Ние НЕ ВЕРУВАМЕ дека постои бог.
Зошто?
Затоа што нема докази дека постои.
Eisenhorn, па ако имаше јасни, недвосмислени и егзакни докази дека Бог постои, тогаш ниту теистите ќе беа верници, ниту атеистите. Едноставно и едните и другите ќе знаеа дека Бог постои.
Од друга страна, ако имаше јасни, недвосмислени и егзакни докази дека Бог не постои, тогаш повторно и едните и другите немаше да има потреба да веруваат, туку ќе знаеа дека Бог не постои. Но, баш затоа што такви „математички“ докази нема, затоа таа дебата постои веќе со векови не само меѓу тинејџерите по форумите, туку и меѓу врвните научници, доктори по наука, нобеловците итн.
Атеизмот е вера колку што апстиненција е секс поза.
Со самото исклучување на Бог, атеистите по дифолт се принудени да веруваат во други работи, како на пример:
- Случајно настанување на Универзумот (или негово вечно постоење)
- Абиогенеза - Случано настанување на животот
- Дарвинизам (дека генетските слепи мутации создале од амеба - човек)
- Натурализам (филозофско гледиште што вели дека природните закони се единствените оперативни сили околу нас и дека не постои ништо повеќе или над тоа, дека тие и само тие се двигатели и креатори на Универзумот)
И уште нешто, има голема разлика меѓу овие две реченици:
Атеистите не веруваат дека постои господ. - исправно
Атеистите веруваат дека не постои господ. - неисправно
Да прашаш некого дали верува дека постојат вонземјани е исто како и да го прашаш дали не верува дека постојат? Овие реторички акробации ги прават атеистите затоа што го мразат зборот „верува“ или „вера“ во релација со нив.
Треба да имаме на ум дека овој збор нема стрикно религиозно значење. Ако веруваш дека Јувентус ќе го победи Манчестер, тоа не те прави религиозен. Едноставно искажуваш свое убедување, своја вера за настанот кој не може да се докаже.
Имајте предвид дека и кога ќе се качите во авион вие покажувате еден вид вера, вера дека на пилотот нема да му се спојат жичките и да ве лупне во некоја зграда. Луѓето знаат да се шекнат и преку ноќ, особено ако немаат некој здрав и цврст темел во својот несигурен живот.
И кога се решавата на хируршка операција вие практикувате вера, затоа што примањето на општата анестезија вие сте целосно предадени на моралот, етиката и знаењето на хирурзите. Во некои болници на запад има опција целата операција да се снима под видео надзор. Но кај нас не е така и можат да ви прават што сакаат. Ако не се разбудите, тие веќе имаат спремно изјава која ќе ги амнестира од одговорност.
И еден куп други случаи можат да се набројат каде што и атеистите и теистите веруваат во едноставните секојдневни активност, затоа нема потреба да се плашиме или гнасиме од зборот вера, затоа што ние живееме со неа. Тетка Вера е наша неизбежна комшика