Зошто не си помагаме едни на други?

  • Креатор на темата Креатор на темата LaChupacabraLoca
  • Време на започнување Време на започнување

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Локација
Штипсбург
Мислам дека некои од вас емоцијално ќе се трогнат после клипов :

Зборот ми е, зошто не си помагаме едни на други ? Пример од секој човек да се земат по 1 денар на ден, тоа ќе е 30 денари на месец , што не е ич голема пара запоединецот , но за вакви луѓе е. Замислите си 300 луѓе по 30 денари на месец е 9.000 денари шо е сосема добра помош за таков тип на луѓе.
Е сега тоа може да биде и изманипулирано нели , има мрзи и паразити шо би го искористиле тоа, но тоа може да се средува совнмателна селекција.
Мене лично многу ми е лицемерно тоа што за време на празници некој од политичарите или некоја друга јавна личност ќе излезе на ТВ и пред камери ќе се прчи дека дала некое пакетче од 200 денари за деца-скитници.. Што помош ќе видат тие деца од тоа пакетче ? Додека вака би имале пари и би можеле со тек на време и да застанат на нози , нели ?
Друга работа што ми падна на ум , замислите си ситуација. Македонија има нешто повеќе од 2.000.000 народ. Од секоја фамилија дневно да биде одземан по 1 денар и биде ставан во на сметка која на крајот од секој ден ќе биде донирана на некој случаен граѓанин ..
 
Бидејки сме преголеми егоисти.

не знам другите што прават јас еднаш од жито лукс тетката ми даде лиснато со шунка а јас и побарав само со кашкавал и кога после видов дека има шунка ми се одјаде и сакав да го фрлам ама нешто ми светна во моментот и си реков ќе го дадам на некои уличари и ете ти ги на улицата цигани и им го дадов и влегов у автобус не стигнав да ги прашам како им се свиѓа ама сигурно им било многу убаво
 
SE UBAVO SI KAZA
AMA ZNAES LI TI STO E DANOK?
--- надополнето: 2 март 2013 во 22:47 ---
убава замисла ама неостварлива
 
Колку убаво замислено, браво баш си Тереза :) Знаеш дека не идат така тие работи и не може тоа така?
 
Мислам дека некои од вас емоцијално ќе се трогнат после клипов :

Зборот ми е, зошто не си помагаме едни на други ?

Омг очите ми се насолзија:( Знаеш зашто? Зашто факт е дека луѓето денес,се фокусирани сами на себе,само они да имаат,да се пред другите..Не се џабе важи: Сите сме луѓе,ретко кој е човек. А стварно греота,30 денари на некој ништо не му значат..И сеа баш текна на дедото на автобуска во Скопје што е, што продава паломи,не ни знам дали е веќе жив абе кога ќе го видам секад му давам пари и не му зимам од паломите ццц..лелееј жал ми е стварно кога ќе ми текне на него... :(
 
Зошто луѓето се толку бедни во душа и за секое дело бараат аплауз, а глумат или патриоти или хуманитарци. Тоа се ситни и бедни души кој за секој свој чекор бараат орден за заслуги без разлика од која природа е. Ако му дадат на сиромавиот еден денар он треба на ТВ да каже и да им се заблагодари јавно, за таква хуманитарност или патриотизам станува збор. Не прај ништо ако чекаш аплауз скриј се во некоја глувчја дупка и цркни.
Ме налути сликањето со бездомникот, многу лошо изгледа сета таа слика. Дај му пари и замини човече, зошто нешто би очекувал ако го правиш од срце, лицемери.
 
SE UBAVO SI KAZA
AMA ZNAES LI TI STO E DANOK?
--- надополнето: 2 март 2013 во 22:47 ---
убава замисла ама неостварлива
Данок е легална кражба, на легално заслужениот приход. Држава ти зима дел од парите кои си ги заработил чесно и макотрпно, чисто затоа што и се може.
 
Зошто луѓето се толку бедни во душа и за секое дело бараат аплауз, а глумат или патриоти или хуманитарци. Тоа се ситни и бедни души кој за секој свој чекор бараат орден за заслуги без разлика од која природа е. Ако му дадат на сиромавиот еден денар он треба на ТВ да каже и да им се заблагодари јавно, за таква хуманитарност или патриотизам станува збор. Не прај ништо ако чекаш аплауз скриј се во некоја глувчја дупка и цркни.
Ме налути сликањето со бездомникот, многу лошо изгледа сета таа слика. Дај му пари и замини човече, зошто нешто би очекувал ако го правиш од срце, лицемери.

Точно сликањето и промоцијата малку бодат очи , ама поентата ми беше во намерата и целта , во идејата на таа акција. Од коа видео и случајните минувачи како Анонимните му ставаат пари , и тие ставија по некој денар. Добија инспирација од нив. Малку фали да се покрене некоај таква акција, мала иницијација и да им се помогне на луѓе на кои им треба помош. Шо знаете можда и вие некој ден ќе сенајдете у така ситуација .. Не е прв пат тоа да се случи. Лично знам луѓе кои беа против ваков вид на донирање , велеа дека парите ќе ги користи за алкохол , за дрога итн и не им даваа пари. Меѓутоа дојде ден детето да им се разболе па јавно они да бараат пари за помош преку апел на ТВ ( тогаш уште нетот не беше волку развиено во МК ). Тогаш сакаа помош ..
 
Можеме да помогнеме сите до еден, но што се случува? Се организира хуманитарна акција и излегуваат десет души да донесат стара облека од Кајгана. Се организира протест излегуваат 10 души од кои повеќе жени од мажи. А пвде ќе напишеме десет страни како сите помагаме и даваме и сме добри луѓе и се така по ред. Ич несакам лицемерие, ајде еднаш да неможеш да појдеш или да дадеш пари, ама цело време да неможеш?
Сите овде членови по еден денар да собереме и да му дадеме на дедото во Тафталиџе ако ви текнува ќе завршиме работа. Или на девојката што е бездомник со кучето. Или на некој рандом старец бездомник. Не мора да е и бездомник имаше една жена во години од Гостивар без пари и во ужасно тешки услови имаше акција. Каде сме на дело е прашањето? Никаде у глувчја дупка. И затоа се револтирам на вакви теми за јачање и филмови. Плус кога видов како се сликаат се почувствува бедно и јас самата како човек. Не помагај ако чекаш нешто. Или не збори ако не помагаш некому.
 
Па тоа и ми е поентата !
Викаме дека светот е во економска криза , дека стандардот е низок , дека голем број од населението живее во многу лоши услови, ама не превземаме акции , т.е поконкретни акции.
Можеме многу многу подобро да живееме , зборам и во Македонија и во светски рамки, но постојано гоизбегнуваме тоа , па дури иго влошуваме ...
 
те молам зборувај само за Македонија
 
Себични се луѓето, зошто би се замарале кога може да одмораат. А не е тешко да собереш месечно еднаш пари од сите и да ги дадеш некому. Десет десет, на некој дедо ќе му значат.
Јас лично на млади роми не давам бидејќи сметам дека на тој начин поддржувам изживување врз мали деца, бидејќи нив некој ги тера и злоупотребува. Секој еден денар за нив иде во туѓи раце. Тука државата треба да си превземе и да ги тргне. А додека за стари и хендикепирани немам срце да не им дадам, срце ме заболе и за човекот од клипов какви тажни очи има, како почна да плаче. Али тоа е живот еднаш си горе друг ден си доле, тркалото се врти.
 
те молам зборувај само за Македонија

Зборам за цело човештво , не само Македонија ..

Се уништуваме себеси и светот заради профит ... заради некоја измислена валута ... за наметната вредност ..

Една песна у име на темата :

Многу луѓе за вакви работи би одговориле: "Па зошто јас да давам на некој од мои пари? Ми дава ли мене некој нешто па ја да давам?"
Да, дури и кога се работи за 1 денар, така би одговориле.

Дел затоа што се така учени, дел затоа што не живееле лесно, дел затоа што само јадат бурек, дел затоа што не размислуваат, а дури и кога го праат тоа, мислат само на себе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom