Кефир

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
Добра е, имаше околу 3 лажичиња полни и ги бувнав у едно тегло од 2 литра со 1 литар млеко, па ке видиме утре вечер што ке испадне.
 
Добра е, имаше околу 3 лажичиња полни и ги бувнав у едно тегло од 2 литра со 1 литар млеко, па ке видиме утре вечер што ке испадне.
Не очекувај чудо ама јас повеќе јогурт не можам да пијам нити пак кисело млеко. Најубав ми е кефирот. Користи го најмалку 1 месец пред да донесеш било каков заклучок.

Голема финта е да не се измиваат габите кога се ставаат во ново млеко ептен добар се прави така кефирот.
 
Ма какво сака нека биде. Јас го пијам како лек (за високи триглицериди) а башка и вкусен ми е, али и тоа е ок, ја сум ти човек се шо јаде и пие, за тоа и триглицеридите ми се 12,4 :)
 
Ма какво сака нека биде. Јас го пијам како лек (за високи триглицериди) а башка и вкусен ми е, али и тоа е ок, ја сум ти човек се шо јаде и пие, за тоа и триглицеридите ми се 12,4 :)
За триглицериди би ти препорачал да пиеш на сабајле 1 супена лажица масло од ленено семе или ако можеш рибино масло. За 1 месец на контрола како нов ќе бидеш.:) Од кефирот нема многу фајде да видиш во таа насока.
 
Ма пијам и ленено масло насабјел и омега 3 olisalvin навецер а исто така и аронија јадам секое сабајле, па ми рекоа и кефир помагал, така да ништо не губам и него да го пијам. Ај, ке видиме по 1 месец што ке се случи
 
Ма пијам и ленено масло насабјел и омега 3 olisalvin навецер а исто така и аронија јадам секое сабајле, па ми рекоа и кефир помагал, така да ништо не губам и него да го пијам. Ај, ке видиме по 1 месец што ке се случи

И замастена јетра да не имаш? Ако е тоа проблемот имам ептен позитивно искуство на таа област. :)
 
Кефиров тапа кај мене. 24 часа поминаа и абер нема. Млекото мириса на кефир ама уште не е кисело ама баш ич. Ваљда треба повеке време да помине?

И да, истурив пола од млекото така да сега има само пола литар во теглата со едно 2-3 кафени лажичиња кефир па видеќемо сутра вечер што ке биде, пошто прочитав на други форуми дека на 2-3 кафени лажичиња кефир 1 литар млеко многу било.

п.с. постои ли шанса млекото да ми се расипе од стоење или самата маја нема да му дозволи?
 
Добра вест. Кефиров го бидна денеска. Мада јас сакам уште малку да е по кисел така да ке го оставам уште 12-24 часа и мислам дека ке биде тамам. Иначе и мајата гледам бе за 2 дена колку се размножила, мислам дека сега има скоро 2 пати повеке него што беше кога ја ставив.
 
Прочитав за кефирот па морам да прашам. Дали помага за замастена јетра ?Ако некој знае нешто да ми каже и каде можам да најдам? Однапред ви благодарам.
 
Прочитав за кефирот па морам да прашам. Дали помага за замастена јетра ?Ако некој знае нешто да ми каже и каде можам да најдам? Однапред ви благодарам.
Млечен производ не помага баш многу многу за замастена јетра.

Еве ти еден рецепт за одмастување на замастена јетра:

Секое сабајле 1 супена лажица рибји зејтин или ленено семе.

3 пати на ден капсули Milk Thistle јас ги зимав од тука.

Ти гарантирам без разлика колку ти е замастена дека за 1 месец на контрола ќе покаже ептен добри резултати.
 
Благодарам . Таблетиве ги нема кај нас ? Треба да ги порачам од сајтот? И дали може да ги пие дете од 19 год.
 
Благодарам . Таблетиве ги нема кај нас ? Треба да ги порачам од сајтот? И дали може да ги пие дете од 19 год.
Јас пред 4 години ги пиев од оваа фирма и стварно ми помогнаа. Незнам дали има кај нас. Да слободно може да се пијат дури и под 19 години затоа што е природен детоксификатор на јетра. Овие капсули се направени од семе од магарешки трн, на англиски е Milk Thistle.
 
...јас сакам уште малку да е по кисел така да ке го оставам уште 12-24 часа и мислам дека ке биде тамам.

Хммм... 3 дена.

Не ми звучи безбедно. Некогаш може да се деси да се расипе млекото (и да ја контаминираш културата). Ферментацијата е најбезбедна кога е за време од еден ден, така не се дава шанса на конкуренцијата да се размножи пред и побргу од културата на кефирот.

Мој совет ти е да ставаш по пола литар млеко на таква помала количина од маја. И не се секирај ќе нарасне мајата ако и се условите како што треба.


Прочитав за кефирот па морам да прашам. Дали помага за замастена јетра ?
Не знам дали помага конкретно за тоа, ама не верувам ни дека одмага. Кефир во редовна исхрана доведува до подобро општо здравје, па со тоа посредно би требало да помогне конкретно во твојот проблем.

Се е поврзано со се. :)
--- надополнето: 15 март 2013 во 15:52 ---
1. Може препорака за млеко? Или може било какво? Масленост, тетрапак ли да биде, пресно итн...?
2. Доколку има помалку од 1 лажица, што да правам? Пак кефир али да речеме ако е пола лажица да направам пола литар, па се додека не се зголеми итн...?
Тема: Млеко за правење кефир, квалитет и својства на различни брендови

Во првиот пост имаш подетално за односот на маја и млеко, на кратко: „количината на културата да биде од 15-20% па нагоре, од волуменот на млекото„.
Тој однос е релативен за да добиеш кефир по сопствен вкус (покисел/помалку кисел), ама односот мора да биде над 15% маја на 100% млеко. Со помалку од 15% се ризикува да се расипе млекото (и да ја контаминираш културата).
 
Некој да не ја има размножено габава да ми даде, подолго време барам не можам да најдам по пријатели.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom