Нема никој пишано за ова на форумот како се чисте филтерот кога треба да се чисте и на кој начин
За одржавка знам дека на секој 2500км треба да се чисти на 4000км нов филтер
Е сега гледма по јутуб како се чистат филтерите имам две прашања
1. Овој Филтер кој се наоѓа од десната страна веднаш до алспухот за што служи
http://zaslike.com/viewer.php?file=qjodsdip5769jspbzhxp.jpg
2.На мојот скутер нема ваков филтер дали се наоѓа тој на десната страна само е во помала верзија и е спикан некаде хехе
http://zaslike.com/viewer.php?file=cx8h090q5n3lfny59oj.jpg
Ајде ако може некој нека ми помогне
Филтерот е препорачливо на 2500 - 2800км да се исчисти (млака вода, малку сјај/детергент, да се исуши, подмачка и врати). Најубаво е на следното чистење (5000 - 5600км) да се смени филтерот. Е сега, ако падне криза и филтерот да не е оштетен, дупнат или многу замастен, може да се исчисти и да се врати, но јебига, 250 денари секој може да си дозволи на 5000км.
Значи, прво со млака вода замиј го и со сјај убаво истриј го филтерот (пази да не го откорнеш цел). Целта е сите честички на прашина, мрснотии и слично да се измијат добро (можеби ќе треба и два пати да го миеш или да го оставиш да поседи во сјај или детергент). Потоа, на сонце да го направиш барут сув. И обавезно пред да го вратиш, намачкај го со малку двотактол или некое погусто уље за да имаат честичките од прашина и земја на што да се лепат. Секако, има и специјални средства и за одмастување/чистење и за подмачкување по мото продавниците
1. На првата слика неможам баш ништо да видам. Ако мислиш на перката за ладење евентуално...
2. Тоа е исто тип на филтер, ама кај aprilia sr50 piaggio машина. Кај тебе е пикнат доле под страничната пластика. Значи за ова немај гајле.
- Никогаш не ставајте обичен сунѓер како филтер, без разлика колку слично изгледа со оригиналниот! Оригиналниот сунѓер си има определена густина и карбураторот е наштелуван спрема таа количина на воздух што поминува низ тој филтер. Ако ставите друг сунѓер, веројатно ќе треба да се штелува смесата на бензин - воздух бидејќи дво-тактните агрегати се многу поосетливи за оваа работа отколку 4 тактните.