурно. Минимумот е 50 долари. Имаш опции: манибукерс, пејпал или директно на сметка со IBAN број.

Ако се регистрираш те молам направи го тоа преку мојот реферал
 
Денес успешно го променив чекот од адсенс во Охридска банка. За провизија од неверојатни 35 денари. Само им испратив скениран чек по мејл за да го проверат и потоа од кога ми го одобрија отидов и ми го исплатат.:)

Немојте да си го губите времето со Стопанска Банка ми бараа неверојатни 3000 ден. услуга + 3% провизија.
Комерцијална 400 ден. за проверка 15 дена да одлежат кај нив парите + 1,5% провизија.

Колку време го имаш сајтот и што сајт е, ако не е тајна нормално.;)
 
Колку време го имаш сајтот и што сајт е, ако не е тајна нормално.;)
Сајтот не можам да го откријам од многу причини... Го имам од септември. Првите неколку месеци немаше посета, сега ми прави околу 4 евра на ден.
 
Сајтот не можам да го откријам од многу причини... Го имам од септември. Првите неколку месеци немаше посета, сега ми прави околу 4 евра на ден.

Не ти барам URL-то да ми го откриваш :) Само ме интересираше ова што ми го кажа и ако е блог на која тема пишуваш.
 
Темата е entertainment. :)

Одлично друже
Дали трафикот ти е органски и ако да колку време имаш потрошено на СЕО?
И колку често објавуваш нови артикли?
 
Одлично друже
Дали трафикот ти е органски и ако да колку време имаш потрошено на СЕО?
И колку често објавуваш нови артикли?
Два пати во неделата објавувам статија. А за сео имам неколку програми кои нон-стоп ми се уклучени за да држат позиција. :) Планирам да ставам посебен компјутер кој ќе ми биде исклучиво за сео да не ми се кочи компјутерот на кој работам.
 
Размислувам за онлајн продажба, нормално не за македонски пазар.
Па гледам понуди за процесирање на плаќања.
Има ли некој што го користи 2checkout сервисот?
Овој сервис прифаќа пејпал плаќања а од друга страна не блокираат како пејпал.
Мислам дека не е лош но може би има скриени трошоци затоа прашувам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom