@
Why Always Me?
На таа платформа - брзината на процесорот = HTlink base clock x multiplier ( 200 x 11.5 у случајов )
За да клокаш ко што треба - треба да обратиш пажња на неколку работи :
1. HT link speed
HTlink speed = HT base clock ( 200 Mhz ) x Ht multiplier ( 5 у случајов, толку е default ) x 2 ( dual channel ) = 2000 ефективно
Е сеа кога клокаш треба да пазиш HTlink speed да ти биде околу 2000 ( +- 100 ) ама што поблиску до 2000.
На пример ако го дигнеш HT base clock на 250 тогаш намали го HT multiplier од 5 на 4 за да добиеш краен резултат на HT link speed од 1000 ( 2000 ефективно - dual channel ).
Не пробуј одма со 250, пробај со помала вредност, 225 или така нешто, намали HT multy од 5 на 4 и тестирај како ќе иде.
2. Брзина на RAM меморијата
Брзина на RAM кај таа платформа ти е еднаква на брзина на процесорот поделена со integer ( цел број ). Зборуваме за реалната фреквенција на рамот, не ефективната ( реална фреквенција на DDR2 800 Mhz е 400 mhz ).
На пример ако процесорот работи на 2400 Mhz, а има ставено RAM меморија која е декларирана како DDR2 PC3200 ( 800 Mhz, реално 400 Mhz ) тогаш делителот ќе биде 6 ( 2400 / 6 ). Обично у сетинзите за RAM на плочите од тоа време не е ставен делител туку вредности како на пример DDR2 800 , DDR2 667 и сл. DDR2 800 у случајов ќе ти значи делител 6 ( со процесор клокнат на 2.4 Ghz i DDR2 PC3200 RAM ). Тоа ти е битно затоа што ако го клокнеш на 2.8 Ghz и не ги менуваш сетинзите за рамот тогаш и неговата фреквенција ќе се дигне ( 2800 / 6 = 466.6 реално, 933 ефективно ) што обичен RAM од тоа време најверојатно нема да може да ја издржи. Зголеми го делителот пред да клокаш ( Ако плочата ти дава опција да мењаш делител ( што не верувам ) - стај на поголем, ако ти дава да менуваш фреквенција на рам - стај на најмала ( 533 ) за да го исклучиш RAM-от како проблем ). Кога ќе постигнеш стабилен overclock - подеси го делителот да ти ја даде најголемата стабилна брзина ( ако имаш тестирано колку може да се клока рамот - на највисоката стабилна што си ја постигнал, ако не тогаш бирај делител што ќе ти даде фреквенција што е најблиска до декларираната )
3.Множителот на процесорот ти е заклучен за нагоре, така да не можеш да клокаш како што може да се клокаат black edition процесорите ( само дигни множител и цепај ).
Повеќе од 2.6 - 2.7 Ghz не би очекувал со stock cooler со тој процесор, мада нема да знаеш дур не пробаш.
Како што ти кажаа - нема НИШТО осетно да добиеш ако целта ти е да добиеш поголеми перформанси во игри на пример - затоа што тој процесор е преслаб за модерни игри. Ако може да "испумпа" 10 FPS во некоја игра каде што тесно грло е САМО ПРОЦЕСОРОТ и ти го клокнеш 20 посто ( што е оптимистички ) - под услов да скалира 100% ( да добиеш перформанси исто колку што си клокнал ) ќе добиеш 12 FPS - пак тапа
Ако ти е ради ќеиф - good luck have fun
4. Клокај во мали чекори, тестирај стабилност после секој мал чекор, прати ги редовно температурите, дигај напон по потреба ( ако не е стабилно ) и сл ( стандарни ствари )
*Сите поими ( HTlink, HTmulti, RAM speed, CPU multi ) може да се напишани поинаку или уопште да ги нема на твојата плоча.
*Ова го пишуем од памтење, на времето имав X2 4200+ + MSI K9N Platinum, ако сум забраел или утнал нешто - некој нека ме попрае. Чекај некој друг да ти потврди/попрае ако сум згрешил нешто пред да ги земеш информацииве здраво за готово.
* Моментално ако имаш DDR2 PC3200 ( DDR2 800 ) со тој процесор X2 на 2.3 Ghz и у BIOS-от RAM-от ако ти е подесен да работи на "800 Mhz" тогаш тој моментално ти работи на 383.3 Mhz ( ефективно 766.6 Mhz ). Зашто е тоа така ти напишав у точка број 2. Ова можеш да го провериш со CPU-Z - memory таб-от .