Боја според тенот:
Црвената коса им прилега на жените чија кожа има розеникава нијанса, русата добро ќе ви стои ако во детството сте биле руси, а кафената дава длабочина
Ако како дете сте имале руса коса, таа боја одлично ќе ви стои и денес, советуваат стилистите. За руса ќе се решите ако можете да си дозволите редовно одржување затоа што израстокот и оштетувањата на неа се мошне видливи. Црвената коса сигурно ќе ви прилега ако имате кожа во розеникава нијанса, а жените со златест или маслинест тен можат да се намачат додека не најдат нијанса која им одговара. Доколку не сакате да бидете во центарот на вниманието одбегнувајте ја црвената - таа привлекува внимание и погледи. За кафена коса решете се ако на вашата природно кафеникава боја и недостасува длабочина или ако имате оштетена коса - кафената боја најдобро одразува светлина и ги прикрива недостатоците.
КАФЕНАТА НАЈЛЕСНО СЕ ОДРЖУВА
Кафената коса најлесна е за одржување, освен ако сте природно светлоруси затоа што тогаш ќе се забележува израстокот. Без страв косата ќе можете да ја боите и дома.
* Нанесувајте многу маскара, најдобро црна, затоа што тоа и дава противтежа на потемната коса
* Поиграјте си со сенките за очи со интензивни бои - добро им прилегаат на бринетите
* Ако поради темната коса изгледате бледо, нанесете малку сјаен бронзер
НА РУСОКОСИТЕ ИМ ПРИЛЕГА БОЈА НА ПРАСКА
Одбегнувајте производи со алкохол затоа што тие ја оштетуваат осетливата руса коса. Платинестите нијанси ретко кому му прилегаат.
* Бојата на праска одлично им прилега на русокосите - пробајте ги руменилата и кармините во тие тонови
* Доколку носите црвен кармин, најдобро е тој да биде полупроѕирен и не премногу интензивен
*
Кафената маскара подобро ќе ви прилега од црната поради помалиот контраст со косата
ЦРВЕНАТА НЕ Е ЗА СРАМЕЖЛИВИ
Косата не смее да биде оштетена пред бојосувањето во црвена затоа што во спротивно црвената мошне брзо ќе избледи. И штетат и јаките шампони. Виолетовите тонови на црвената изгледаат неприродно.
* Одбегнувајте темни сенки на очите затоа што тие се "толчат" со црвената коса
* Руменилото и карминот во розеникави нијанси одлично ќе им прилегаат на црвенокосите жени
* Немојте да ги боите веѓите за и тие да се сложуваат со вашата коса - тоа изгледа неприродно
Извор:
Вечер