Прашање за Христијанството III

W

Werther

Гостин
Да го оцрни името Мукаетово!:X3:
Се спремате за утре? Иди спиј ќе треба да стануваш!!!:)
Што има утре, пак некој џихад ?
Која ќе биде задачата на Иса а.с./Исус кога повторно ќе се врати на земјата?
Мукица, доколку се врати Џизас јас лично ќе лобирам неговата примарна мисија да биде описменување на муслиманите.
 
W

Werther

Гостин
Да. За убијците што ги фатија. Таман петок, ќе има доста баби по автобусите за тепање:rolleyes:
Утре имам работа накај Скопје Север, треба со 19ка да одам.
Се надевам нема автобусот да ми го запалат.


:sneaky:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А бе Мики ме знаеш мене, христјанството ви го знам до детали мене не можете да ми бегате ниту имате кај да се криете.
Христијанството во детали го знае само Црквата, не и секој поединец од неа. Плус, Црквата е достапна за секого кој сака да биде дел од неа, што значи, Црквата не се крие, за разлика од Тебе, кој седиш дома и по Интерент-форуми прода‘аш пувки за нечие криење.

Еве еден мој предлог до Тебе: обрати се до Архиепископијата во Скопје (тоа е онаа бела зграда до храмот „Св. Климент„ и на членовите од Синодот од МПЦ-ОА, објасни им дека си попаметен од сите нив па пренесе ни‘ ги Твоите искуства од средбата на форумов...
--- надополнето: 8 март 2013 во 08:53 ---
Која ќе биде задачата на Иса а.с./Исус кога повторно ќе се врати на земјата?
Muki-20,

што мислиш, која ќе биде задачата од Иса? Твојот одговор веќе го знам, ама сакам самиот да го кажеш...:icon_lol:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Христијанството во детали го знае само Црквата, не и секој поединец од неа. Плус, Црквата е достапна за секого кој сака да биде дел од неа, што значи, Црквата не се крие, за разлика од Тебе, кој седиш дома и по Интерент-форуми прода‘аш пувки за нечие криење.

Еве еден мој предлог до Тебе: обрати се до Архиепископијата во Скопје (тоа е онаа бела зграда до храмот „Св. Климент„ и на членовите од Синодот од МПЦ-ОА, објасни им дека си попаметен од сите нив па пренесе ни‘ ги Твоите искуства од средбата на форумов...
То е само една од многуте цркви кои пропагираат христијанство и тие си имаат еден свој мал дел од знаењето. Тие не само што го немаат знаењето туку и го отфрлаат онаа на католичката, протестанската и другите денешни цркви а камоли да ги прашам за црквите од минатото кои тие неќат да ги прифатат а ни признаат. Јас и нив ги знам. Шо ќе ми каже мене еден поп за Расправата за трите природи? или за Химната за бисерот и трансценденталниот принцип во неа??
Не ми треба мене мики да ми каже попо кога и како се пости ни како се поје на опело.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
То е само една од многуте цркви кои пропагираат христијанство и тие си имаат еден свој мал дел од знаењето.
Тоа е „...едната, света, соборна и Апостолска Црква...„, се согласувам.
--- надополнето: 8 март 2013 во 09:16 ---
Шо ќе ми каже мене еден поп за Расправата за трите природи? или за Химната за бисерот и трансценденталниот принцип во неа??
Прашај го попо‘ и за дисторзијата на енергетскиот вектор во под просторните координати...
--- надополнето: 8 март 2013 во 09:17 ---
Не ми треба мене мики да ми каже попо кога и како се пости ни како се поје на опело.
Секако дека не Ти треба: Ти си сам на себе бог.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Тоа е „...едната, света, соборна и Апостолска Црква...„, се согласувам.
така сами се нарекоа, како шо. Не му даде тоа име некој друг во знак на признание. И Католичката црква себе не се наведува исто така, да не мислиш дека себе се титулира како “друга несвета неапостолска“?? и тие за себе велат и дека се наследници на апостоли и дека папата е наследник на Петар и дека се единствени кои Исусовото учење го пренесуваат.... То ќе ти кажеше и некој припадник на Келтската црква и на Копттската и било која црква.
Така да мене не ме узбуѓује многу такви титули “нашиот производ е најдобар и се базира на традиционални и оригинални рецепти и не содржи адитиви и конзерванси“
 

Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Muki-20,

што мислиш, која ќе биде задачата од Иса? Твојот одговор веќе го знам, ама сакам самиот да го кажеш...:icon_lol:
И јас би сакал да го видам твојот одговор, се надевам дека ќе го добија после моето искажување накратко ијако веќе си го знел.

Доаѓањето, спуштањето на Иса а.с. на земјата во Исламот е еден од Големите предзнаци на Судниот ден. Со неговото доаѓање Иса а.с. ќе биде праведен владар, Иса а.с. ќе ја УБИЈЕ СВИЊАТА, КРШЕЊЕ НА КРСТОТ, УБИВАЊЕ НА ДЕЏАЛОТ (Антихрист).

Да не должам многу, Има во Исламските литератури многу попширно за ова, но сепак одговорот си го знаеш. А сега повели одговорими на прашањето.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А сега повели одговорими на прашањето.
При своето второ доаѓање, Христос:

- ќе ги воскресне мртвите и преобрази живите,
- ќе им/ни‘ суди на сите, со одделување на праведните за Рајот од неправедните за пеколот,
- ќе им досуди и на демоните, со вечна казна во пеколот,
- ќе (пре)создаде ново небо и нова Земја
- ќе битисува со праведниците во Неговото бесконечно Царство Небесно.
 

Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
При своето второ доаѓање, Христос:

- ќе ги воскресне мртвите и преобрази живите,
- ќе им/ни‘ суди на сите, со одделување на праведните за Рајот од неправедните за пеколот,
- ќе им досуди и на демоните, со вечна казна во пеколот,
- ќе (пре)создаде ново небо и нова Земја
- ќе битисува со праведниците во Неговото бесконечно Царство Небесно.
Сепак ти Благодарам на одвоеното време за одговор на моето прашање. Ијако не ќе се согласам, сепак тоа е мој став, мислам дека не се согласувате и вие со мојот одговор. ;) Така е помеѓу две религии, секогаш има несогласнос и неприфачање на мислење, но сепак ме интересираше каков е ставот на христијанството за ова прашање.

За болдираното ако може малце појаснување ако не е проблем доколку не ти одземам време, ти благодарам однапред. Зарем не е СУДОТ за донесување на ВЕЧНАТА НАГРАДА ЗА ЛУЃЕТО ВО РАЈОТ, и ВЕЧНАТА КАЗНА ЗА ДЕМОНИТЕ ВО ПЕКОЛОТ, не е СУДИТ кој ќе биде на Судниот ден? Тогаш дали повторно ќе му се суди на луѓето и демоните на Судниот ден? Доколку Исус пресуди уште на овој Свет дали вопшто ќе има некое СУДЕЊЕ на Судниот ден?

Нешто повече за создавањето на нов небо и новата Земја, првпат слушам искрено, благодарам.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Сепак ти Благодарам на одвоеното време за одговор на моето прашање. .
Молам.
--- надополнето: 8 март 2013 во 10:22 ---
С Зарем не е СУДОТ за донесување на ВЕЧНАТА НАГРАДА ЗА ЛУЃЕТО ВО РАЈОТ, и ВЕЧНАТА КАЗНА ЗА ДЕМОНИТЕ ВО ПЕКОЛОТ, не е СУДИТ кој ќе биде на Судниот ден?
Да, Судниот ден се однесува токму на денот од второто Христово доаѓање, во кој ден Он ќе ни‘ суди на сите, праведно.
--- надополнето: 8 март 2013 во 10:24 ---
Тогаш дали повторно ќе му се суди на луѓето и демоните на Судниот ден? .
Да, тоа ќе биде ден за судење.

За луѓето, тоа ќе биде втор и конечен суд, а за демоните, кои веќе си досудиле на самите себе, тоа ќе биде конечен суд.
--- надополнето: 8 март 2013 во 10:25 ---
Доколку Исус пресуди уште на овој Свет дали вопшто ќе има некое СУДЕЊЕ на Судниот ден?
Да, тоа ќе биде Судот Христов, како конечна и неповратна одлука Божја. Преку Судот, праведните ќе бидат наградени, а неправедните казнети.
--- надополнето: 8 март 2013 во 10:28 ---
Нешто повече за создавањето на нов небо и новата Земја, првпат слушам искрено, благодарам.
Секогаш постои „прв пат„.

Имено, Христос ќе ја пресоздаде целата природа/Вселена, така што таа ќе стане нераспадлива и вечна. слично на она кое ќе се случи со луѓето, кои ќе добијат бесмртни тела, од фина, продуховена материја.
 

Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Молам.
--- надополнето: 8 март 2013 во 10:22 ---


Да, Судниот ден се однесува токму на денот од второто Христово доаѓање, во кој ден Он ќе ни‘ суди на сите, праведно.
--- надополнето: 8 март 2013 во 10:24 ---


Да, тоа ќе биде ден за судење.

За луѓето, тоа ќе биде втор и конечен суд, а за демоните, кои веќе си досудиле на самите себе, тоа ќе биде конечен суд.
Незнам, можеби погрешно те сватив или не ќе видиме со разјаснување уште на ова прашање. за болдирањето: Дали тоа кажува дека пред доаѓањето на Судниот Ден нема да се спушти Иса а.с./Исус? Немисли дека се правам “тупав“ и за провоцирам нешто, онака те сватив затоа сакам добри дијалози без навреди и караници. Се трудам тоа да го правам и самиот Јас кога одговарам ба биди таков како што досега си бил спрема мене.
--- надополнето: 8 март 2013 во 10:31 ---
Секогаш постои „прв пат„.

Имено, Христос ќе ја пресоздаде целата природа/Вселена, така што таа ќе стане нераспадлива и вечна. слично на она кое ќе се случи со луѓето, кои ќе добијат бесмртни тела, од фина, продуховена материја.
Па дали ова ќе биде после Судниот Ден? Затоа што Доколку Судот на Исус е на Судниот ден, ова можеме да го сватиме дека ќе се случи после Судниот ден. Имаме доказ за сето ова во Библијата?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Незнам, можеби погрешно те сватив или не ќе видиме со разјаснување уште на ова прашање. за болдирањето: Дали тоа кажува дека пред доаѓањето на Судниот Ден нема да се спушти Иса а.с./Исус? Немисли дека се правам “тупав“ и за провоцирам нешто, онака те сватив затоа сакам добри дијалози без навреди и караници. Се трудам тоа да го правам и самиот Јас кога одговарам ба биди таков како што досега си бил спрема мене.
Христос ќе дојде на облаците, што значи дека Неговото второ доаѓање нена да биде на самата Земја, како што Он дојде/се роди првиот пат.

Денот во кој ќе дојде Христос, ќе биде денот недела, а тој ден, воедно ќе биде и ден за Судот. Од тој неделен ден, кога Христос се‘ ќе пресоздаде, праведните луѓе ќе стекнат бесмртност и ќе ги немаат познатите потреби како во овој живот. Смислата на животот од тие праведници ќе се однесува на нивниот вечен соживот со Христа Творецот.

Од тој неделен ден, нема да постои денешното Сонце, оти Христос ќе биде новото сонце и од тој ден, нема да постојат денот и ноќта, нема да постои смртта и тагата, луѓето нема да се мажат и женат, нема да боледуваат и умираат, туку ќе живеат слично како и ангелите.
--- надополнето: 8 март 2013 во 10:37 ---
Па дали ова ќе биде после Судниот Ден? Затоа што Доколку Судот на Исус е на Судниот ден, ова можеме да го сватиме дека ќе се случи после Судниот ден. Имаме доказ за сето ова во Библијата?
Имаме: второ Петрово послание, 3.12, или Откорвение, 21.1.
 

Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Христос ќе дојде на облаците, што значи дека Неговото второ доаѓање нена да биде на самата Земја, како што Он дојде/се роди првиот пат.

Денот во кој ќе дојде Христос, ќе биде денот недела, а тој ден, воедно ќе биде и ден за Судот. Од тој неделен ден, кога Христос се‘ ќе пресоздаде, праведните луѓе ќе стекнат бесмртност и ќе ги немаат познатите потреби како во овој живот. Смислата на животот од тие праведници ќе се однесува на нивниот вечен соживот со Христа Творецот.

Од тој неделен ден, нема да постои денешното Сонце, оти Христос ќе биде новото сонце и од тој ден, нема да постојат денот и ноќта, нема да постои смртта и тагата, луѓето нема да се мажат и женат, нема да боледуваат и умираат, туку ќе живеат слично како и ангелите.
Ова го барав пријателче. А дали тој ден НЕДЕЛА е самиот Суден ден? Кога некој нема да УМИРА тоа може да биде единствено откако сите ќе изумрат само БОГ ќе остане Еден и Единстве како ПРВ и ПОСЛЕДЕН од СЕКОГАШ за СЕКОГАШ.

Дали ќе биде дојден СУДНИОТ ДЕН кога Иса а.с./Исус ќе се појави на НЕБЕСАТА според горенаведеното?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Kajgana Shop

На врв Bottom