Што го прави еден актер добар?

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.467
Поени од реакции
25.436
Веќе некое време сакав да ја отворам темава со оглед на тоа што изминатиов месец почесто зборувавме околу оскарите и улогите кои добија оскар. Од друга страна, во темата за ѕвезда на тапет секојдневно читаме коментари и најчестите се "нема харизма, не знае да глуми" а од друга страна ги имаме "одличен актер, најдобар актер на денешницата итн итн...".

Сега, прашањето ми е, како ние обичните гледачи ја препознаваме глумата и ја цениме како добра? Што нам ни остава најголем впечаток во врска со прикажувањето на ликовите? Не сакам да давам конкретни примери, затоа што темава не е за споредба на актери и нивните улоги, туку сакам да знам, како вие ја цените глумата и по кои критериуми за после да дојдете до заклучок дека "ова е добра/лоша глума"?
 
Ја најмногу се палам кога некој треба да глуми нервозно/напнато.
Мајкл Шин никогаш нема да го заборавам во сценава.
:cuc:

Од друга страна пак го имаме Едвард Нортон. Омилен на многу, како и на мене. Ама за него навистина не знам да дадам причина зошто е еден поомилените. Не можам да извдојам нешто освен дека изгледа како воопшто да не глуми. Се му лизга.
 
Според мене добрите актери живеат различен живот во реалноста а различен на сцената, пример за лош актер е актер што е ист и на сцена и во вистинскиот живот. Ги има многу такви, ама убавината или популарноста го прекриваат тоа.
 
Моќта за трансформација. А таа лесно се забележува. Го гледаш Кевин Спејси час глуми жртва жал да ти падне за него, во другиот момент се претвора во ѕверка и се чудиш како успеал. Тоа е глума.

Оние залутани души како Кирстен Стјуарт со ист израз на лицето се најдобриот пример за тоа што не сметам дека спаѓа под актер. Којзнае што е тоа, ама актер не е.
 
Моќта за трансформација. А таа лесно се забележува. Го гледаш Кевин Спејси час глуми жртва жал да ти падне за него, во другиот момент се претвора во ѕверка и се чудиш како успеал. Тоа е глума.

Оние залутани души како Кирстен Стјуарт со ист израз на лицето се најдобриот пример за тоа што не сметам дека спаѓа под актер. Којзнае што е тоа, ама актер не е.

Psyside треба да глумам сега? :D Кирстен добива хејт ради Твајлајт, а кога самите актери и екипа го хејтаат филмот, секако нема да е само на "jaболки и цигари" за филмот.
Кирстен не е актерка од висок ранк, ама минува како просечна, 5/10, има океј, солидни филмчиња што бараат минимална глума не само појавување дека ја имало во првиот дел. :)

Ставот,харизмата,талентот а пред се сличноста со улогата што му/и се доделува :)

Еве, заклучете темава, готово, крај, конец, фин, енд, ендисимо.
"нема харизма, не знае да глуми" -- читај вовед.
Или елаборирај, што мислиш под став, каква сличност, ако улогата е чоек кој му умира жената, дали актерот треба да има почината жена?


Рокенрола го зеде за пример Спејси, и како секој актер си има свој начин на глума, свое нешто. Кај Спејси имаме смиреноста, до точка морбидна, заплашувачка. Кога збори - слушаш. Те повлекува во приказната. И мислам така осудуваме глума, субјективно, според кој што преферира. Спејси нема некои неверојатни трансформации, фејшл експрешнс па ич, ко да е пун ботокс, ама е актериште. Значи ни се допаѓа актерот како појава, па одтаму сме запрепастени кога глуми. Друг критериум за да дојде рандом актер во израз, да го заприметиме во филм е воглавно виновно сценариото, креирањето на ликот е битен момент, поготово и дијалозите. За одреден актер да постигне максимум во улогата која ја толкува, не е доволно да му се вметне несреќен случај и да сочуствуваме инстант со него или да си одглуми најдобро што може дека не е доволно, билд ап треба, квалитетени муабети, ликот да е поткован како човек што би реагирал така irl. Во спротивно колку актерот (рецимо врвен) даде се' од себе, ако е недефиниран, зборува колку да се пополни време, никогаш нема да биде заприметена глумата. И под трето кај мене ми е трансформацијата, не во смисол само губење килограми, туку колку добро ќе се снајде во.. новата форма. Чист пример за ова е Шарлиз Терон во Monster. Таква жена да ја огрдиш толку е само по себе перверзија, но немаше да биде доволно ако таа не се внесеше во ликот колку што се внесе. И обично кога се избацува вако нешто а девојката досега била само убава кукла во сите филмови - и те како ќе заприметиш глума. Воглавно тоа.
 
По ми се допаѓаат актери од серии, него ли од играни филмови. Бидејќи подолго време се гледаат, поповрзан се осеќам со ликовите :)
Oвакви нервози ретко ќе видиш :D
 
Да си има свој стил значи да биде оргинален во неговата глума и да биде претпознатлив по тоа и секако да знае да се адаптира на секакви разновидни карактери и улоги.
Тоа е една од многуте работи за врвен глумец :)
 
4868752_700b_large.jpg


Покрај сите тие работи што ги спомнаа погоре, во комедиите со физички хумор актерот е добар кога прави смешни facial expressions и е многу подвижен... Како Џим Кери пример
Во мокјументарите добар е кога може и знае како да имрповизира. Ова не мора да е само за мокјументарите, туку за било која комедија што треба да изгледа реална
Во deadpan/останатите комедии највеќе зависи од сценариото. Не треба многу трансформации, ни пренесување емоции. Затоа многу ме нервира што актерите добиваат повеќе кредит за ваквите комедии отколку сценаристите


А субјективно кај мене, Kristen Dunst, Jolie, Anneto, Charlize... би ми биле добри во било кој филм поради убавината
Колку и да глуми убаво, ако е грда актерката не би ми била добра, не би ми задржала внимание, иако знам дека има талент со тоа што го одглумила ликот (трансформации, покажување емоции ко шо треба...)
 
Ако игра негативец, да го замразеш од дното на душата....
Кхм....
Неговата појава да буди стравопочит??
Лектор не го мразев. Ниту Бејтман. Вејдар ич. Да не бегам многу од темата. Што го прави актерот добар? Појма немам. Едноставно некои луѓе можат да ја создадат врската меѓу гледачот и ликот.
 
Според мене она што го прави глумецот добар е - талентот
Ќе дадам пример на глумцец кој ми се допаѓа и еден на глумец кој не ми се допаѓа. Инаку и двајцата се со светска слава и се на иста возраст
Ми се допаѓа Антони Хопкинс
http://en.wikipedia.org/wiki/Hopkins,_Anthony
Тој е познат театарски глумец, но и филмски глумец и пијанист. Се огледал во сите жанрови и секогаш со успех, и во секоја улога изгледа поинаку
Не ми се допаѓа Доналд Сатрленд
http://en.wikipedia.org/wiki/Donald_Sutherland
Освен во неговите први два филма, во секој друг филм тој ми изгледа исто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom