Евтини авионски карти

  • Креатор на темата Креатор на темата Kangaroo
  • Време на започнување Време на започнување
Од Охрид би било многу исплатливо да се направи некоја линија до Холандија зошто постојаните чартери колку што знам се постојано полни има 4-6 линии неделно а се многу скапи, најефтината карта е над 300 евра во еден правец.

Полни се бидејќи се организирани со туристички агенции чиј аранжмани се однапред продадени и тие летови се највеќе ради тоа. За да се уведе лет за Холандија или било која друга дестинација за нон стоп треба и државата малце да се стегне и да работи на тоа ама како што гледам сега за сега само Скопје е фокус. За летна сезона па ќе се активираат тие линии па кој искористи искористи. Друга варјанта што би функционирала на принцип " in another parallel universe " е да постоеше домашен превозник што ќе се обраќа на линија Охрид-Скопје-Охрид за некоја симболична цена и така може да се темпираат со летовите од Скопје. Ама тоа е реално исто како да гледаш Стар Трек :) Еден Ембраер авион би бил идеален за ова.
 
Тоа е многу убава вест :)

Благодарам. Сепак, се додека не е во продажба е само план ;)
Но, во секој случај - со извинување поради јазикот -

Бију Турци, ал бије и Марко :cool:
 
Ако може некој со поголемо искуство на Милано Бергамо аеродромот да ми каже дали за 50 мин ке можам од слетување да стигнам да се прекачам на друг лет. Имено во понеделник сакам да фатам авион што слетува во Бергамо во 07:50 а летот за Скопје со Визз е во 08:40 ? Немам никаков багаж, само ранче до 5кг.
 
Ако може некој со поголемо искуство на Милано Бергамо аеродромот да ми каже дали за 50 мин ке можам од слетување да стигнам да се прекачам на друг лет. Имено во понеделник сакам да фатам авион што слетува во Бергамо во 07:50 а летот за Скопје со Визз е во 08:40 ?

Јас сеа бев , овој викенд што помина . Мислам дека ќе ти биде кнап времево ...
Ја кога слетав , од искачање од авион до излез на аеродром ми поминаа некој 30-40 минути . А аеродромот е мал , немаше шетање , муабетот ми е скоро 90% од ова време ми помина на пасошка контрола .
 
Претпоставувам ти си слетувал од Скопје. Мојава варијанта е слетување во Бергамо од Брисел, и нема пасошка контрола, туку директно се излегува, ама сигурно има пасошка контрола за влез на авионот за Скопје
 
Да ја слетував од Скопје . Е сеа незнам како иде тоа со преместување од еден на друг авион , неам такво искуство . У секој случај ќе ти биде кнап , треба имаш среќа и ич да не ти касни авионот .
 
Очекувајте новости за нова дестинација околу пладне. :D

Да погодам, да погодам - околу пладне очекуваме потврда дека следна нова дестинација ни ќе биде Барселона или грешам? :cool:
 
Или Барселона или Париз. Било кое ми одговара :D

Него едно прашање дечки. Што све можам да носам во малата кабинска торба (онаа за која не се доплаќа). Или поубаво прашано што не треба да носам за да не ми го фрлат?
И дали ако иам парфемче, дезодоранс, паста треба да бидат во пластично ќесе спакувани? Ми се виде нешто такво последниот пат кога летав ама не сум сигурен ако некој знае точно нека каже..
 
Да погодам, да погодам - околу пладне очекуваме потврда дека следна нова дестинација ни ќе биде Барселона или грешам? :cool:

И тата би, сине. (y)

Чекам еден колега да заврши со подесувањето на новите полски линии за се да биде објавено на сајтот во исто време, така што новата дестинација би требало да биде во продажба за едно пола саат.

Која дестинација? Стокхолм.
Ќе се лета два пати неделно, понеделник и петок, а првиот лет е на 3ти Мај.

Таман за Велигден. :cool:
--- надополнето: 6 март 2013 во 12:28 ---
Него едно прашање дечки. Што све можам да носам во малата кабинска торба (онаа за која не се доплаќа). Или поубаво прашано што не треба да носам за да не ми го фрлат?
И дали ако иам парфемче, дезодоранс, паста треба да бидат во пластично ќесе спакувани? Ми се виде нешто такво последниот пат кога летав ама не сум сигурен ако некој знае точно нека каже..

Да не ти прераскажувам - пишува на линкот.

http://wizzair.com/mk-MK/useful_information/baggage
 
Стокхолм? Јок Барса и Парис? :(
 
Или Барселона или Париз. Било кое ми одговара :D

Него едно прашање дечки. Што све можам да носам во малата кабинска торба (онаа за која не се доплаќа). Или поубаво прашано што не треба да носам за да не ми го фрлат?
И дали ако иам парфемче, дезодоранс, паста треба да бидат во пластично ќесе спакувани? Ми се виде нешто такво последниот пат кога летав ама не сум сигурен ако некој знае точно нека каже..
Течности не смееш да носиш во рачниот багаж...
 
Таман почнавме да се спремаме за танц фламенко низ улиците на Барселона, или утринско кафе на Шанз Елизе во Париз и на крај го добиваме Стокхолм, :icon_mrgr:ајде ќе се шетаме низ Гамла Стан
 
Mi treba HITNO , Najhitno....Dali ima nekoj iskustvo so poplnuvanje na bankoven nalog za plakjanje na rezervacija na Wizzair? Kako treba da se popolni?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom