Договор: Нашите и бугарските писатели ќе се преведуваат едни со други

  • Креатор на темата Креатор на темата Bora Bora
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
Меѓусебна поддршка, соработка меѓу литературните манифестации, преведување дела од македонски на бугарски јазик и обратно се дел од точките во договорот за соработка што во понеделник ќе го потпишат Друштвото на писателите на Македонија и Сојузот на бугарските писатели.
Со документот се планира и учество на писатели од двете земји на литературни конференции и симпозиуми, како и размена на тематски броеви од доменот на периодиката.
Договорот ќе го потпишат претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Раде Силјан и претседателот на Сојузот на бугарските писатели Николај Петев. (y) :cuc: :cuc::cuc:
Toa e neshto mnogo dobro. Sekoja chest! Krajno vreme e da se opoznaeme!
 
Toa e neshto mnogo dobro. Sekoja chest! Krajno vreme e da se opoznaeme!

...Рече човекот кој уште не си го сменил ни аватарот...:tapp:

Како и да е, убаво е да се зголеми културната размена помеѓу Македонија и Бугарија. Јас не знам скоро ништо за современата бугарска книжевност.

Само едно нешто ме чуди. Нели го сметаат Бугарите македонскиот јазик за бугарско наречје? Бугарите обично не преведуваат ни изјави од Македонци на телевизија. Дали ќе се преведуваат само македонски автори од пред балканските војни? :D
 
Факт е дека немаме културна соработка. Не знаеме ништо за нивната кинематографиjа, актери, драми, познати книжевни дела и слично. Тоа што имаме проблеми меѓу нас не значи дека не треба да се опознаеме како два соседни народа.
 
:cuc:
 
Се надевам нема очи да си извадат!:unsure:
 
Ја поздравувам идејата. Нашата држава се наоѓа во таква ситуација да мора да бара и создава пријатели. Ние, за жал, само непријатели си создаваме. За создавање на пријателски и добри односи со Бугарија, добар почеток е соработка во културата. Се надевам дека би дошло и до поинтензивна соработка и на ниво на универзитети. Се сеќавам на едно предавање на Правен факултет, еден мој професор рече дека е навистина штета што немаме соработка со Софискиот правен факултет, уште и кажа дека од нив може многу да се научи.
 
Убава идеја ама тоа нема да се случи, никој во Македонија нема да го дозволи! Ако се дозволи ќе има таква цензура,:confused: нема смисла!
 
Убава идеја ама тоа нема да се случи, никој во Македонија нема да го дозволи! Ако се дозволи ќе има таква цензура,:confused: нема смисла!
Од кај знаеш дека нема да се дозволи. Да не си видовит случајно. Нели според вашиот устав македонскиот бил бугарски дијалект. Зошто би преведувале македонски книги ако се напишани на блгарски дијалект???
 
македонскиот дијалект и македонскиот јазик се различни работи.Днешнијат македонски јазик е книжевна форма на овој дијалект со своја азбука. Луѓето во бугарија разбираат да речеме 80% од денешниот македонски но за 70 години опкружен од српски и харватски и изолиран од бугарскиот е нормално да има зборови кои се различни или веќе не се користат во б'лгарскијат.Самијат факт дека продаваме производи на кои има натписи на денешниот македонски е до нјакаде признавање од наша страна.Проблема ќе дојде од ваша страна ќе биде многу конфузно за вашите научници да кажат дека ќе преведуваат писмата на Георги Делчев, Христо татарчев или Димитар Талев од бугарски на македонски а и работите кои пишува во нив на многу кругови во Македонија не им одговара
 
Се гледа дека немаш поим за македонскиот јазик ама баш ништо. Основата на денешниот литературен јазик се дијалектите од централното наречје т.е. Битолско ,Велешко, Прилепско за да подеднакво се разликуваат и од српскиот и од бугарскиот јазик исто како што Мисирков предлагаше во книгата За македонцките работи.
 
тоа што си напишал е точно, ама нема врска со тоа што јас сум напишал :свиркам:
 
Се гледа дека немаш поим за македонскиот јазик ама баш ништо. Основата на денешниот литературен јазик се дијалектите од централното наречје т.е. Битолско ,Велешко, Прилепско за да подеднакво се разликуваат и од српскиот и од бугарскиот јазик исто како што Мисирков предлагаше во книгата За македонцките работи.
Се гледа дека ти имаш поим,
раскажи по кои карактеристики дијалектите од централното наречје т.е. Битолско, Велешко, Прилепско "подеднакво се разликуваат и од српскиот и од бугарскиот", на пр. дали тие:
1. немаат падежи кај именките како во бугарскиот или имаат како во српскиот;
2. немаат род во множината како во бугарскиот или имаат како во српскиот;
3. немаат инфинитив како во бугарскиот или имаат како во српскиот;
4. немаат глаголска именка од свршен вид како во бугарскиот или имаат како во српскиот;
5. имаат членување како во бугарскиот или немаат како во српскиот;
6. имаат избројана форма за множината како во бугарскиот или нешто друго како во српскиот;
7. формираат компаратив и суперлатив со po- и naj- како во бугарскиот или со различни завршоци како во српскиот;
8. употребуваат кратки дативни заменски форми за присвојност како во бугарскиот или не, како во српскиот;
9. формираат идно време со неменлива честичка + сегашно време (и "näma da" + сегашно време) како во бугарскиот или со сегашно време на глаголот хтети + инфинитив како во српскиот;
10. имаат еднакви завршоци за минато свршено и за минато несвршено време како во бугарскиот или различни како во српскиот;
11. имаат минато-идно време како во бугарскиот или немаат како во српскиот;
12. имаат прекажани форми (за сите глаголски времиња) како во бугарскиот или немаат како во српскиот;
13. имаат несвршени л-форми од свршени глаголи како во бугарскиот или немаат како во српскиот;
14. имаат удвојување на објектот како во бугарскиот или немаат како во српскиот;
15. имаат динамичен акцент како во бугарскиот или pitch accent како во српскиот?
 
Се гледа дека ти имаш поим,
раскажи по кои карактеристики дијалектите од централното наречје т.е. Битолско, Велешко, Прилепско "подеднакво се разликуваат и од српскиот и од бугарскиот", на пр. дали тие:
15. имаат динамичен акцент како во бугарскиот или pitch accent како во српскиот?

Посочените македонски дијалекти ниту имаат динамичен акцент (како бугарскиот) ниту тонски (како српскиот) -- имаат фиксиран. А прават и акцентски целости кои не постојат ниту во спрски ниту бугарски. Нејсе, факт е дека бугарскиот е типолошки посличен со македонскиот отколку со српскиот. Но, мислиш ли дека поради таа сличност просечниот Македонец веднаш се фрла во национално-историски севдах кога слуша или чита бугарски?

Задоволство е кога гледаш Норвежани, Швеѓани и Данци како разговараат секој на свој јазик. Во секојдневната комуникација многу добро се разбираат без превод. Како и ти и јас. Но кога се работи за литература, си се преведуваат меѓусебно. Одамна. Нивните јазици се исто толку слични како македонски и бугарски. Арно ама никој никому не кажува кој треба да биде, како треба да се изјаснува, и кој има копирајт на историските личности или културни дострели. Не одат во ad nauseam дрвења чиј јазик е постар или чија националност е „оригиналната“. Имаат поумна работа.

Бугарите на форумов (и милиони надвор од него) имаат патолошка фиксација врз македонскиот јазик и идентитет. Некои од нив апла селски го прават тоа, а некои глумат научен интерес. Знам дека ти сосема коректно и со најдобри намери пишуваш на форумов. Говорам за другиве де.
 
...Рече човекот кој уште не си го сменил ни аватарот...:tapp:

Како и да е, убаво е да се зголеми културната размена помеѓу Македонија и Бугарија. Јас не знам скоро ништо за современата бугарска книжевност.

Само едно нешто ме чуди. Нели го сметаат Бугарите македонскиот јазик за бугарско наречје? Бугарите обично не преведуваат ни изјави од Македонци на телевизија. Дали ќе се преведуваат само македонски автори од пред балканските војни? :D
Од пред Балканските војни нема потреба да се преведуваат. Тие се си пишувале на бугарски. Станува збор за современи писатели, кои пишуват на современ македонски, а можеби и на албански.
 
Од пред Балканските војни нема потреба да се преведуваат. Тие се си пишувале на бугарски. Станува збор за современи писатели, кои пишуват на современ македонски, а можеби и на албански.

Така си е. На „Кајгана“ историјата е најпрецизната наука. Туку и во други периоди Бугарите немале потреба да се преведуваат со соседите. На пример, во времето на великиот бугарски Хан Аспарух немало никаква потреба за превод меѓу туркиските племиња во Централна Азија, во Мала Азија и Протобугарите во Бугарија. Многу лесно си се разбирале, оти си зборувале туркиски јазици. Немало дури ни литературен превод при бидејќи немале писменост. Али, за тепање, јавање коњи без седло и пљачкање околни земји биле доктори.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom