Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

што се однесува до чикарито , на лето најубаво да го шитнеме ... едноставно тажно е да се гледа како вториот најдобар стрелец е резерва на некој кој е предпоследен стрелец во тимот и има повеќе голови само од де геа .
Резерва е на РВП. Не ни заслужуваш реплика, туку ако не ја виде улогата на Велбек на двомечов, кој патем беше најдобар наш играч на двомечов, не можам да ти помогнам.
 
Џабе нема спиење,уште се прашувам каде згрешивмо,многу бргу ни дадоа два гола,цц
 
Ги слушав после утакмица Овен и МекМанаман со анализи. Дискутирале со судии и некои се слагат со црвениот, некои не. Според мене стартот е со отворена копачка и е за црвен картон, но Нани одеше на топка, немаше намера и незнаеше дека ќе има противнички играч така да можеше комотно да досуди жолт картон и играта да продолжи. Немаше да се крева толкава фама исто како што Варане не доби црвен на првата утакмица кога му клизна на Евра како последен играч од одбрана. Турчинот сите ќе го величеа и ова ќе му беше лансирање во "класа судија". Многу брзо ќе се заборавеше целата ситуација. Цел свет го гледаше натпреварот, било дали се фанови на Манчестер или Реал. Натпревар на 21от век. Народот е заситен од Ел Класико, од Манчестер - Ливерпул, од Милан - Интер. Ова беше нешто специјално, еднаш во 10 години. Се до црвениот одеше како подмачкано за нас, Роналдо пресечен, Ди Мариа (втората опасност после Роналдо) повреден и една мака помалку за Евра со жолтиот картон, најбитното имаме гол кој не носи понатаму. Дури и без Руни играта ни беше прекрасна. Но зошто бе турче мораше да не уништиш? 23 години имам, Манчестер ми е главна преокупација, во Америка од работа избегав за да ги гледам во живо, овде од работа сум бегал само ради нив. Си лежам после натпреварот во кревет со насолзени очи и само тоа прашање "Зошто бе турче, што ти згрешивме"? Златна сезона имаме, неможеше нешто подобро да ни се случи и да го поминеме Реал Мадрид. Никогаш сум немал зли намери доколку ги минеме некого да нервирам со тоа дека Манчестер го победи Реал. Едноставно Манчестер го доживувам многу емотивно и само за мое задоволство и среќа го чекав крајот. Факт е дека Реал беше надигран се до црвениот и се одеше во наша полза. Друго што ме мачи е тоа што го прашаа и на Овен: "Најголемата ѕвезда на Англија и на Манчестер не игра на најголемиот натпревар? Како ќе се однесува на утрешниот тренинг и во иднина? Ги одигра сите последователни натпревари во Премиер лигата и Лига на шампиони и сега е изоставен од тимот. Гром од ведро небо. Пред натпреварот прокоментирав дека Фергусон оди со глава во ѕидот играјќи без Руни, но сепак ме демантираше со играта. Затоа не го обвинувам за овој потег, сепак не сум доволно компетентен за да го критикувам најголемиот во фудбалот. Дали доколку го внесеше Руни веднаш после црвениот играта ќе ни беше подобра сега само можеме да погодуваме. Фелан на пресот рече дека е тактичка замисла, само се надевам дека ќе си остане истиот Руни што го имаме и почитуваме и покрај тактиката за овој натпревар. И за крај нека им е честито на Реал и со среќа. УЕФА нека се замисли кога делегира на големи натпревари вакви судии и во иднина помалку вакви грешки. Сепак срамот е нивни.​
Извинете за долгиот пост, ова е од моја гледна точка иако слабо сум активен со коментари.​
 
Тоа е тоа дечки, лоша одлука или не, ограбени или не, веќе не сме дел од ЛШ и колку порано го ставиме тоа позади нас толку помалку огорчени ќе сме. Негативниот ефект од мечот синоќа е евидентен, ама да се надеваме дека поразот ќе делува уште помотивирачки и играчите ќе бидат по одлучни да се освојат двата преостанати трофеи кои се во игра. Јас сум презадоволен од играта на момците. Главата горе идеме понатаму.

Сега најверојатната реакција ќе биде како тоа гневно ќе влеземе против Челзи и како 6-0 има да ги тепаме. Епа баш спротивното треба да се случи. Ладни глави, сконцентрирани и доследно спроведување на тактиката, зошто многу лесно може неделава да се претвори во прав пекол и од надеж за Требл да се претвори во битка за еден трофеј само.

Во нервозата вчера не забележавме дека Заха даде гол и имаше две асистенции за Кристал Палас против Хал (y)

А тоа дека ни се сителе ривалските навивачи на форумов ама ич не ме засега, ние испаднавме точно, ама и нивните тимови не се пласираа понатаму. Со вакво темпо ако се продолжи, едно место во ЛШ на англиските екипи во иднина ќе им биде ускратено. Јунајтед пак ќе биде дел од ЛШ и тогаш, ама погодете чии тимови тогаш ќе стрепат за пласман во ЛШ.

557316_468473239837375_731474927_n.jpg
 
Dali jas sum edinstven shto nejke da ni sudi howard webb?Imam nekoe gadno pretcustvo okolu nego i utakmicata so chelsea ....
 
Резерва е на РВП. Не ни заслужуваш реплика, туку ако не ја виде улогата на Велбек на двомечов, кој патем беше најдобар наш играч на двомечов, не можам да ти помогнам.
ни ти не заслужуваш реплика, велбек изигра што изигра и победивме и тоа благодарение зашто пре-ефикасно добро игра во комбинација со перси фучеа топки за перси асистенции лом го направи а овој е крив што не даде барем 15 гола . впрочем те разбирам да играше чикарито ќе изгубевме вака го тренираме велбек за да стане добар играч . натпревари се добиваат со голови во случајов со промашување и со ефикасно трчање . кога имаш шанса против реал ја користиш а не чекаш на 10тата шанса да дадеш гол .

Сега уште и челзи фали да не плесне од нашата наивност и да се тапшаме по рамо со порака за believe !!!
 
Да замолам некако поголем респект спрема Руни да се има во фан-клубот, можно е?Па јеботе, изиграл толку многу добри големи натпревари, само САФ знае дали е тактика или има некој проблеми со повреда, но да го споредувате Руни со Велбек, или со било кој шпиц во Јунајтед е :facepalm:

И да, тешко спиење оваа вечер.
Ван Преси не треба да се става пред Руни, а не па Велбек. :)
 
Било што било, главата горе...

Ни претстои дуел со Челси, и сега веќе нема калкулации со кој состав ке се игра..
Ке се извади најдоброто што се може, со цел да се земе двојната....

Неколку факти кои што ни идат во прилог;
- Јунајтед е познат по bounce back силата, односно враќање со победа од пораз...
- Не помнам кога последен пат сме врзале пораз со пораз на домашен терен,
- Годинешниов скор на домашен терен ни е феноменален
- Ке играме со најдобриот можен состав зошто нема веќе калкулации
- Челси го имаат Бенитез на клупа
- Челси не одиграа ништо против Сити
- Уморни играчи кај нив зошто истите вртат цела сезона без одмор...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom