Металург обезбеди фајналфор во СЕХА-лигата, славеше на гости против Извиѓач (19-27)
Ракометарите на Металург остварија рутински триумф над Извиѓач (19-27) на гостувањето во Љубушки и со тоа го обезбедија пласманот на фајналфор турнирот во СЕХА - лигата. Лино Червар на овој меч им даде шанса на оние ракометари кои имаа помала минутажа на последните натпревари од ЛШ, Наумче Мојсовски воопшто и не беше на ова гостување поради повреда, но и без него „металурзите“ покажаа дека се многу поквалитетни од Извиѓач.
На овој дуел во составот беше и младиот Бојан Маџобски кој постигна и гол првенец, а најдобар во победничкиот тим беше Тихомир Додер, кој реализира седум погодоци од осум удари.
РК Извиѓач – РК Металург 19-27 (10-11)
Извиѓач: Јарак, Бубало 1, Зелјиќ 7, Бошњак, Мандиќ, Павлак, Бото, Видовиќ 2, Прскало, Борас 2, Шарац, Ереш 5, Шево, Хрстиќ 1, Нижиќ и Папоња 1. Седмерци: 2/4. Исклучувања: 4 минути.
Металург: Станиќ (5 одбрани), Митревски (4 одбрани), Ангелов (4 одбрани), Ракчевиќ 0/1, Левов 2/2, Димовски 3/3, Маџовски 1/2, Вугринец 6/13, Георгиевски 1/1, Козлина 2/6, Маркоски, З.Мојсоски 0/1 и Додер 7/8. Седмерци: 1/2. Исклучувања: 4 минути.