Ден Браун

  • Креатор на темата Креатор на темата Fryda
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми се допаѓа како писател воопшто.Развојот на настаните во сите негови дела е буквално ист.Не се потрудил ни малку да смени нешто.Ги имам читано Кодот на Да Винчи, Ангели и демони и Изгубениот симбол.Првите две ми се допаднаа затоа што уште не бев доволно запознаен со неговите дела но Изгубениот симбол ми беше многу без врска.Досадно, предвидливо дело кое е пишувано ради реда.
 
Не ми се допаѓа како писател воопшто.Развојот на настаните во сите негови дела е буквално ист.Не се потрудил ни малку да смени нешто.Ги имам читано Кодот на Да Винчи, Ангели и демони и Изгубениот симбол.Првите две ми се допаднаа затоа што уште не бев доволно запознаен со неговите дела но Изгубениот симбол ми беше многу без врска.Досадно, предвидливо дело кое е пишувано ради реда.
Истото мислење. Јас ги имам прочитано Ангели и демони,Кодот на Да Винчи и Дигитална тврдина.o_O
 
Сум ја читала само Кодот. Тој период бев фасцинира од новите откритиа што ги сфатив и тотално се побркав - не знаев во што да верувам веќе.:pos:
Постепено оладив малце, за среќа и почнав толку да не си ставам при срце се што ќе прочитам.
 
Имам прочитано една негова книга и ме бендиса, меѓутоа не би го ставила во топ 10. :) Гледам дека лесно ја доближува мистериозноста до луѓето за да ги привлече и да се намамат. Секој писател треба да ја има таа карактеристика. Меѓутоа, фактите не се поклопуваат некако, што знам... не ми се гледа многу реалистично. Исто како да земеш легенда и да ја преработиш на свој начин.
 
Во неговите книги не верувам посебно во Кодот на Да Винчи.Но ми се допаѓа тоа што неговите книги се настроени против религијата односно кажуваат факти кои се спротивни на оние кој се напишани во библијата на пример,а тие книтики се поврзани и со исламот само нема да ги објаснам.Неговите книги не враќаат пред едно 5 века кога црквата била на највисоко ниво во христијанските земји,наоѓам и длабочини во неготе книги како јавно се критикува црквата за таа диктатура што ја спроведувала. Бидејќи книгата која почнав да ја читам ,Ангели и демони,нема да мозам да ја анализирам,а ја прочитав Кодот на Да Винчи ќе можам само за неа да си го изразам својот став поткрепен со книгата која спомнав дека неверувам во нив и за мене тоа се одлични романи. Најголемите војни се воделе за религијата,народот се поделил на христијани и муслимани,а религии христијанство и ислам,но и други религиозни групи кој во моментов не ми се важни.Ако го гледаш светот со очите на атеистот ,а не со на некој поп или оџа,муслиман или христијанин,ќе видиш дека и тие се луге,небирале дали ќе бидат христијани ,православни или католици, или пак муслимани,а воспитани се да веруваат во својата религија и вера,нетреба да има предрасуди по основа на верата истото се однесува и на бојата на кожа,пол и сл.Сите сме луге од крв и месо,сме се родиле,зивееме и раснеме,старееме и умираме.Ако можеш да сакаш,мозеш и да не мразиш затоа што ако некаго не сакаш,мразиш и тебе нема да те сакаат и ќе те мразат.Ова се однесува пред се на папата кој не дискриминира нас атеистите.Знам дека ја промашив темата ,но всушност тоа е темата да книгата,никој не е совршен па ни религијата и затоа го напишав овој краток есеј,инспирацијата дојде од сржта,тлото на самата книга.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom