D
Daedalus
Гостин
Па практично во струки во кои не си стручен до некаде ќе мораш да се потпираш на нив.(скратив малку за попрегледно да е)
Точно. И доаѓаме до муабетот дека се се сведува на консензус помеѓу релевантните авторитети. Ако си дел од нив супер, ако не ќе мораш да му веруваш на тоа што си прочитал.
Но постојат реални и лажни автортети.
Реален авторитет си ако полето во кое си авторитет е релевантно и ако навистина си авторитет.
Ако си лажен авторитет, ондак или си авторитет во друго нешто ама си зимаш за право да коментираш за трето нешто(луѓе што го цитираат Ајнштајн за некоја филозофска квота иако Ајнштајн бил физичар) или пак полето во кое си авторитет е ирелевантно (религија, приказни, психологија ).
Не мора да си поп на пример и да ги знаеш сите пасуси од Библијата за да заклучиш дека не постои Господ.
Е сеа, ако си научник од било кое поле, ќе знаеш како функционира научниот метод (хипотеза, нулифицирање на хипотезата, студии истражувања, теорија). Лесно ќе можеш да приметиш дали нешто е наука или е измислица. Од друга страна освен што ќе се потпираш на авторитети, вториот критериум кој не смееш да го заборавиш е евиденцијата која ја нудат авторитетите.
Ако не ти се понудени квалитетни студии и истражувања со добри показатели, кој сака нека е авторитет, тврдењето нема да му е валидно.
Е сега, имаш научници кои се веродостојни авторитети и сами кажуваат кога евиденцијата е инконклузив, а имаш други кои имааат материјални бенефиции или лични поводи да лажат и тие ќе пробаат да замаскираат. Дури и во круговите на највисоките авторитети од специфична струка, постојат дебати и несогласувања.
Порано и јас го имав впечатокот дека тие горе таму научниците се паметни мудреци кои знаат што зборуваат, али колку пофамилијарен стануваш со научниот метод, толку повеќе ствари ти стануваат јасни. Науката е комплексна а тие научници се луѓе ко мене и тебе, само постручни во некое поле неголи ја и ти. Сепак, ако сакаш да стигнеш до највалидниот аргумент, ќе мораш да се запознаеш добро со темата, па тек после да бараш студии итн. Се зависи од тоа колку време имаш. Ја иам, затоа и се умарам