Шарлатан и популист, како еден куп слични на него по светот. Од неговите клонови во Ј.Америка, па до ликови како Берлускони и Саркози во Европа. Нормално тајмингот и начинот на неговата смрт е одлична шанса за да се направи маченик од него, нешто што останатите шарлатани од неговата банда нема да го пропуштат, за да си го наместат удобно газот на неговото место.
Уште еден фабрикуван култ на личност што ќе им создава дополнителни проблеми и политички тензии на земјите во Ј. Америка, при реализацијата на она што треба да им биде и што веројатно им е целта, создавање на голем економски блок од сите држави на континетот, кој ќе гравитира околу најголемите економии и конечно надминување на тие глупави социјални конфликти влечени низ историјата.
За тоа колку е он поразличен и подобар од "марионетиките" на Американците, нема потреба многу да се зборува, зошто бројките и делата зборат за него. Меѓу најниските просечни стапки на раст во целиот регион, никакви економски реформи, меѓу највисоката стапка на невработеност во целиот регион, меѓу најзадолжените земји во регионот, финансиски систем константно под притисок на високата инфлација, ако не се лажам со втор највисок коефициент на нееднаквост на распределба на доходот (позади другар му Моралес

), никакви инвестиции во национализираните нафтени компании, на кои поради лошото менаџирање и корупцијата константно им се намалува продуктивноста. Тоа е неговата Венецуела, што ја остави позади себе. Држава што е една од најголемите производители на нафта во светот и што има потенцијал да биде една од најбогатите земји во тој регион. Кога ќе го споредиш со останатите негови претходници ќе искочи дека единствена разлика меѓу него и нив е популизмот.
Инаку он беше и меѓу најголемите иницијатори на картелското однесување на Опек во изминатите години. Односно преку договор меѓу сите држави, да се подигне вештачки цената на нафтата на светско ниво, што во денешната економија значи зголемување на цените на све живо во светот. Само Американците го претркаа, со Ирак. Интересно за Ирак е што баш во таа година заради проклетите Американци, Венецуела го има најголемиот раст на Бдп за време на неговото владение, поради огромниот скок на цената на нафтата. Можеби дури и позицијата му ја спасија со тоа. Проклети капиталистички свињи!!
Пристрасноста им влијае на перцепцијата на луѓето за поделбите на капиталистички-империјалистички запад и угнетуван, обесправен југ, или цивилизиран развиен свет и нецивилизирани земји во развој, во зависност од тоа во која група припаѓа поединецот. Реалноста е дека се се сведува на сопствениот интерес. Некој е подобар во негово остварување од некој друг, најчесто заради историските и природните околности во кои егизстира или/и искористување на можностите кои постојат во даден момент, и тоа е тоа.
Кога тие работи ќе се променат, се менува целата структура и морализација, кои биле изградени врз нив. Така било, така и ќе биде.
Ако веќе се бараат по секоја цена херои кои се борат против западниот "империјализам", тогаш барем нека се потенцираат луѓе кои заслужуваат такво нешто. Еве го мојот омилен:
http://en.wikipedia.org/wiki/Deng_Xiaoping
Најзаслужниот човек што моментално Кина ги држи за јајца и Сад и Европа и еден од бројот на лидери, што покажаа како се плива во овој океан со ајкули. Ама он не се сликаше со Марадона и Кастро и немаше Ало президенте програма.