Фарба за коса

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
5-6 години се шатирав, со бланш и неколку фарби во кафени нијанси за да ми се прелива во повеќе бои. Користев поефтини фарби, дека не е значајно да е квалитетна фарбата кога само 10 праменчиња фарбаш. Ама ми здосади и се канев година дена да се офарбам. Се мислев дали светло кафено или потемно како мојата природна боја.
Се решив сепак за потемно, си купив Кене фарба (Keune) кои се фризерски фарби и сега си ја имам природната нијанса :vozbud:
Малку ми се прелива на одредени места посветло поради бланшот што го имам, ама баш и ми се допаѓа тоа, ко нијансирана да ми е. Може за некој месец уште еднаш да се исфарбам, ако ептен ми се приметува бланшот и доста е.
На сите луѓе најубаво ни стои природната боја :pipa:
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
37
Поени од реакции
2
Semi Permanent боја за косаа? Кај може да се најде? и има ли некој испробано црвена кна? Какви резултати добивте и колку време отприлика трае? :toe:
 

Miss Right

happiness machine
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.308
Поени од реакции
142
Semi Permanent боја за косаа? Кај може да се најде? и има ли некој испробано црвена кна? Какви резултати добивте и колку време отприлика трае? :toe:
Црвена кна не ти препорачувам. Нема шанси да ја добиеш нијансата што ја сакаш. Незнам точно колку време трае ама не трае долго. Од кога ќе падне ќе ти остани една грозна кафеаво-црвена нијанса што не личи на ништо, и може да ти седи со месеци. Не се глупирај и земи си фарба :)
 
Член од
24 септември 2009
Мислења
245
Поени од реакции
35
сакам да се исфарбам со кна или колор шампон, со нешто што ќе ми падне бојата пошто сакам да си ја осветлам али не знам на што ќе личам хаха. Може некој да ми препорача нешто? :)
 

Спирка

Чорбаџиска Кучка
Член од
1 октомври 2008
Мислења
394
Поени од реакции
14
Semi Permanent боја за косаа? Кај може да се најде? и има ли некој испробано црвена кна? Какви резултати добивте и колку време отприлика трае? :toe:
Ставив кна пред неколку месеци и ми е сосема во ред, сеуште имам сјај на косата , а и преубаво изгледа на сонце. Треба само да внимаваш како ја приготвуваш, да не измешаш несразмерно и многу е лоша за вадење, бидејќи буквално потоа уште три миења имаш земја низ коса, но според мене вреди да се помине низ тоа - резултатот е фантастичен.
 
Член од
24 септември 2009
Мислења
245
Поени од реакции
35
пробав со колор шампон, земав 2 од palette пошо ми е долга косата и ништо :(
 
T

tinkerbelll

Гостин
trend-up се исто така добри, професионални фарби, италијански се а и не се скапи..
Ми препорача фризерка и веќе некое време ги користам нив, 7.1 (ash blonde), резултатот е добар, добивам природна смеѓо - плава нијанса..
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
37
Поени од реакции
2
пробав со колор шампон, земав 2 од palette пошо ми е долга косата и ништо :(
Кај мене ми фати, ама сеа не можам никаде да најдам колор шампон од Palette.
Каде можам да најдам во Скопјево, било каков црвен колор шампон, или боја меѓутоа да се одмива?
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
фака ли бе колор шампон.? Пошо една другарка се напраила и ништо...

иначе сеа сум ишатирана со бланш и кафеава послветла од мојата а утре планирам пак да одам за да се направам поплава
 

Miss Right

happiness machine
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.308
Поени од реакции
142
фака ли бе колор шампон.? Пошо една другарка се напраила и ништо...

иначе сеа сум ишатирана со бланш и кафеава послветла од мојата а утре планирам пак да одам за да се направам поплава
Колор шампоните не дејствуваат на темна коса. Само за плава коса се, а на кафеава можи само сјај да добиеш. На пример ако имаш кафеава коса и да ставиш црвен колор шампон само на сонце ќе имаш црвен сјај и ништо повеќе. Шо е до мене ни на светла не ти препорачувам да ставаш затоа што ко ќе почни да ти паѓа бојата низ сите нијанси на грди бои ќе поминиш.
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Колор шампоните не дејствуваат на темна коса. Само за плава коса се, а на кафеава можи само сјај да добиеш. На пример ако имаш кафеава коса и да ставиш црвен колор шампон само на сонце ќе имаш црвен сјај и ништо повеќе. Шо е до мене ни на светла не ти препорачувам да ставаш затоа што ко ќе почни да ти паѓа бојата низ сите нијанси на грди бои ќе поминиш.

ок тенкс
 

WildGirl

Lost in the forest ...
Член од
28 јуни 2008
Мислења
636
Поени од реакции
93
Имам природна црвена коса и не сум се фарбала досеа, а за во иднина не знам ... можда ќе ме мавнит нешо в гла ида се исфарбам.:smir:
 
Член од
3 мај 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0
А некој да не слушнал за New Classic Color? Барав Igora Royal 11-1 у КИМ и ми понудија таква, демек таа била... Во право бев што не ја земав или истата е? :cuc:
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
2.504
Поени од реакции
72
Едно прашање... имам природна темнокафеава коса и се офарбав црвена пред еден месец (не ми фати цела коса, ама не е ни толку битно тоа сеа). И веѓите ми се доста темни и стварно смешно изгледаше црвени шишки со скоро црни веѓи, што е и најголемата причина шо ме премислува дали да идам уше еднаш да се исфарбам или да оставам да си падне ова и ко да не било. Е сеа, прашањето ми е дали е добра идеја да ги офарбам и веѓите таа боја (ако екшли може со фарба) или да ги осветлам? Ако има некој искуство со ова да ми каже би била многу благодарна :)
 
Член од
18 јули 2012
Мислења
132
Поени од реакции
47
што не и правев на косата, цела ми е испогорена. Ми беше тешко да ја префрлам од црна на светло, па сега сум црвена. Не користам бланш зашто тоа се темни бои, а се фарбам отприлика на месец - два. Се фарбам цела зашто бојата го губи сјајот со времето. Препорачувам палете, особено овошните и гарниер, ама може и друга фарба да изненади.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom