Ај раскажете (ако сакате се разбира) дешавки од стражарењето и воениот рок, како беше кога бевте гуштери, па потоа кога идеа нови гуштери? Многу ми е интересно тоа време кое помина, милион дешавки раскажуваа кога се враќаа на викенд
Од толку многу што не тераа да собираме лисја, пикавци, гранчиња и губре. Кога испаѓав на викенд, во цивилство, ми идеше да почнам да збирам пикавци и лисја од сред улица и да ги фрлам во канта.

Едно попладне кога се враќавме од стрелиште, беше калливо и врнежливо. Перфектно време за да се даваат "отрови", напади од лево, од десно. Тоа ти е со гас маска, да се засолнуваш во ровоите до патот, кал до гуша, башка пузење. Имаше тогаш еден дрвен сандак што требаше некој двајца да го носат. Јас и другарот што бевме во ред заедно си направивме есап, дека ако го носиме сандакот нема да важат за нас "Oтрови" и дека полесно ке ни биде да го носиме тешкиот сандак, отколку да се влечеме по калта. И по првата нареба да ставаме гас маски, ние не ги ставивме. Во наредните 5 секунди, почнаа да ни се дерат како до сега ке сме биле загинати и по казна цели 15 километри носевме на нас гас маски, го влечевме сандакот и пузевме заедно со останатите.

Тогаш сетивме што значи тоа, во војска паметен да не се правиш.

Друга дешавка, се затна вецето на втори спрат во павиљонот, некој го бутнал шишето што беше за нечистите да си мијат гз. И треба некој да го отне.

Од први спрат се извади една цефка и почна да тече гадотии.

Натеравме двајца албанци, толку и беа во водот кај нас да се качат на раменици, и да ја наместат цефката. Немаше тогаш мобилни да снимаме. Ама глетката беше феноменална, двајца албанци, на рамо качени, заштрафуваат цефка, полиени со фекалии, а околу нив 50стина војници се препелкаме од смеа. Не смееа да зборуваат на албански пред нас, па пцуеа на македонски, тоа уште толку смешно.
Дешавки со војската има многу, премногу, мислам дека го памтам секој единствен ден поминат во касарната. Се надевам некој ке објасни како поминуваат првите 24 часа кога влегуваш како гуштер во касарната. По тешко од тоа амин.
ОСТАВ!
