Денешните мажи...

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.961
Поени од реакции
24.166
Случај бр.2
Излезена си во кафич со другарките, си стоите си разговарате не сте се виделе милион години, се зезате, убаво ви е. И од еднаш доаѓа келнерката со пијачки и вели овие се од дечкото на шанк. Се вртиш да го види, не е нешто посебно но сепак од култура креваш чаша за да го поздравиш. За помалку од 5 мили секунди, дечкото се нацртува до тебе и почнува разговор... Само што пристигнува, ги остава клучевите од кола и двата мобилни на маса, при што сте принудени да ги тргнете чашите и шишињата, зошто додека ги остава вели: Само пазете да не истурите нешто врз мобилните зошто не се од тие за 1 ден.
Окееееееј....
Втората реченица што излегува од неговата уста е... Уффффф сега се враќам од пат, мртов уморен сум.... Бев за (рандом соседна земја), знаеш имам приватен бизнис, па нон стоп сум по патишта.
Океееј x 2
На ова одговараш, па ако си толку уморен зошто си излегол, зошто не си останал дома да се одмориш?
Абе не сакав јас, другар ми ме запна, ај па ај...(а од другарот нема ни трага)
разговорот продолжува...
Он: Од Скопје си?
Не, од Струмица
Баш од Струмица, од градот, или...
Од градот,
А во центар на Струмица живееш.
Не од центар малце налево околу 200 метри..
Аха..
Е сега муабетот може да оди во две насоки..
1 насока -- Аааа Струмица, Заев, Заев, се е ваше таму... :facepalm:
2 насока -- Абе јас знам еден од Струмица, Трајан се вика? Го знаеш? Не го знаеш постар е он.. А ти колку години си?
29
мхм, јас мислев помала си, ич не личиш на 29
неколку минутно молчење проследено со денсање на песната во кафичот кое се состои со свиткани раце во лактовите фрлајќи ги дланките напред назад.
он: А работиш нешто или уште на мама и тато парите им ги трошиш... (следува идиотско смеење) ха... ха... ха....
јас: да работам, таму и таму ..
он: Аааа програмер си, има пари во таа работа има. А овде под кирија си? Кај седиш?
Да под кирија, таму и таму
(пак неколку минутно молчење проследено со денсање)
и сега веќе се чувствуваш како на квиз и велиш ај да го зазборам малце јас, може се срами па не знае што муабет да направи...
јас: Често доаѓаш овде? Јас не сум многу по излегувањето. Еве излеговме со другарките да се видиме, па овој кафиќ ни стоеше како пристојно место да се забавуваме..
он: Да бе ееее, немој да кажеш дека не ме знаеш. Секој ден сум овде јас, Ване (газдата) ми е најдобар другар, вака сме... Знаеш дека јас му ги лепев плочките во вц?
јас: Не. Навистина? Супер. Не сум била се уште во вц-то. Но кога ќе отидам, баш ќе обрнам внимание на плочките. :)
он: И викаш од Струмица си а? Слушам многу убави девојчиња имало таму, еве ти си пример, и многу биле слободни, опуштени, ептен за разговор...
јас: Да, да ....
(и веќе почнуваш да вриеш, не знаеш како да го откачиш и правиш знак со очите кон другарките, ајмо вамос)
Му пушташ рака за да се поздравиш, и му велиш касно е веќе, мораме да одиме...
Прави тажна фаца и ти вели Дај ми твој мобилен...
на што добива одговор: Друг пат...

(крај на првиот дел)
Иако секако дека и во двата случаеви се работи за класичен пример на копучаана сакам да се задржам на вториот случај малку. Во овој случај ти си го пишала само ауткамот и си ја чепнала само површината. Да го проанализираме малце посуштински овој случај. Да навлеземе во што би рекол Џејмс Џојс стримнгот оф коншеснес на конкретниов Перо. Let's get back earlier that evening...

Таа кобна вечер, седи дома Перо, рандом македонско машко некаде околу 6 попладне. Го мачат тегоби. Одаден е на размислување. А има и зошто. Перо е сингл веќе некое одредено време. И секако, тоа стање не му прија баш. Сака да ја смени ситуацијата и во својата глава си прави монолог сам со себе водејќи се по основната логика но сепак со примеси на надреализам. Да ѕирнеме под склапот...

-Пичка ли му матер, долго време сум сингл. Ситуацијата ич не е арна, ми влијае на расположение, на работа, на емоции, нередовен секс ти прави лоши трипови и бедови. Треба да сменам, требам да фатам нешто па макар и Шкорпио.
-Шкорпио? Што е па сега тоа? Нешто ми се упикало Шкорпио во глава како на Матрикс ќецот кога таа мачката ќе му пројде 2 пути. Имам чувство како некој да ми чита мисли и си игра курот со нив, ама нееее шо се правам будала тоа се причи за оној Иван Исцелителот хахахаха колку е тој смешен само. Него шо размишљав?
-Ааа да бе сингл сум и рукава ја исушив од дркање. Шо да правам, како да правам?
-Знам, ќе размислам како успеале тие што не се сингл, па и јас порано што сум правел. Хмм, да ми текне пример, да ми текне пример.
-Трајче бе, ги врти како сака. И плус женет е, го знаат дека има жена и гајле нема. Како ли му успева да му ебам тоа пиперот у бавча?
-Епа и јас будала, што се чудам како му успевало. Ќе се пицне за у град, фармерица, кошуља со елек врз тоа, ќе тури Уан Милион на Пако Рабан ќе залиже косата и ќе му се јави на Билде од Глупус да му чува сепаре у Миднајт.
-Ама Билде више не е у Глупус откога се деси таа пиздаријата Сурко, Мурко, Детонатур, Глупус отиде у курац. Сега отидоа сите кај Змијалков у тоа новото ЕсГеЕс. Еј Мурко догура до магистер да му ебам тоа живите, а како се тепаше на времето кик бокс кога беа први другари со Жален Беќаров, ама виши политики, триста глупости се исподесија у тоа Вемерето. Него пак забегав, кај бев? Аааа да.
-Трајче ќе пукне некоја пара ќе фати сепаре и нема проблеми. Плус се знае со газдите у локаливе, сегде влага без проблем, пичиња приметуваат тоа. У Чао пендраци не влагаат.
-Ама и Горан не е лош. Ги лаже педерот дека има бизнис у странство него само парите на татко му ги троши и иде у Белград кај братучед му да се курчи, ама па кур го боли, кога ќе и седне пичето на кожа у Икс 6-ката и кога ќе ја пушти у Космос да се занимава мислиш ја боли патката од кај му се парите? Кој му кур бизнис.
-Шо ми фали бе мене иам кола, иам 2 смартфона, иам и ќеш нешто, не сум малоумен или глуп ко Мане волот.
-Хахахаха, Мане е светски идиот пичка нема видено у живот. Како папак изгледа до дома ги носи, чадор им држи, врата им отвора, ги смее ги пусти ги праји и пак само другар им е. Триста другарки има, сите го сакаат и пак не може пичка да бркне.
-Абе убаво викаше Жмљац на Горан брат му, мора малце курот да и го извадиш, мора малце да знае оти си муж. Едно време си викав каков сељо е Жмљац, ама сељо-несељо он ебе а ја шо праам, порнхаб ќе ставаат слика од мене у канцеларии. Кога може сељото, можам и ја бе, шо да не има златен кур?
-Него, кај да идам вечер? Може најубаво у Неса'с Плејс.
-Неса'с Плејс? Кај кур е тоа? Абе нема таков локал тоа сум се смешал нешто. Ќе си идам у тој кафичот тогаш кај што бев, интересен беше.
-Ок, мобилни тука, кључеви тука, новчаник тука, куртони у новчаник тука, Уан миљон на Пако Рабан ставен, коса гелосана. Ајмо у поход-Бежите пичке дошао Перо, мамо свари ми шпагети за после, идам ја у град.
-Перо ним да се заебавеш ела си су време, чичко ти Станко са жале си му а прумашил фуагта уф кујната, фани се за работа, не само излаваш и кату гуведо си идиш дибидус уф никоа време.
-Мамо ај ма не ме замарај, 35 години си у Скопје уште со тоа сељачкиот акцент, срам ми е да донесам дома некој ќе си каже кој сељак е овој. Ај отидов.


Минвајл, сцената се префрлува во кафичот. Монологот на Перо продолжува.


-Чеј да видам шо се дешава, ене онаму женско друштво. Еј добра е оваа малава, ама некоја мрачна сила има у неа пентаграми, некои мантии со капуљачи, некои си ритуали со црни свеќи баш на ден еквинокс. Шо кој курац е па тоа еквинокс? Ај бе ко Сабина врачаркана сум се блокирал, иди и' таму не биди пичка, имај муда, муж ли си шо ли си.
-Али чекај малце прво, имај прича, мора да имаш прича. Значи фраер си, имаш пари, мобилни, странство, бизнис, Ване газдата, плочките. Ќе ја прашаш шо е од кај е и малце па и ќе бидеш спонтан де. Ако е од Кавадарци ќе и кажеш-Аааа добра ж'та имате, ако е од Прилеп ќе ја прашам за онаа црквата сега што им изгоре, ако е од Струмица ќе ја прашам за Трајан, за жени што имаат многу, за Заев, хаха ѕвер е Заев си ебал и он среќата.
-Како да и идам? Знам, класика, ќе пуштам пијачки. Мала, ај носи шо пијат оние од мене.
-Ајмо сречо моја биди уз мене. Ок е, наздравува. Ајде бе говедо, мрдај...

Перо пристигнува, ги остава клучевите од кола и двата мобилни на маса, при што сте принудени да ги тргнете чашите и шишињата, зошто додека ги остава вели: Само пазете да не истурите нешто врз мобилните зошто не се од тие за 1 ден.


Оверлап, завршува приквуелот, доаѓа сиквуелот каде што нараторот е Неса.




Наравоучение и епилог.
Од мојот аматерски обид да го изигравам Џејмс Џојс може да се закључи следново. Перо следи некоја логика, некој шаблон. Има позадина зошто го одбира баш тој начин а не на пример колут напред и ѕвезда. Перо игра со статистика. Гледа останати, следи примери си влече поенти. Проста логика, не е некој рокет сајенс што би рекла Марија Магдалена од Јудеја. Кој е сега крив? Он, или оние од вашиот пол кои заради нивните преференци и понашања кои се какви што се прават вие да бидете колатерална штета? Фрустрациите насочете си ги кон сопствениот пол. Затоа што машкото се прилагодува на моменталниот терен, на правилата на игра и на она што се бара на пазарот. Да се палевте грото на (глупост тропам) кафе, Перо ќе дојдеше со муабет дали преферираш арабика или робуста, со млеко или чисто за да се осети правиот вкус на кафето, Ѓурѓа ќе штанцаше на ангро лоши преводи за книги поврзани со кафе како на пример-Кафе туторијали; Секретите на римејкингот на државата на уметноста премиум блендовите, а Лаваѕа, Или, Хаусбранд ќе имаа по 2-3 експозитури само во Пехчево, Бразил ќе имаше дипломатско-конзуларно претставништво и тоа на Широксокак (со акцент на второто о од позади) а една членка на форумов ќе се викаше Cafe del Struga.
 
П

Пепси_

Гостин
Маж да не пие и да не пуши, не фала. Може да готви убо е тоа.
Па на глава да ми застане и да ми ги брои чашите. Кои се тие што бараат таков маж веднаш јавно да се спалат! :D

Па колку и да ги хејтате јавно сепак вие се палите свесно или несвесно на квази алкохоличари,и после пак другите ви се криви кога не си иде дома,или ле ле мајко пак заглавил во кафана,гледај го што се стори гомно сите му се смејат и тн....


шо да кажам......браво
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Па колку и да ги хејтате јавно сепак вие се палите свесно или несвесно на квази алкохоличари,и после пак другите ви се криви кога не си иде дома,или ле ле мајко пак заглавил во кафана,гледај го што се стори гомно сите му се смејат и тн....


шо да кажам......браво
Несвесно? Абе немој со антиалкохоличари подосадна ствар од тоа нема. Или од две ракии да се влече под маса. Кој те лажеше тебе дека сака антиалкохоличар? Иди врзи и шамар од мене:D
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
А од мене еден предлог, жениве на темавава нека позираат и еден споменк да им се подигне одма до оној на ацета на плоштад, абе никаде на друго место се немат собрано н едно место толку светици, поштени, најубави,најпаметни жени.
Се мој до мојега, се која од која поголема......калуѓерка, дефинитивно заслужувате споменик и канонизирање светици да ве прогласат и на икони да ве цртаат.
--- надополнето: 8 март 2013 во 14:10 ---
Несвесно? Абе немој со антиалкохоличари подосадна ствар од тоа нема. Или од две ракии да се влече под маса. Кој те лажеше тебе дека сака антиалкохоличар? Иди врзи и шамар од мене:D
Ерм ако некоја лока како смок сигурно дека ќе си бара спроти себе алкохоличар, само финтата е да се најдат и двајцата да не признаваат дека имаат проблем со пиењето.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нормално.
 
П

Пепси_

Гостин
А од мене еден предлог, жениве на темавава нека позираат и еден споменк да им се подигне одма до оној на ацета на плоштад, абе никаде на друго место се немат собрано н едно место толку светици, поштени, најубави,најпаметни жени.
Се мој до мојега, се која од која поголема......калуѓерка дефинитивно заслужувате споменик и канонизирање.
--- надополнето: 8 март 2013 во 14:10 ---

Ерм ако некоја лока како смок сигурно дека ќе си бара спроти себе алкохоличар, само финтата е да се најдат и двајцата да не признаваат дека имаат проблем со пиењето.
Или исти,или контра ќе си бара,да има кој да ја влече до дома или да и вика такси,секако ако има некој таков. :eek:
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Или исти,или контра ќе си бара,да има кој да ја влече до дома или да и вика такси,секако ако има некој таков. :eek:
ЦК толеранцијата на машко што не пие кон џенско што пие е речиси 0 , тешко дека некој би ја влечкал нај веројатно на клоци би ја дигал до дома.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Нц. Вака за гуша никој не се фаќа, а нови теми саде се отвораат. Ма цвета тој подфорум со мир и љубав. :love:
Се дури не ви дојде Сусаро таму...:D
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Замисли си следна ситуација, ја пуни мужот машината да пере излетува шкрапјата ..
-Шо правиш бре ропак низаеден ?
-Еве да исперам,
-Какво перење бе, не ли гледаш на календарчено дека со црвено пишува Света Љондра Света Алкарина со Не толку света поише црна чума Љангурина и 69 мученички испоснички ?
-Еј не видов .
-Абе немој ти на мене не видов, гаси машината и дроби една салата , само ако не си стаил ракија у фрижидер мамето мамино.

ПС : СРЕЌЕН ПРАЗНИК ЉАЦОООООООООООООО
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Замисли си следна ситуација, ја пуни мужот машината да пере излетува шкрапјата ..
-Шо правиш бре ропак низаеден ?
-Еве да исперам,
-Какво перење бе, не ли гледаш на календарчено дека со црвено пишува Света Љондра Света Алкарина со Не толку света поише црна чума Љангурина и 69 мученички испоснички ?
-Еј не видов .
-Абе немој ти на мене не видов, гаси машината и дроби една салата , само ако не си стаил ракија у фрижидер мамето мамино.

ПС : СРЕЌЕН ПРАЗНИК ЉАЦОООООООООООООО
Фала фала, а сега исклучи ја машината за перење и здроби една салата:D
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Фала фала, а сега исклучи ја машината за перење и здроби една салата:D
Зелка или да извадам карфиолче, краставички, моркови, зелени патлиџанчиња ?
Кажи каква сакаш да напраам, за да не се кријам пак под кревет.:unsure:
Ракијата е оладена 2,7 степени идеална температура.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.237
Поени од реакции
6.931
денешните мажи се да ги фатиш и да бегаш........само се жалите по форуми,ќе ми клепате по кафичи пицосани во групи ко емирот од Катар да резервирал маса таа вечер :facepalm:
 
С

Спасе супата

Гостин
Според женскиве од форумов веројатно описот на идеалниот маж би гласел вака: Да знае да јава на коњ, униформи да му стојат одлично, школуван да е на најдобри школи, да потекнува од позната, богата и влијателна фамилија. И модерниот додаток е таа да може да оди редовно на журки каде ќе го вара, ама тој да не и вели ни збор. И по можност да е странец.

Реалноста е дека сепак најголемиот успех го имаат тетовирани маалски силеџии со ланец околу врат и тешка рака.
 
A

AnFem

Гостин
Според женскиве од форумов веројатно описот на идеалниот маж би гласел вака: Да знае да јава на коњ, униформи да му стојат одлично, школуван да е на најдобри школи, да потекнува од позната, богата и влијателна фамилија. И модерниот додаток е таа да може да оди редовно на журки каде ќе го вара, ама тој да не и вели ни збор. И по можност да е странец.

Реалноста е дека сепак најголемиот успех имаат тетовирани маалски силеџии со ланец околу врат и тешка рака.
Спасе, не филозофирај многу и тргај во темата за осми март да му честиташ на ПОНЕЖНИОТ пол.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom