Христос ќе дојде на облаците, што значи дека Неговото второ доаѓање нена да биде на самата Земја, како што Он дојде/се роди првиот пат.
Денот во кој ќе дојде Христос, ќе биде денот недела, а тој ден, воедно ќе биде и ден за Судот. Од тој неделен ден, кога Христос се‘ ќе пресоздаде, праведните луѓе ќе стекнат бесмртност и ќе ги немаат познатите потреби како во овој живот. Смислата на животот од тие праведници ќе се однесува на нивниот вечен соживот со Христа Творецот.
Од тој неделен ден, нема да постои денешното Сонце, оти Христос ќе биде новото сонце и од тој ден, нема да постојат денот и ноќта, нема да постои смртта и тагата, луѓето нема да се мажат и женат, нема да боледуваат и умираат, туку ќе живеат слично како и ангелите.