Што бараат атеисти на форум за религија?

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
hellassteel да ти помогнам - атеист си.
Твоето размислување е само барање алтернативна приказна за постанокот и развојот на цивилизацијата, бидејќи си свесен дека актуелната ни на полуретардиран мравојад не може да му се продаде веќе.

Како и да е, приказни како оваа има колку сакаш и морам да признаам дека размислувањето на овие теми е возбудливо. Штета што некои луѓе се ограничуваат на приказни напишани многу одамна, кога во меѓувреме па и денес, луѓето создаваат многу поинтересни, подлабоки, повозбудливи приказни.
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
За разлика од верниците кои имаат докази дека постојат нивните измислени пријатели?

Ние НЕ ВЕРУВАМЕ дека постои бог.
Зошто?
Затоа што нема докази дека постои.

Атеизмот е вера колку што апстиненција е секс поза.

И уште нешто, има голема разлика меѓу овие две реченици:

Атеистите не веруваат дека постои господ. - исправно
Атеистите веруваат дека не постои господ. - неисправно
Ajde vaka prijatele......
Velish deka neveruvash deka Bog postoi.....taka?
Ti postoish li?....
Odgovori i kje ti dadam dokaz deka Bog postoi za da veruvash i vo nego.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Ti postoish li?....
Odgovori i kje ti dadam dokaz deka Bog postoi za da veruvash i vo nego.
Еве јас постојам, дај ми сега доказ дека Бог постои те молам, се изначекав... Вака не сум бил возбуден одамна, дај го доказот па да се запишам во верници и да ги отерам ова атеистиве у три лепе! :)
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Еве јас постојам, дај ми сега доказ дека Бог постои те молам, се изначекав... Вака не сум бил возбуден одамна, дај го доказот па да се запишам во верници и да ги отерам ова атеистиве у три лепе! :)
Procitaj kaj mene vo potpis....ona poslednoto
Pogolem dokaz...zdravje
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Ne donasaj pogreshen zaklucok....
ne e samo toa Bog.....ne trci
Bog e i Do
Bog e i 1 Otecot + 1sinot i+ 1svetiot duh = 1
komplicirano e ova za ateisti malku.....:confused:
Да ама претпоставувам за параноидни шизофреничари е едноставно.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ne donasaj pogreshen zaklucok....
ne e samo toa Bog.....ne trci
Bog e i Do
Bog e i 1 Otecot + 1sinot i+ 1svetiot duh = 1
komplicirano e ova za ateisti malku.....:confused:
Дали е Бог и сармички со лозов лист? многу ми се убај и ако би обожавал неккое надприродно битие би сакал тоа да е во облик на сармичка од лозов лист (па уше со кисело млеко одозгора баш онака како ореол) Дали може талкка ? ај распрашај се
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Да ама претпоставувам за параноидни шизофреничари е едноставно.
Дали е Бог и сармички со лозов лист? многу ми се убај и ако би обожавал неккое надприродно битие би сакал тоа да е во облик на сармичка од лозов лист (па уше со кисело млеко одозгора баш онака како ореол) Дали може талкка ? ај распрашај се
zaspani....ne e moja krivica shto ne razbirate...
e ne e dedo mraz bog...ne vi kazaa dosega?
ushte mislite deka dedo bog e so brada?
aj pijte si vince so sarmata i mozebi posle nekoe kilo vino ke vi se pojavi bog....
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
zaspani....ne e moja krivica shto ne razbirate...
e ne e dedo mraz bog...ne vi kazaa dosega?
ushte mislite deka dedo bog e so brada?
aj pijte si vince so sarmata i mozebi posle nekoe kilo vino ke vi se pojavi bog....
Знаиме дека дедо мраз е свети Никола а не е Бог, прашањето е дали би можел Бог да земе облик на ооогрооомнаа сармичка од лозов лист со кисело млеко одозгора? или е тоа невозможно?
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Знаиме дека дедо мраз е свети Никола а не е Бог, прашањето е дали би можел Бог да земе облик на ооогрооомнаа сармичка од лозов лист со кисело млеко одозгора? или е тоа невозможно?
odi vo apteka, tamu ke ti dadat odgovor i dovolna doza
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
odi vo apteka, tamu ke ti dadat odgovor i dovolna doza
Прав христијански одговор. Дедо боже сигурно сега вели “а бе алал да му е на ѓудјеффо му кажа убо, ми иди сега одма да го земам кај мене!“
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ние НЕ ВЕРУВАМЕ дека постои бог.
Зошто?
Затоа што нема докази дека постои.
Eisenhorn, па ако имаше јасни, недвосмислени и егзакни докази дека Бог постои, тогаш ниту теистите ќе беа верници, ниту атеистите. Едноставно и едните и другите ќе знаеа дека Бог постои.
Од друга страна, ако имаше јасни, недвосмислени и егзакни докази дека Бог не постои, тогаш повторно и едните и другите немаше да има потреба да веруваат, туку ќе знаеа дека Бог не постои. Но, баш затоа што такви „математички“ докази нема, затоа таа дебата постои веќе со векови не само меѓу тинејџерите по форумите, туку и меѓу врвните научници, доктори по наука, нобеловците итн.


Атеизмот е вера колку што апстиненција е секс поза.
Со самото исклучување на Бог, атеистите по дифолт се принудени да веруваат во други работи, како на пример:
- Случајно настанување на Универзумот (или негово вечно постоење)
- Абиогенеза - Случано настанување на животот
- Дарвинизам (дека генетските слепи мутации создале од амеба - човек)
- Натурализам (филозофско гледиште што вели дека природните закони се единствените оперативни сили околу нас и дека не постои ништо повеќе или над тоа, дека тие и само тие се двигатели и креатори на Универзумот)

И уште нешто, има голема разлика меѓу овие две реченици:

Атеистите не веруваат дека постои господ. - исправно
Атеистите веруваат дека не постои господ. - неисправно
Да прашаш некого дали верува дека постојат вонземјани е исто како и да го прашаш дали не верува дека постојат? Овие реторички акробации ги прават атеистите затоа што го мразат зборот „верува“ или „вера“ во релација со нив.
Треба да имаме на ум дека овој збор нема стрикно религиозно значење. Ако веруваш дека Јувентус ќе го победи Манчестер, тоа не те прави религиозен. Едноставно искажуваш свое убедување, своја вера за настанот кој не може да се докаже.
Имајте предвид дека и кога ќе се качите во авион вие покажувате еден вид вера, вера дека на пилотот нема да му се спојат жичките и да ве лупне во некоја зграда. Луѓето знаат да се шекнат и преку ноќ, особено ако немаат некој здрав и цврст темел во својот несигурен живот.
И кога се решавата на хируршка операција вие практикувате вера, затоа што примањето на општата анестезија вие сте целосно предадени на моралот, етиката и знаењето на хирурзите. Во некои болници на запад има опција целата операција да се снима под видео надзор. Но кај нас не е така и можат да ви прават што сакаат. Ако не се разбудите, тие веќе имаат спремно изјава која ќе ги амнестира од одговорност.
И еден куп други случаи можат да се набројат каде што и атеистите и теистите веруваат во едноставните секојдневни активност, затоа нема потреба да се плашиме или гнасиме од зборот вера, затоа што ние живееме со неа. Тетка Вера е наша неизбежна комшика :)
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Со самото исклучување на Бог, атеистите по дифолт се принудени да веруваат во други работи, како на пример:
- Случајно настанување на Универзумот (или негово вечно постоење)
- Абиогенеза - Случано настанување на животот
- Дарвинизам (дека генетските слепи мутации создале од амеба - човек)
- Натурализам (филозофско гледиште што вели дека природните закони се единствените оперативни сили околу нас и дека не постои ништо повеќе или над тоа, дека тие и само тие се двигатели и креатори на Универзумот)
Ова воопшто не е точно.
- За Првата точка морам да ги раздвојам. Случајното настанување е сосем различно од вечно постоење. Зарем твојот “креатор“ не е вечен?
И не мора да е верување во ниедно е двете, може да има претпоставки дека е едното или другото, но верување не е. Барем кај оние атеисти кои им е јасно што е атеизам. За жал има и од тие другите. Кои верата во бог си ја замениле со некоја секуларна вера.
- Абиогенезата.. Има атеисти (во кои сум и јас) кои воопшто не веруваат во абиогенеза, и ја рачунаат абиогенезата еднакво налудничава како и прикаската за креатор.
-Дарвинизам. Веројатно мислеше на Еволуцијата. Тоа се сосема два различни поими. Еволуцијата е движење, промена, Panta rei. И само во таков контекст кој е докажлив е сеприсутна и нема потреба да се докажува. Не е верување. А дали од ова настанало она и како, многу атеисти не ги занима.
- Натурализам. Не така како ти го дефинираш и не може да биде верување, затоа што се постои во во природата, па и енергии, и сили и необјасниви појави за науката (барем засега) Нема ниту верник кој не е натуралист.

Не знам само со која цел сакаш да прикажеш дека и атеизмот е некаква вера, за твоја жал (и на црквата) тоа не ви успева.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ова воопшто не е точно.
- Абиогенезата.. Има атеисти (во кои сум и јас) кои воопшто не веруваат во абиогенеза, и ја рачунаат абиогенезата еднакво налудничава како и прикаската за креатор.
Вака. Нешто може да биде или живо или неживо. Бидејќи овие се исклучуваат, трета опција нема. Законот за биогенеза (од Луј Пастер) вели дека живот настанува само од живот. Абиогенезата вели дека живот може да настане и од неживата материја, како што наводно настанала првата жива клетка. Ако не е веруваш ни во едното, ни во другото, баш ме интересира како ти Атеист веруваш дека настанал животот?

-Дарвинизам. Веројатно мислеше на Еволуцијата.
Мислев тоа што пишав. Не ми се отвара таа неколку пати извртена дискусија тука. Си има посебна тема за тоа.

- Натурализам. Не така како ти го дефинираш и не може да биде верување, затоа што се постои во во природата, па и енергии, и сили и необјасниви појави за науката (барем засега) Нема ниту верник кој не е натуралист.
Мојата дефиниција е слична на оваа:
http://en.wikipedia.org/wiki/Naturalism_(philosophy)

Ако сметаш дека на овој линк не е добро опишано натуралистичкото гледиште, дај посочи некој друг линк. Баш ме интересира да видам како поинаку се дефинира натурализмот.
Поздрав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom