Која е разликата помеѓу BDRIP, HDRIP, DVD, DVDRIP и X264?

  • Креатор на темата Креатор на темата ElderWizard!
  • Време на започнување Време на започнување

ElderWizard!

Chosen One
Член од
2 октомври 2012
Мислења
15
Поени од реакции
4
Кога барам филмови често го гледам ова, кој знае нека пиши.
Фала.
 
Кога барам филмови често го гледам ова, кој знае нека пиши.
Фала.
BDRIP ти е рип директно од blu-ray диск, а BRRIP ти е рип од (на пример) 1080p .mkv фајл.
DVDRIP е рип од DVD, a ако стои само DVD во торентот тогаш ти е DVD дискот ставен цел, не-рипуван.
HDRIP ти е рип од HDTV source.
А x264 колку што знам ти е софтвер за енкодирање на видеото.
 
А меѓу DVDRIP и DVDSCR? Во квалитетот на снимка не приметувам некоја разлика а сепак различни имиња?
 
x264 е кодек, не софтвер.

А меѓу DVDRIP и DVDSCR? Во квалитетот на снимка не приметувам некоја разлика а сепак различни имиња?
DVDRIP е рип од официјалното двд.
DVDSCR е рип од неофицијалното издание на двд верзија од филмот. Најчесто излегува месец-два порано и им се разделува на review-ери. Исто така е со послаб квалитет од официјалното двд, и често има порака што излегува неколку пати во текот на филмот, во стил "This movie is a promotional copy, bla bla bla...".
 
А меѓу DVDRIP и DVDSCR? Во квалитетот на снимка не приметувам некоја разлика а сепак различни имиња?
DVDSCR е неофицијално двд наменето само за приватни проекции а не за широка употреба, бааги време пред да има официјална продажба на двд. ако имаш забележано, често на DVDSCR пишува некое предупредување дека е за приватна намена, или има некој дел од сликата кој е заматен - таму треба да стои тоа предупредувањето
 
Треба да се напомне дека не сите скринери се дигитално копирани од изворот.
Практично и нема да најдеш дигитална копија на скринер. Тоа е затоа што намерно им ги даваат примероците само во аналоген облик, филмска лента на пример (може да грешам за медиумот), за да не може да се направи дигитална копија.

Ова во превод значи дека најчесто скринерите ги прават со аналогно снимање на платно со камера. Ова дури и со камерата на статив и во празна кино сала не дава ни приближно сличен квалитет на видео, како што е квалитетот на дигиталната копија. Звукот нешто подобро се дигирализира затоа што аналогниот аудио излез директно (со кабел) се внесува во влезот на аудио хардверот што го дигитализира.
Луѓето што тврдат дека не наоѓаат разлика помеѓу BDRIP/BRRIP и скринер или немаат критериум или гледаат на мали неквалитетни телевизорчиња/монитори (па дури и на такви се гледа разлика). Погледнете само колку лоши детали има во контрастот на темните делови од сликата, и веднаш знаете дека копијата е скринер.

Вчера со колеги го погледав малку Џанго (Разузданиот) на 42" „пролазно„ добар телевизор, од скринер копија. Првата сцена е во ноќни услови и осветлена само од пламенот од неколку гасиени лампи... темните делови надвор од дирекното светло беа темен блур без никакви детали. Делот кога Шулц ги отклучува оковите на Џанговите ноги, на снимката воопшто не се гледа дека окулу глуждовите нема кожа и има само засирена крв а парчиња од одкината кожа висат... Од ова на скринер копијата, на голем телевизор, се гледа само контура на нога, глужд и стопало.

TL DR за оние за кои ова горе им е премногу техничко и неразбирливо: Стрпете се бре пар месеци и сигурно излегуваат рипови од bly-ray со кои скринерите немаат шанси во поглед на квалитет.

А x264 колку што знам ти е софтвер за енкодирање на видеото.
... кодек. Другото е точно.
 
DVDSCR мислам дека го имаат само одреден дел на луѓе кои работат во фирмата... Ама обично на поскапите филмови некој ќе се најде да го стави на торент, па ќе може да се преземе.
Се сеќавам имаше еден случај каде што еден што вака ставил филм, а глумел во една сцена од CSI. :D
 
Треба да се напомне дека не сите скринери се дигитално копирани од изворот.
Практично и нема да најдеш дигитална копија на скринер. Тоа е затоа што намерно им ги даваат примероците само во аналоген облик, филмска лента на пример (може да грешам за медиумот), за да не може да се направи дигитална копија.

А во кој аналоген облик денеска би се дала копија на филм за гледање? (тоа е онаа копија што се дистрибуира помеѓу членовите на екипата за лично гледање, пред да се пушти во дистрибуција)

Инаку се што ќе најдеш на интернет е веќе дигитална копија.
Ова во превод значи дека најчесто скринерите ги прават со аналогно снимање на платно со камера. Ова дури и со камерата на статив и во празна кино сала не дава ни приближно сличен квалитет на видео, како што е квалитетот на дигиталната копија. Звукот нешто подобро се дигирализира затоа што аналогниот аудио излез директно (со кабел) се внесува во влезот на аудио хардверот што го дигитализира.
Ова што го опишуваш е camrip, снимено со камера од кинопроекција. Некои се снимани од седиште, па ќе видиш и некоја глава и ќе чуеш смеење и муабети од публиката, некои директно од позицијата на проекторот.
А истиот принцип се користи и за изработка на официјални блуреј/двд копии од филмска лента, само што опремата е значајно поразлична.
--- надополнето: 26 февруари 2013 во 12:04 ---
Така де, сепак е софтвер... не е хардвер :D Можда требаше да нагласам.
Кодек е, а кодекот може и хардверски да биде :)
 
А во кој аналоген облик денеска би се дала копија на филм за гледање? (тоа е онаа копија што се дистрибуира помеѓу членовите на екипата за лично гледање, пред да се пушти во дистрибуција)

Инаку се што ќе најдеш на интернет е веќе дигитална копија.

Ова што го опишуваш е camrip, снимено со камера од кинопроекција. Некои се снимани од седиште, па ќе видиш и некоја глава и ќе чуеш смеење и муабети од публиката, некои директно од позицијата на проекторот.
Нормално дека на интернет сите фајлови се дигитални. :)

Да појаснам, под дигитална копија подразбирам дека изворот бил дигитален. Ако е снимено од платно за проектирање, тоа е аналогна информација и за да ја ставиш на интернет треба прво да ја дигитализираш информацијата.
Иначе тоа не мора да биде полна кино сала туку поквалитетните копии ги прават и вработени во кината во скроз празни сали, со камерата на статив и со аудио фид директно од проекторот. Неспоредливо поквалитетно (од аматерска снимка во полна сала) ама и споредливо понеквалитетно од дигитална копија, или поточно копија од дигитален извор.

Пак ќе повторам, заради пиратеријата денес не можеш да најдеш дигитална копија односно копија од дигитален извор, се додека не испадне филмот во продажба на Bly-Ray и DVD.

Филмовите не ги пуштаат во продажба на Bly-Ray и DVD барем пар месеци одкако ќе има премиера во кино низ светот. Што е нормално, зошто сакаат да те натераат да го гледаш филмот во кино и да заработат повеќе пари.

Затоа денес не им праќаат на критичарите лични дигитални копии на Bly-Ray или DVD, туку им организираат рани проекции во кино сали. Добитна комбинација, пошто се осигуруваат дека критичарите ќе го гледаат филмот во топ услови а не дома на можеби лош телевизор и на вградено аудио од телевизорот. Добитна комбинација и затоа што нема начин да се направи одлична копија, туку мора да се снима со камера од платно.

Од тука, од вработените во тие кина излегуваат раните копии на филмот. Викај ги скринер или кам-рим како сакаш, пошто и двата назива се точни. :) Или поточно би било кам-рип на скринерот. :-D

Е сега дека не зборам на памет, треба и да демонстрирам практично. Еве пример за два релативно нови филмови: Џанго Разузданиот и Хобитот.
И за двата филма гледам има баш денес излезено неколку ДВД рипови ама не знам дали се веродостојни. Затоа со исклучок на торенти постирани последниве неколку дена, повели најди Bly-Ray или DVD рип. Се што има се скринери кои како и да ги наречат се кам-рипови во основа, што лесно можеш да увидиш со споредба на квалитетот во однос на копија од дигитален извор или со гледање на филмот во кино.

Пак ќе повторам, кој како сака. Некој нема критериум за квалитет и важно му е само да го погледа филмот што поскоро. Секому неговото, таквите нека гледаат лоши копии.
На оние другите срдечно и препорачувам да почекаат копии од Bly-Ray (за поголем телевизор) или DVD (за помал телевизор).
Што не значи дека спектакли како двата наведени филма, Џанго Разузданиот и Хобитот, не вредат 100% да се гледаат во кино. :)
 
Точно е сето тоа што го напиша и се согласувам со тебе, освен во следново:
Пак ќе повторам, заради пиратеријата денес не можеш да најдеш дигитална копија односно копија од дигитален извор, се додека не испадне филмот во продажба на Bly-Ray и DVD.
...
Од тука, од вработените во тие кина излегуваат раните копии на филмот. Викај ги скринер или кам-рим како сакаш, пошто и двата назива се точни. :) Или поточно би било кам-рип на скринерот. :-D
CamRip i SCR се две сосема различни работи. Тоа што го опиша со снимање на филмот со камера во кино сала е Camrip или Тelesync, како што и името кажува, а зависи дали го правел некој од публика или од позицијата на самиот оператор, и е најлошата можна копија.

А скринер е верзија, најчесто од некоја последна фаза на постпродукција на филмот, која се праќа до екипата, дистрибутерите, критичарите и останатите филмски работници, често пати и пред самата премиера на филмот. А бидејќи е копија која ја создаваат авторите, легитимно на постпродуциска опрема, таа е далеку поквалитетна од camrip, иако не така добра како официјалното издание за двд или блуреј, чија што подготовка е поинаква од таа за во кино, бидејќи специјално се прилагодува за гледање на телевизор (различна гама на бои и други останати техникалии)

Бидејќи се праќа на затворен круг на луѓе од филмската индустрија, ретко се случува да протече на пиратската сцена. Ако го нема пиратски да се симне, незначи дека веќе не постои квалитетна дигитална верзија ;-)

А како што напишав и во претходниот пост, двд и блуреј се добива на ист начин како camrip, само што опремата и условите во кои тоа се прави се сосема различни, барем за оние филмови што се уште се снимаат на филмска лента. Уредот е телекино и служи да се префрли филмот од филмска лента во дигитален облик за понатамошна дистрибуција на видео медиум (двд, блуреј). Дали според твојата дефиниција за дигитална копија, овие не се дигитални копии со оглед на тоа дека изворот не е дигитален (филмска лента)??
 
Термоноглогии и дефиниции, направени се луѓето да ги мешаат.
Ама смислата е јасна нели. Убаво напишав дека мислам на копија од дигитален извор (Bly-Ray/DVD) и дека само тоа вреди да се гледа. Се друго е снимано поточно дигитализирано со камера од АНАЛОГНАТА информација, поточно светлината од филмското платно.

факт: кај најголем дел од филмовите денес (ма слободно рачунај СИТЕ фимови), се додека не испаднат тие фимови во продажба на Bly-Ray или DVD... на интернет НЕМА копии на филмот што се од дигитален извор.
Со други зборови нема квалитетна копија што вреди да се гледа се додека не излезе филмот на Bly-Ray или DVD.

Можеш да го спориш ова @moongoses или на дефиниции ќе удриш пак. :)

Е сега дека не зборам на памет, треба и да демонстрирам практично. Еве пример за два релативно нови филмови: Џанго Разузданиот и Хобитот.
И за двата филма гледам има баш денес излезено неколку ДВД рипови ама не знам дали се веродостојни. Затоа со исклучок на торенти постирани последниве неколку дена, повели најди Bly-Ray или DVD рип од овие филмови. Се што има се скринери кои како и да ги наречат се кам-рипови во основа, што лесно можеш да увидиш со споредба на квалитетот во однос на копија од дигитален извор или со гледање на филмот во кино.

Пак ќе повторам, кој како сака. Некој нема критериум за квалитет и важно му е само да го погледа филмот што поскоро. Секому неговото, таквите нека гледаат лоши копии.
На оние другите срдечно и препорачувам да почекаат копии од Bly-Ray (за поголем телевизор) или DVD (за помал телевизор).
Што не значи дека спектакли како двата наведени филма, Џанго Разузданиот и Хобитот, не вредат 100% да се гледаат во кино. :)
Поточно повели најди копија од дигитален извор. Најди скринер или ватевер што дошло од дигитален извор а не со снимање на платно со камера.

:)
 
Термоноглогии и дефиниции, направени се луѓето да ги мешаат.
Ама смислата е јасна нели.
Напротив, дефинициите се направени за да прецизно се одреди значењето на поимите, за да не се мешаат баби и жаби, како ти што ги мешаш.

Јас ја прифатив твојата дефиниција за дигитална копија и ти поставив прашање, а наместо одговор, ти ја повтори твојата теза.

Друг момент, од еден, два или неколку поединечни случаи, ти вадиш општ заклучок.
Ако некој одреден филм го нема да се најде пиратски, незначи дека не постои дигитална копија. Постои, само не протекла на интернет.
факт: кај најголем дел од филмовите денес (ма слободно рачунај СИТЕ фимови), се додека не испаднат тие фимови во продажба на Bly-Ray или DVD... на интернет НЕМА копии на филмот што се од дигитален извор.
Со други зборови нема квалитетна копија што вреди да се гледа се додека не излезе филмот на Bly-Ray или DVD.
Можеш да го спориш ова @moongoses или на дефиниции ќе удриш пак.
Јас имав двд од еден македонски филм, додека истиот уште не беше на кино репертоарот. Лично ми го даде еден од екипата што работеше на постпродукција. Јас можев да го конвертирам во xvid, mp4 или кој и да е формат, и да го закачам на интернет. И така ќе го имаше филмот во квалитетна копија, од дигитален извор, уште пред да заигра на кино. И тоа ќе беше скринер, а не камрип. Од почит кон авторите не го направив тоа.
Да живеев во Холивуд, можеби ќе ги имав во таква верзија и филмовите кои ги именуваш. Како што впрочем и ги имаат многу што се таму. И од исти причини не ги поставуваат на интернет.

Доволно оспорено?

За другите работи, прочитај го претходниот пост, да не се повторувам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom