- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Не би рекол. Евреите под поимот "алмах" подразбираат девица. Алмах значи млада немажена жена, која по дифолт е девица, зашто во спротивно (ако имала секс) би била каменувана и убиена согласно Мојсеевиот закон.Не е девица, оригиналниот збор е млада жена не девица, грчките преведувачи го превеле со девица, си има посебен збор во хебрејскиот за девица (бетулах) посебен за млада жена (алмах) Млада жена може да имала и 3 деца но не е девица, девица си е девица и на 40 години. Различни работи се.
Постојат два збора, затоа што може и постара жена да биде девица, но не може и млада девојка (девојче) да не биде девица, освен ако директно не е посочено дека станува збор за блудница, затоа што млада девојка, која не е омажена во имот на тогашниот човек е чиста девица.
Ниту еден пат, зборот „алма“ во Списите не се однесува на веќе омажена жена.
На пример, истиот збор „Алма“ е најчесто преведен како „девица“ во Песна над песните. Овде младата девојка му се обраќа на момчето:
„Бакни ме со бакнеж на својата уста, твојата љубов е послатка од вино. Мирис на најдобрите мириси, твоето име е разлеано масло, затоа те љубат девиците (алма)“ (Песна над песните 1:3; Библијата)
Доколку овде младите (немажени) девојки не би биле девици, тогаш текстот и не би имал смисла, би ја загубил својата поетичност, затоа што би се воспевала прељубата, блудството - што е малку контрадикторно со понатамошниот тек на песната над песните. Но затоа пак е логично дека убавото момче било посакувано од немажените девојки во тоа време кои што се молеле тој да пушти стројници кај нивниот татко и да побара некоја од нив за жена
Иману-Ел на еврејски значи „Бог со нас“ или „Бог меѓу нас“ - и ова е пророчко име за Исус Кој го направи токму тоа, земајќи човечко тело тој дојде меѓу луѓето и беше меѓу нив.името му беше Исус (Јешуа на хебрејски) не Имануел
Се однесува на место. Се работи за местото Витлеем. А таму стои "Ефратов", затоа што во Израел постојат 2 места под името Витлеем. Едното е ова (кај што е роден Исус), а другото е малку по на југ (под Ерусалим). Види само колку е прецизен Бог во библиските пророштва и не само што го кажува местото каде што ќе се роди Месијата, туку и кажува точно во кој Витлеем ќе се роди, за да нема забуна.Во стариот завет “Вилеем Ефрато“ не се однесува на место туку на особа тоа е Витлеем син на Ефрато
Ете ти доказ дека тие се географски места:
"Така почина Рахила. Ја погребаа покрај патот за Ефрат, односно Витлеем." (Битие 35:19, Библијата)
„Сиот народ што се наоѓаше при градската врата и старешините, рекоа: „Сведоци сме! Господ да даде жената, која влегува во твојот дом, да биде како Рахила и Лија, кои двете го издигнаа Израелевиот дом! Збогати се во Ефрат, а прослави се во Витлеем!“ (Рута 4:11, Библијата)
Патем еве што значи на еврејски името што кај нас е преведено како „Витлеем“:
Витлеем (Бетлехем) = Куќа на Лебот (Исус во евангелијата се нарекува Животодавниот леб, лебот што слегол од небото). Лебото од Небото слегол и се вдомил во место наречено Куќа на Лебот - колку совршено го скроил тоа Бог зарем не?
Точно така. Прочитај го целиот Нов Завет и ќе видиш дека Исус е владетел на Израел - сепак не во таа смисла како што ти мислиш или како што очекувале некои евреи кои дури и го буткале Исус да стане Цар. Но тоа е тврда „храна“ која не можат правилно да ја џвакаат луѓе што не веруваат.(башка према тоа прорштво Исус треба да е владател на Израел)